„Фокс Њуз”: Администрацијата на Обама преку Бејли со американски пари ја финансирала операцијата на Сорос во Македонија

Soros-Fox

Од Џудишал Воч во средата соопштија дека го тужат Стејт Департментот и Агенцијата на САД за Меѓународен Развој (УСАИД) за да ги добијат досиејата според кои речиси 5 милиони долари пари на американските даночници отишле за македонската гранка на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, пишува Fox News

Конзервативната група за надзор поднела тужба според законот за Слобода на информациите против Стејт Департментот и УСАИД откако двете не одговориле на барањето од 16 февруари според Законот за слобода на информациите за досиејата поврзани со грантовите и дозволите за исплата, архивата од комуникациите меѓу функционери на Стејт Департментот или УСАИД и Фондациите Отворено општество. Групата исто така побарала пристап до досиејата за преписките пратени од Џес Бејли, функционер назначен од Обама и поранешен американски амбасадор во Македонија и слични тракви досиеја за политичките активности на Фондацијата Отворено Општество-Македонија.

На интернет сајтот на УСАИД е објавено дека меѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 УСАИД дале 4,8 милиони долари, пари на даночниците, на организацијата на Сорос. Сајтот на УСАИД се поврзува со еден од сајтовите на Фондацијата Отворено Општество, на кој пишува дека во рамките на проектот биле обучувани стотици млади Македонци „на теми како слобода на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедлива аргументација и користење на новите медиуми“.

„Администрацијата на Обама, се чини дека ги разбила буџетите на даночниците во напорите да ја финансира операцијата на Сорос“, изјави претседателот на Џудишал Воч Том Фитон. „Стејт Департментот на САД и УСАИД треба да се приберат и да ги разоткријат деталите на Обама-Сорос проточниот вентил“.

Портпаролот на Стејт Департментот изјави за Фокс Њуз дека „Департментот не коментира случаи во судски процес“.

Но портпаролот на Фондациите Отворено Општество изјави за Фокс Њуз дека: „Фондациите Отворено Општество трошат речиси милијарда долари сопствени пари годишно за промовирање на демократијата, човековите права и доброто владеење околу светот. Нашите локални фондации распределуваат само минимална сума американска помош. Кога УСАИД ќе избере национална Фондација Отворено Општество за да ги распореди фондовите на УСАИД – кои потоа одат во НВО-а од тие домени – причината е тоа што имаме репутација за транспарентност, ефикасност и професионализам. Работата што ја поддржува македонската фондација му погогна на македонскиот народ зајакнувајќи ги здравството, образованието, активизмот на заедницата и новинарството во земјата – често во партнерство меѓу Европската Унија, САД и македонската влада“.

Активностите на Бејли и финансирањето на групата на Сорос од страна на УСАИД беа ставени под ревизија на Конгресот кон почетокот на годинава. Републиканскиот конгресмен од Њу Џерси Кристофер Смит ја водеше групата пратеници од Претставничкиот Дом кои упатија до Бејли барање за одговори дали пари на американските даночници биле користени за финансирање на проекти на Сорос во малата балканска земја со конзервативно раководство. Републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли исто така изрази загриженост дека парите од УСАИД одат во Фондациите Отворено Општество на Сорос како дел од поширока загриженост дека американската амбасада зазема страна во партиската политика.

„Примив веродосојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во оформувањето на нејзината медиумска средина и граѓанското општество, често фаворизирајќи групи од една политичка определба над друга“, пишува Ли во неговото писмо од јануари.

Во февреуари, републиканскиот претставник од Тексас Луи Гомерт, Смит и други, ја повикаа Владината Канцеларија за Отчетност да спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт Департментот и на УСАИД во Македонија, вклучувајќи го и финансирањето на телата на Фондациите Отворено Општество.

Според Џудишал Воч, постоело и потенцијално мешање во внатрешните македонски политички работи како потенцијално прекршување на Виенската Конвенција за Дипломатски Односи.

