Мукоски: СДСМ со законот за јазиците прави јазична федерализација на државата

Сакам да ги прашам моите колеги од СДСМ дали воопшто размислиле каков закон воопшто панираат да носат? Ако ВМРО-ДПМНЕ и јас се ставам тука бидејќи и во 2008 и 2012 бев пратеник на два пати се донесе закон за унапредување на правата на етничките заедници, како може да зборувате дека ВМРО-ДПМНЕ  е против Албанците, прашува пратеникот Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Меѓутоа тие закони во себе имаа елементи кои што ги гарантираат правата на сите заедници и тоа се европски признати права и кои што за жал нашите Македонци кои живеат надвор од оваа држава ги немаат никаде. Со овој закон правиме јазична федерализација и зошто во 111 дена трите прашања кои што не се решени 30 години и особено договорот со Бугарија и она што следува за името го продавате, прашува Мукоски.

Тој вели дека СДСМ се откажал од македонскиот народ, јазик и нашето малцинство во пиринска Македонија.

Отец Тодоров: Законот за двојазичност е вовед во подмолно федерална држава

Сите граѓани на Република Македонија треба да се борат за унапредување на личните и колективните права на сите свои сограѓани кои живеат во Република Македонија, но според Уставот и правилата на правната држава, и не смееме да удоволуваме национал – шовинистички желби и закани на некои политички кругови кои во 21 век поттикнати од националниот романтизам се борат за некоја Голема своја држава, во нашиот случај се работи за Голема Албанија, пишува Отец Ивица Тодоров.

Фејсбук статус на Отец Ивица Тодоров од МПЦ:

Членот 1, став (1) до став (4) од ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ е најдиректен вовед во бинационална, скоро подмолно федерална држава со огромни материјални средства издвоени од буџетот на Р. М за негово спроведување и одржување.
Затоа граѓани на Р. М, како Македонци, така и останати, за овој предлог закон да помине треба првин попис на населението, а потоа и референдум!
+
НИЕ СМЕ ГРАЃАНСКА, А НЕ СМЕ ПАРТИСКА ДРЖАВА, затоа МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА ГЛАСОТ НА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ НА Р. М!!!
+
Сите граѓани на Р. М треба да се борат за унапредување на личните и колективните права на сите свои сограѓани кои живеат во Р. М, но според Уставот и правилата на правната држава, и не смееме да удоволуваме национал – шовинистички желби и закани на некои политички кругови кои во 21 век поттикнати од националниот романтизам се борат за некоја Голема своја држава, во нашиот случај се работи за Голема Албанија!
———–
Прочитајте што пишува во Членот 1, став (1) до став (4) од ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ, а ако имате време прочитајте го и целиот предлог закон, но за воља на вистината уште во самиот член 1 се нарушува Уставот на Р. М, а и она што е договорено со Охридскиот рамковен договор:

Член 1

-(1) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

-(2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните
(албанскијазик) исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

-(3) Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции,јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

-(4) Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната
самоуправа.
———-
+ споделувајте, размислувајте и алармирајте+
———
целиот текст на Предлог законот прочитајте го ТУКА.

„Вечерни новости“: Тиранската платформа предвидува федерализација на Македонија која води кон распад на државата

Упорноста на македонскиот народ и истражувањето на јавното мислење кое покажува пад на популарноста на партијата на Зоран Заев кој е спремен да направи компромис врз основа на „Тиранската платформа“, зборува дека има надеж за Македонија и Македонците. ЕУ не покажува единствен став за кризата во Македонија, а колку повеќе времето поминува, толку повеќе е помал просторот за создавање на некаква си гнила коалиција на власт која ја заговараат партијата на Зоран Заев заедно со албанските партии, пишува за Вечерни Новости, Слободан Јанковиќ од Институтот за меѓународна политика и економија.

Роковите за формирање на влада и распишување на локални избори во Македонија се поминати. Кризата која трае од јануари оваа година не се решава и покрај многубројните залагања на американската амбасада и бројните претставници на ЕУ, во Македонија да се избере влада која би делувала против интереси Македонија и Македонците, а која би ги исполнувала желбите на оние кои ја спроведуваат големоалбанската стратегија.

