ФОТО: Членови на СДСМ ги враќаат книшките, Темелковски ветил изградба на џамија во Драчево

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, предизвика гнев и разочарување кај партиското членство.

Имено, членови на СДСМ од Драчево се откажаа од своите членски книшки од партијата поради ветувањето на Темелковски дека ќе дозволи градба на џамија.

Со писмени изјави, поголем број на членови на СДСМ, се откажаа од своето членство во партијата и ги вратија книшките. Тие не го кријат револтот што Темелковски од СДСМ за да собере некој глас повеќе на утрешното гласање, вети градба на џамија кај ромското маало.

 

Темелковски империјата ја градат преку криминал, сега синчето Филип треба да врати коцкарски долгови

Транзицискиот олигарх Зоре Темелковски кој како поранешен пратеник и дел од екипата која се занимавала со криминално приватизирање на фабрики, шверц со цигари и нафта, империјата ја гради и преку криминално увезување и продажба на шеќер во државата, зад кое стоеше фабриката за сокови Ино спектар.

Имено во деведесетите години кога повеќето семејства остануваа без работа и големите гиганти се затвораа, таткото на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, Зоре Темелковски ја формираше фабриката за сокови Ино Спектар. Главниот адут за тоа не беа соковите, туку шеќерот кој го увезуваше. Имено во тоа време постоеше шеќерна криза бидејќи за увоз на шеќер имаше висок данок од 25 осто, а доколку се увезе како потрошен материјал за производство на други производи има целосно осолободување од данок.

На тој начин Зоре Темелковски увезува тони шеќер формално под назнаката дека се за производство за сокови, но според количината која ја увезува сосема е уочливо дека не е за тоа, туку за малопродажба. Тој е еден од начините со кои семејството Темелковски дополнително се стекнува со милиони евра профит.

Истовремено фамилијата Темелковски е вмешана и во криминалот со Сведмилк афера во која беше вмешан и Велија Рамковски. Познато е дека Филип Темелковски е заглавен со коцкарски долгови, а кандидарењето за градоначалник на Кисела Вода е начин како истите да ги исплати.

ТАБЛАТА ГИ ОТКРИ: Темелковски и СДСМ во Кисела Вода ќе победеле со чалам и бизнис поддршка, што за некои значи рекет

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на скопската општина Кисела Вода, Филип Темелковски вечерва на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии од средбата со поранешни и сегашни пратеници и кандидати за градоначалници, но притоа таблата во позадина го откри неговиот план за тоа како тој и СДСМ планирале да победат во Кисела Вода.

Таблата од фотографииите објавени на неговиот ФБ профил го откри планот на СДСМ за победа во Кисела Вода. Откако Темелковски увиде дека во позадина на фотографиите е нивниот план, панично ги отстрани истите, но без успех, бидејќи истите оние кои тој ги избриша, ние ги објавуваме поради тоа што одредено време беа достапни на неговиот профил.

Според нивниот план, Темелковски и СДСМ во Кисела Вода ќе победеле со чалам и бизнис поддршка, како што стои на таблата во општинскиот комитет. Чалам, еуфорија и бизнис поддршка, што според некои значи рекет, се дел од она што може да се забележи на фотографиите, кои Темелковски ги отстрани, надевајќи се дека нема да стигнат до очите на јавноста, но за негова жал, безуспешно.

Дополнително, ваквиот план покажува дека во битката за гласови СДСМ и нивните кандидати првично ќе се потпираат на закани со МВР кое го раководи Оливер Спасовски, како и притисоци врз земјоделците и социјално загрозените лица.  Дел од медиумите веќе пишуваа дека СДСМ планира фалсификат на локалните избори со помош на партиската полиција и криминалци од соседството.

По низата антидржавни политики, единствен спас за подобар резултат на претстојните локални избори Заев и СДСМ гледале во злоупотребување на МВР, кое интензивно се партизира од страна Спасовски, како и мафијашкото подземје од Македонија и Косово, кое според одредени медиуми треба да го активира Мухамед Зекири. Целта е полнење на кутии, заплашување на гласачи и операција која Заев ја држел во тајност, а за која самиот велел дека била подготвувана од надвор.