„Џудишал воч“: Бејли и УСАИД на суд поради финансирањето и политичките активности на Сорос во Македонија (ВИДЕО)

Judicial-Watch-press

„Џудишал воч“ објави дека поднеле тужба според Актот за слобода на информации против Стејт департментот и американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) заради податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Македонската организација, дел од фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, примила речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во окружниот суд на САД во округот Колумбија.

Како што информираат од „Џудишал воч“ тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое барале:

– Сите податоци кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања докуманти за финансирање, овластувања на исплата, или слични записи, како и сите поврзани документи и податоци со евиденција на комуникација помеѓу службеници, вработени, или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

– Сите документи и податоци за комуникација помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и службеници или претставници на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата испратена од или по наредба на американски амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.

Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт департментот испратени од сите вработени во Владата на САД или вршители на работа под надлежност на шефот на мисијата на американската амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

На веб-страницата на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012 до крајот на август 2016, оваа организација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на соросовата Фондација Отворено општество- Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации. Веб-страницата на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос (www.soros.org.mk,) и вели дека во проектот биле обучени стотици млади Македонци за тема како што се правото на слобода на здружување, , младински политики, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Во февруари, „Џудишал воч“ објави:

Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува „Џудишал воч“, Амбасадорот на САД, Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари на сметката на фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција.

Еве како функционира тајната операција, според извори во Република Македонија и во САД кои обезбедиле документи за „Џудишал воч“ како дел од тековната истрага. Фондацијата Отворено општество има воспоставено и финансирано десетици левичарски, невладини организации во Македонија со цел да ја урне конзервативната влада. Еден македонски владин претставник интервјуиран од страна на „Џудишал воч“ во Вашингтон неодамна ги нарече „пешадијата на Сорос“.

Пешадијата на Сорос ја сочинуваат младински организации и влијателни медиуми кои организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите на државата и владините политики. Една од овие организации ја преведе на македонски јазик и ја дистрибуира книгата „Правила за радикали“ на Сол Алински, која служи како тактички учебник за субверзивни дејности и радикални улични протести. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој се уште не е разрешен од страна на претседателот Трамп, американските пари продолжиле да течат кон овие групи, за нивни активности и регрутирање, потврдуваат извори во Македонија и во САД.

Според InsidePhilanthropy.com, Фондацијата Отворено општество на Сорос можеби е и најголемата филантропска организација што некогаш била создадена, со филијали во 37 земји. Додека Фондацијата Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарение на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие низ Африка. Буџетот на Фондацијата Отворено општество ќе биде околу 930 милиони долари…

Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето на Фондацијата Отворено општество од страна на УСАИД неодамна се најдоа и под конгресна истрага. На 17 јануари, 2017 година, републиканскиот сенатор Мајк Ли испрати писмо до Бејли барајќи од него да ја објасни врската на Стејт департментот со Фондацијата Отворено општество. На 24 февруари 2017 година, републиканските конгресмени Крис Смит и Луи Гомерт и други побараа одамериканската Канцеларија за одговорност на Владата да се спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт департментот и на УСАИД и можно мешање во внатрешните политички работи во Македонија и кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

– Изгледа дека администрацијата на Обама ги користела парите на даночните обврзници, во обид да го финансира работењето на Сорос. Стејт департментот и УСАИД под администрацијата на Трамп треба се организираат и да ги откријат деталите на врската меѓу Обама и Сорос, изјави претседателот на „Џудишал воч“ Том Фитон.

Србов: Колку американски пари легнуваат на семејниот буџет на Јанева преку нејзиниот син?

Katica-Janeva-sin

Се стеснува обрачот околу чадорот од САД и македонските извршители кои работат под негова команда. Стејт департментот веќе поведе постапка за испитување на галантното финансирање на левичарската СДСМ во Македонија, со пари од американските даночни обврзници, па реку УСАИД и невсладините организациии на Сорос, а историчарот и политички аналитичар Никола Србов, член на СОС (Стоп операција Сорос) на Фејсбук побара ОЈО да покрене истрага против СДСМ, кој годишно СДСМ, само од еден извор, добивал по 2 милиони евра за кампања.