Пред и за време на распадот на СФРЈ бројни странски претставници, меѓу кои и неизбежниот Карл Билт ги нудеа своите „добри“ услуги со веќе познат резултат. Истите тие повторно ги опседнаа Белград и Подгорица и после 2000 година се со цел Сојузна Република Југославија да ја направат подемократска и подобра, па така со нивните совети државата во 2003 година од федерација се трансформира во конфедерација, односно Државна заедница на Србија и Црна Гора. Со асистенција на ЕУ службениците и таа конфедерација дефинитивно пропадна во 2006 година.

Сега од истите тие кругови на Македонија и се нудат „добри“ услуги за надминување на политичката криза. Карл Билт која својата меѓународна кариера ја направи помагајќи во распадот на балканските држави се обидува да продолжи со својот имиџ на „Гробар“.

Билт во јануари предупредуваше дека на Балканот може да избијат војни доколку не се продолжи со политиката на прием на балканските земји во ЕУ.

На ЕУ самитот во март оваа година беше потврден овој негов став. Тој на својот „Твитер“ налог премногу лесно бараше демонстрација на сила на ЕУ на Балканот. Навикнат е неговите ставови да бидат прифатени, сепак тоа не му успеа во Македонија бидејќи Претседателот Иванов одби да го прими, па неговото влијание изостана.

Мисијата на шведскиот и европски дипломат е кординирана со Маја Коцијанчич, односно Европската комисија и словенечкиот кадровик Самуел Жбогар, шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје. Жбогар со голема леснотија при посетата на општина Неготино на 19 април зборуваше дека е дојдено времето да проработат институциите и да се воспостави единство. Она што Жбогар меѓутоа не го кажа е дали всушност е можно единство врз основа на документот кој практично предвидува преуредување на Македонија како држава на два народа, Македонците и Албанците и нејзина идна федерализација.

Таквата федерализација како што не учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

Бриселските демократи и Соросовата мрежа во таа земја се однесуваат како да не го гледаат фактот дека соседна Албанија се поотворено го подржува проектот за создавање на Голема Албанија.

Како да Албанскиот претседател Еди Рама не дозволи поставување на знамето на „природна“ која е всушност Голема Албанија на зградата на резиденцијата и во повеќе наврати зборуваше за можно обединување на Албанија со Косово и Метохија.

Сепак упорноста на македонскиот народ и истражувањето на јавното мислење кое покажува пад на популарноста на партијата на Зоран Заев кој е спремен да направи компромис врз основа на „Тиранската платформа“, зборува дека има надеж за Македонија и Македонците. ЕУ не покажува единствен став за кризата во Македонија, а колку повеќе времето поминува, толку повеќе е помал просторот за создавање на некаква си гнила коалиција на власт која ја заговараат партијата на Зоран Заев заедно со албанските партии.

Арсеналот на совети и заканите од странските „добронамерници“ со самото тоа беспотребно се трошат.

Халили: Груевски нема капацитет да ја федерализира Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, според првиот претседател на ПДП, Невзат Халили, нема капацитет да ја федерализира Македонија.

Белгија до 1970 година беше унитарна држава и претседателот на Владата на Белгија во 1970 година на парламентарната седница му рече на претседателот на Парламентот: „Господине претседателе предлагам во име на белгиската влада веднаш да се стави во постапка законот за Белгија за да се прогласи со Устав и собраниска одлука за федерална држава.“ И сум имал една брошура која ја имам донесено од посетите во Холандија каде се вели: „From Unitary State to Federal Cooperation“ и од тогаш Швајцарија функционира како федерална држава, не како унитарна, ама има просперитет.Јас сум апелирал и кај Никола Груевски да го направи истото да влезеше во историјата, но Груевски немаше капацитет, а нема ни денес за да влезе во историјата, вели Халили за ТВ Лајм.

Во интервјуто за Лајм, Халили посочува дека идејата за Илирида е жива и дека гласовите од референдумот никој не може да ги погази.

Идејата за Илирида е уште жива, како што е жива и идејата за Прешевската долина да се спои со Република Косово. 400.000 гласови од референдумот никој не може да ги погази, затоа што народот е суверен и тој одлучува за се и над 400.000 гласови. Не може никој да ги погази, ниту еден лидер, ниту јас на пример што сум бил некогаш првиот лидер на Албанците и повеќе од 90 проценти биле албански пратеници и други, сите кои што не поддржаа да го одржиме референдумот и нашиот референдум е со доживотна вредност и овој референдум може да се побие само со нов и јас персонално користејќи ја оваа прилика предлагам меѓународниот фактор, ако е на мислењето за тоа што мислат Албанците, може да организира уште еден референдум за декларирање на Албанците, додава почесниот претседател на ПДП.