USAID-kampanja-SDSM

Но, во контекст на тоа Србов повика да се испита и колкава сума на пари влегува во семејниот буџет на Катица Јанева од невладини организации преку нејзиниот син и дали тие средства Бејли ги користи како поттик за Катица Јанева да води партиска кампања преку СЈО.

Милчин ја финансира УЧК во Македонија: „Славомакедонците не знаат што се – Срби, Бугари или нешто друго? (ВИДЕО)“

Milcin-Soros-finansiranje-UCK

Национално обединување на Албанците во насока на создавање голема Албанија, негирање на македонскиот идентитет и јазик, впишување на албанскиот како службен јазик на целата територија, ова е крајната цел на тиранската платформа која треба да биде протната преку евентуалната владина коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и останатите албански партии потписнички на платформата.

Уште еден доказ дека оваа стратегија е стара и е помогната директно од Соросовта фондација во земјата, се двете книги објавени во 2008 година: „ОНА – порака и надеж“, напишана од Петрит Менај, учесник во војната во 2001 на страната на ОНА/УЧK, и „ОНА – од битка во битка – недовршени пораки“, чиј автор е Фазли Велиу, еден од креаторите на ОНА, инаку вујко на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во двете е јасно нагласено дека целта е албанскиот јазик да биде официјален во земјата, да се случи национално обединување на Албанците од сите краеви, а речиси секаде во текстовите Македонците се нарекувани Славомакедонци, а државата ПЈРМ или БЈРМ, објави „Дневник“.

Албанците повеќе не можеле да живеат со Славомакедонците

Zekirja-Tahiri-UCK

Дека целта уште на војната во 2001 година е голема Албанија, јасно и прецизно пишува Менај во својата книга во делот каде што ги објаснува причините, односно правците во кои, како што вели, треба да се анализира „доаѓањето на војната“. Kако прво, пишува Менај (на страница 13), тоа е барањето за национално обединување „кое кај секој Албанец никогаш не овена и нема да овене со никакво манипулирање, да имаат своја држава како и сите други цивилизирани нации“. Kако втор и трет фактор Менај ги наведува неуспехот на албанските политичари по мирен пат да ги издејствуваат правата на Албанците во земјата и „губењето на довербата во политиката и корумпираните политичари“.

Последниот правец што го наведува Менај се постојаната соработка и борбениот дух кој непрестајно тлеел уште во времето на кревањето на Албанците за слобода и независност во Прешевската Долина.

Понатаму, зборувајќи за тоа како почна с` во 2001, Менај вели:

– Почетокот на 2001 година покажа дека Албанците не можат да живеат веќе со Славомакедонците како окупирани во своите краишта, туку сакаат да живеат како рамноправни во една заедничка држава.

Во понатамошниот дел од книгата додека раскажува за тоа како течеле битките и комуникацијата со врховниот командант Али Ахмети, Менај во главата со наслов „Завршна фаза“ пишува дека во извештајот на командата на бригадата 112 „Мујдин Алиу“, што го поднеле по повлекувањето на силите од Тетово, идејата за војување во иднина била проширена, а дилемите на основа на кои тоа било одлучено биле:

– Доколку има мир, што ќе постигнеме? Што ќе биде со јазикот, дали ќе стане втор службен? – пишува Менај.

„БЈРМ да биде држава на два народа“

Во вториот дел од книгата се напишани куси биографии на некои од загинатите припадници на ОНА и кај голем дел од нив нагласено е „поради неправдите што ги трпеле од славомакедонските непријатели, како и заради нивните соништа за национално обединување, одлучиле да заминат во војна“. Тоа стои во биографиите на Бурим Хусеини, Фадиљ Руфати и други. Меѓу последните пораки во книгата на Менај е запишано дека само со војување, со јазикот на пушката, може да се добијат легитимните права.