Халили е роден е во тетовското село Порој во 1946 година и е почесен претседател на ПДП и прв претседател во историјата на таа партија. Во 1992 година се спасил од затвор, за разлика од други функционери на партијата, откако отишол на Косово, а в затвор завршиле генералниот секретар на партијата Митхат Емини и тогашниот заменик-министер за одбрана Хисен Хаскај.

Во пролетта 2001 година Халили се враќа од Косово во Македонија, со намера да застане зад политичките барања на вооружените Албанци за време на воениот конфликт, но тоа завршува безуспешно, по што повторно се враќа на Косово, каде што почнува да работи на формирање Армија на Република Илирида.

Се промовира како политички водач на таа армија, а во 2002 година властите на УНМИК во Косово го уапсиле. Бил обвинет за тероризам, за предизвикување и поттикнување етничко нетрпение и насилство во регионот и за недозволена трговија со оружје. УНМИК кај него нашол и му одзел огромно количество најразлично оружје. Тогашните косовски власти го осудиле на казна затвор од четири години, кои ги одлежал во приштинскиот затвор Дубрава. Ослободен е во јануари 2007 година и се враќа во Македонија.

ЗАЕВ ДОБИЛ НЕДВИЖНИНИ ВО БЕРН: Палевски открива како ја искешира Заев федерализацијата во Швајцарија

Од албанската платформа Заеви се „омрсија со скапи недвижнини во Швајцарија, тврди Љупчо Палевски, поранешен прв човек на градската конференција на СДСМ во интервју за „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија.

Сметам дека се работи за класично корупција, кеш, и тврдам дека е прашање само тоа, бидејќи не гледам никаков бенефит. Албаницте тоа многу вешто го прават, бидејќи тие не се должни да ни помогнат и да поверуваме во нивната намера за права, за нивна позиција, индивидуална, колективна позиција во оваа земја. Не му нудат ништо на Макдонецот за Македонецот навистина да поверува. Едноставно, Албанците барат, а не нудат ништо. Штом не нудат ништо, значи дека сета таа работа е платена, категоричен е Палевски.

Палевски е убеден дека Заев не е сам во зделката, туку со него се и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ, кои имаат сериозна одговорност што молчат додека сето ова се случува.

Некој од нив е пратеник во парламентот,некој чека министерска позиција, меѓутоа, овие моменти кога за формирање влада и потписи за таа влада се разговара за вакви системски и тектонски пореметувања сноси и одговорност!

Канческа-Милевска: Платформата од Тирана е чекор кон федерализација

Тиранската платформа е неуставна. И доколку таа неуставна тиранска платформа се реализира, Зоран Заев го прави првиот чекор кон федерализација на Република Македонија –  вели Елизабета Канческа-Милевска, член на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова.

Според Канческа-Милевска, Заев е заложник на таа платформа и со тоа што тој е заложник на платформата, целата држава ја втурнува во тоа заложништво.

– Самата платформа говори за целосна двојазичност во нашата држава и пред сѐ промена на името по грчки терк. А кога се менува името, станува збор и за менување на идентитетот – рече Канческа-Милевска.

Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата

Професорката Гордана Силјановска смета дека многу делови од платформата го кршат Уставот на Република Македонија. Таа овие ставови ги изнесе во гостувањето во емисијата „Фактор 24“.

За точката од тиранската платформа: „Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на Република Македонија, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ја зајакнува националната рамноправност на албанското население“, професорката Силјановска смета дека е неуставна затоа што се урива принципот на мултиетничноста на државата.

-Албанската нација е државотворна нација и таа државотворност ја реализирала со создавањето на албанската државотворност во 1912 година. Ако зборуваме за мултиетничност, тогаш инсистирањето на бинационалниот принцип, овде (платформата) нема ниту еден збор за другите национални заедници, тука не се споменати ниту Турци, ниту Срби, ниту Роми, ниту Власи, ниту Бошњаци, ги нема. Тогаш како може да збориме за мултиетничност, тоа не е мултиетничност, туку биетничност – вели професор Силјановска.

Професорката напоменува дека бинационалниот концепт само ќе ги продлабочи разликите меѓу граѓаните.

-Јас одговорно тврдам дека бинационалниот концепт секогаш ќе ги продлабочува разликите и ќе доведува до нешто што се нарекува игра на победници и губитници – смета Силјановска.

Силјановска уште еднаш напоменува дека голем дел од одредбите од платформата се надвор од Уставот. Таа тука ја спомена точката од платформата: „Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот“. Таа за оваа точка вели дека е вовед на федерализација на земјата.

Силјановска се осврна и на барањето за промена на симболите на униформите и двојазичноста на банкнотите.

-Барањето за двојазичност на банкнотите или за симболите на униформите е исто така нешто што постои во федерацијата. Симболите многу често повеќе кажуваат од зборовите – изјави Силјановска.

Инаку, професор Гордана Силјановска важи за еден од најголемите експерти и познавачи на уставното право во нашата земја, таа е и професор по предметот Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ.

Сеќавањата на распадот на федеративна Југославија се премногу свежи за некој да ја турка Македонија во федерализација

Прифатената Тиранска платформа е вовед во федерализација на Македонија. Со вакви предупредувања излегоа многу домашни, но и странски експерти кои сметаат дека прифаќањето на платформата направена од Еди Рама води кој распарчување на Македонија.

Професорот Љубомир Цуцуловски смета дека позади доаѓањето на Јоханес Хан се крие целта по секоја цена да се прифати платформата донесена од четирите албански партии. Тоа според него може да биде доста погубно за Македонија како држава.

– Прифаќањето на Платформата скоро извесно води кон распад на Република Македонија по етничка, меѓутоа и по религиозна линија. Тоа значи либанизација на Македонија. Либанизацијата на Македонија ќе значи војна, во која ќе страдаат и едните, и другите и третите… Едноставно, ќе страдаат сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиозна или идеолошка припадност. Стотици илјади луѓе, преку ноќ, можат да се најдат надвор од своите домови, од своите села, од своите градови, бидејќи тоа се последиците на секоја граѓанска и меѓуетничка војна. Тие, според својата логика, водат кон преселби, односно кон размена на населението. После тоа, враќање назад нема, како што ретко кој бегалец се врати во својот дом на просторите од некогашна Југославија, вели Цуцуловски.

Поранешниот белгискиот посредник на Меѓународната заедница за Пржинскиот договор, Питер Ванхауте ја откри вистинската намера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, односно федерализација на Македонија.

Ванхауте за порталот „Medium.com“ напиша дека федерализацијата во деведесеттите била ефикасна алатка за решавање на конфликти, како и дека за Македонија таа би била позитивна работа и оти би создала стабилност.

vanhautee

-Од деведесеттите години, можеме да видиме дека доста често, федерализмот се користи како ефективна алатка за решавање на конфликти. Голема предност е дека заедниците можат да добијат еднакви права и еднаков однос кон централното ниво на владеење. Ова создава стабилност која е многу потребна во земја како Македонија, пишува Ванхауте.

Според него, Тиранската платформа има за цел да донесе добри и ефикасни решенија, додавајќи дека нашиот систем е близу целосен колапс.

Универзитетската професорка, Билјана Ванковска коментирајќи го ставот на Ванјауте пишува дека залагањето за воспоставување федерација токму во миг кога земјата е на коленици потресена од силната криза, создава сомнеж во неговата целокупна претходна мисија што, пак, се надоврзува на тивката поддршка однадвор за таквите чекори, особено од 2004 година наваму.

-Второ, неговите тези можат да се читаат како многу отворено (без ракавици) артикулирање на јавниот дискурс, кој на крајот на денот се сведува на тоа дали е ова вистински миг за воспоставување бинационална држава со озаконување на елементи типични за федерации (двојазични банкноти, униформи во армијата и војската, итн.). Дали можеме да замислиме две републички собранија и едно сојузно (заедно со сето преостанато што би следувало)? Дали ќе бидеме побогати ако издадеме нова двојазична валута? Прашањата се реторички… Нашата црвено-жолтата линија (треба да) се вика демократија, владеењето на правото, институционална кохезија и рационална и компетентна, а не етничка администрација, политичка и правна одговорност на сите (вклучувајќи и на челниците на ДУИ), социјална правда, борба против сиромаштија, напиша Ванковска.