– Самите Славомакедонци не знаат што се Срби, Бугари или некоја друга словенска нација? Војната повторно ќе започне, но народот овој пат треба да го раководат луѓе што се појунаци и поодлучни за да ја тераат војната до конечна победа – се вели во книгата.

Во втората книга финансирана од Соросовата фондација во Скопје – ФИООМ, во која Велиу ги објавува своите белешки, односно дневникот што тој го водел за време на војната, пак, се изнесени целите што ОНА/УЧK се очекувало да ги постигнат. Меѓу главните е промената на Уставот на БЈРМ (како што е и тука наречена Македонија) и да се впише „БЈРМ да биде држава на два народа, албанско-македонски или македонско-албански, албанскиот да биде службен јазик и да се признае слободно користење на националните симболи“.

Proektot-na-ONA

Понатаму, во објавените факсимили во книгата на Велиу јасно се гледа дека целата стратегија за војната и нејзиниот тек се готвела не само на релација Kосово, Албанија, Македонија, ами и со албанската дијаспора – најмногу Швајцарија.

На крајот на книгата се објавени и фотографии од делот од Албанците соработници однадвор.

Сличните цели, односно за создавање албанска Илирида на територијата на РМ, јавно ги призна и албанската пратеничка Месила Дода, која во Пешкопеја ги повика Албанците во земјата да ја земат работата во свои раце.

– Албанците не се плашат од македонската војска бидејќи имаат деца што ќе земат оружје в рака за да се заштитат нивните браќа и сестри во Илирида – порача Дода.

Неколку дена пред нејзината порака, и партнерот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во борбата за добивање мандат за состав на влада, Зијадин Села, отворено ги негира македонскиот народ и идентитет нагласувајќи дека токму Албанците им помагале на Македонците да создадат држава.

– Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај Македонците, Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ – вели Зијадин Села во скандалозната изјава.

Императорот и неговиот Дарт Ведер: Обама преку Сорос го финансира уништувањето на Македонија

Soros-Obama

Зад дестабилизацијата на Македонија која се заканува да доведе до распад на државата, според пишувањето на Вашингтон тајмс, но и според анализите на Џуидишал воч, здружение кое се занимава со надзорот американските надворешни политики и нејзината транспарентност, стојат „Императорот Сорос“ и Барак Обама, пренесува хрватскиот портал Дневно.хр.

Dnevno-Soros-Obama

Луѓето на Сорос се секаде, посебно во државите на Балканот. Во врвовите на париите и владите. Затоа што Балканот не е тешко со пари да се подмитат политичарите. Проблемот очигледно се шири како метастаза, а влијанието на Сорос е се поочигледно. Владите лојални на Брисел и на поранешната влада во Вашингтон се уредно инсталирани секаде, првенствено како брана за ширење на влијанието на православната Русија, која стана непријател на Западот, првенствено поради одбивањето да се покори во културната војна и да ги прифати „вредностите на либерализмот“. Откако католичката Европа е покорена, на ред дојде источното христијанство, но таму работите се малку посложени.

Последната во низата влади на суверени држави во која властите  на САД пробува да ја сруши легитимно избраната власт и да си ги постави оние кои нив им одговараат е Македонија. Покрај промените на врвот во Вашингтон, во Скопје се уште е човек на Обама. Конзервативната влада тука која застапува про-лајф и суверенистичка политика, е нешто што  „Соросовата пешадија“, како што „Washington Times“ ги нарекува неговите платеници по разните невладини организации, кои ги активира на делечинско, по потреба, кога треба некаде да се руши власт или да го помести законодавството во правец на своите интереси, а спротивно интересите на самата нација, тргна во поход на Груевски како би поставиле нова власт. Доколку во таа битка победи Сорос, милијардер, шпекулант и покровител на либералната левица во светот, резултатот ќе биде огромен прилив на мигранти од исламските земји, миграција која тој ќе ја контролира и финансира, како и победа на „прогресивните полтики на мрачниот  император Сорос и неговито Сит Лорд, Барак Обама“, пишува „Washington Times“.