Уредникот во Дневник, Христо Ивановски прашува каков федерализам да и с енасади на Македонија, белгиски, австриски, босанско-херцеговски, венецуелски…?

-Во Генк, Белгија, е роден и Питер Ванхоуте, новинар и политичар, од сите разбран и сфатен, само не и од ВМРО-ДПМНЕ?! Барем така објави тој самиот. Тоа, сепак и не е мала работа, ако најголемата партија во државата ви вели дека не го разбира што сакате, или едноставно не ги сака повеќе неговите услуги како посредник, советодавач или што и да е. Толку беше со Ванхоуте – туркаше до кај што туркаше, за што си земал плата, и енде. Секое давање совети и расчистување од типот што сакав да кажам е во најмала рака непристојно. А, во услови кога во Македонија се крчка политичката криза, тоа значи не само додавање масло на огнот, туку и дотурање мирудии во манџата и тоа мирудии кои еднаш биле отфрлени. Му било кажано – не ги сакаме, не ни требаат. Проблемот е што Ванхоуте цврсто зазел страна чии интереси ќе промовира во Македонја, но тоа не сака да го признае. Вели федерализмот треба да придонесе да се избегне авторитарен систем, при што ВМРО ја дефинира како авториатарна партија што е селективно гледано на нештата. Во Македонија сите партии се изградени според еден ист модел, по еден ист урнек, такви се регистрираат пред органите и сите се авторитарни. Тоа е наша автохтона придобивка, или ти, наследство од социјализмот. Но, кој, каков феделаризам да ~ се насади на Македонија? Белгиски, австриски, босанско-херцеговски, венецуелски…?Или, можеби како што некој рече, а можеби сакал и да цитира – Швајцарија на Балканите? Што од ова да им се накалеми на Македонците? На времето некој предлагаше славо-албанска држава, при што под славо би требало да разбираме Македонци. Иако, овде веќе подолго време токму Албанците се тие кои зборуваат, пропагираат и настојуваат да спроведуваат етноцентризам, и постојано се занимаваат со идентитески прашања, а Македонците погрдно ги нарекуваат Славо-Маќедонас без око да им трепне. Kој ги учи на овие глупости, не ми е познато, иако еден од нивните ментори се огласи како премиер на Албанија, Еди Рама, кој не може да си го среди хаосот во сопствениот двор, а дава совети како да ја „реши“ Македонја, пишува Ивановски.

Ако ова дома не можат или не сакаат да го видат, нагласува Ивановски, и ако четворката од ЕУ заедно со Јоханес Хан денес го стават во графата – „небитно“ – нештата навистина ќе отидат многу подалеку отколку што и најпесимистичните аналитичари и пророци сметаат дека ќе се случат.

СЕЛА СЕ ЗАКАНУВА: Или бинационална држава или Албанците во Македонија ќе формираат федерација! (ВИДЕО)

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, човекот од кого ќе зависи функционирањето на новата влада, Зијадин Села најавува формирање на федерација доколку Македонија не станела бинационална држава.

-Ние во ниту еден момент нема да се откажеме од бинационална држава. Или целосна рамноправност помеѓу Албанците и Македонците или ние Албанците тука сите заедно ќе формираме федерација, вели Села.

Груевски: СДСМ ќе проба на сила да ја истурка платформата во парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никога Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 истакна дека СДСМ има јасен план кога ќе дојде Законот за двојазичност во Собранието.

-Тие планираат да стават таканаречено европско знаменце на законот што значи ограничување на минутажата и бројот на јавувања на пратениците колку долго може да расправаат. Иако тој закон не подлежи под такво европско знаменце. 2008-мата година кога е донесен првпат, немаше европско знаменце, затоа што немаше потреба од тоа, не спаѓа во таква група. Но, сега сакаат да го стават вештачки во таква група и на тој начин набрзина да го поминат. По цена да ги вадат пратениците со полицајци надвор, по цена да влезат и да ја внесат дрќавата во огромен хаос, да апсат. Ќе ги употребат сите методи. Законот не е единствената работа, платформата е јасна – таа се осврнува и на името и на грбот и на државата, на темелите на државата, додава Груевски.