Тие се повикуваат на Judicial Watch, кој се прослави со своите истраги за корупција на странските влади под Обама, а во кои неодамна излезе брилијантна анализа за проблемите на Балканот, во кои се наведува како власта во САД во тајност потрошила милиони долари даночни пари како би ја дестабилизирала демократски избраната десничарска влада во Македонија, здружувајќи се со левичарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос. Таа организација за надзор тврди дека Џес Бејли, од Обама поставен за амбасадор во Македонија, работел позади кулисите со Соросовото здружение „Отворено општество“, како би префрлувал огромни суми американси пари за постигнување на целта, што претставува мешање во работата во внатрешните работи во Македонија и претставува кршење на Виенската конвенција за дипломатските односи.

Владата на Обама активно работеше на поттикнување на племенски и национални судири во Ирак и Сирија, како би пробуткала агендата на Сорос. А Балканот исто има доста фракции, нации и етнички групи, и тука исто така не е тешко да поттикнат судри, особено во Македонија, каде 30% од населението се Албанци. Но операцијата во Сирија не помина баш добро за САД, уствари доведе до губење на влијанието на Блискиот Исток, заедно со пропадната операција во Ирак. А најголема цена за тие операции плаќа Европа, преплавена со милиони мигранти од Блискиот Исток. Таа поплава ја финансира, поттикнува и ја усмерува Сорос. Авторот во текстот пишува дека за ова одамна пишувал, додека тоа уште било во теориите на заговор, а на темел на информации од прва рака, вели дека Соросовите НВО ги усмеруваат мигрантите по одреден пат, така што во одредени држави и градови ги чекаат пари на банкоматите на одредени банки, кои го подигнуваат од картичка, со упатство како да ги излажат миграциските власти и да добијат азил.

Овој пат слично сценарио и се спрема за Македонија, овој пар со потпора на етничките Албанци и социјал-демократиет во Македонија, кои склопија сојуз против победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Некои конгресмени во САД веќе поставија прашање за кризата во Македонија, но новата власт на Трамп, со нив засега не се занимала, затоа што имаат други приоритети. Во меѓувреме, луѓето на Сорос и Обама активно работат на креирање хаос, што она што иначе го прави Сорос.Додека Демократите во САД пробуваат да ги осуетат плановите на Трамп на сите можни начини, со доста успех ги спречуваат неговите кадри да ги превземат позициите, нивната стратегија станува се поочигледна. Да се минира конзервативната револуција во САД и во другите делови од светот, колку што е можно, да се саботира се што конзервативците од Трамп до Орбам пробуваат да направат, и постават свои луѓе на власт каде што е можно во светот. Тоа секако значи да се завојува со Русија по секоја цена.

Седуммина републиканци од Конгресот, вклучувајќи го Кристофер Х. Смит од Њу Џерси, Роберт Б. Алтхонд од Алабама и Трент Франкс од Аризона, напишаа писмо до надзорното тело, кое проверува коко се трошат парите од даночните обврзници, во кое изразуваат загриженост околу тоа како се трошат парите во Македонија, и на што. „Слушнавме веродостојни известувања, дека во минативе две години американската амбасада во Македониј активно интервенирало во партиската политика во Македонија“, пишуваат законодавците, како и обликување на медиското опкружување и цивилното друштво на непримерен и пристрасен начин. Според тие известувања, нивната дипломатска мисија во Македонија, конзистентно ја поддржува партија, медиуми и невладини организации од левицата. Тоа не е забрането само со Виенската конвенција, туку и со американските закони.

Изгледа дека прилично јасно дека амбасадорот Бејли ги прекршил правилата. Тие од новиот министер за надворешни работи на САД. Рекс В. Тилерсон бараат да ги искорени луѓето на Обама од дипломатијата, особено од Балканот, каде постои посебно плодно тло за армијата на Сорос, на кое тој може лесно да ги оствари своите злобни планови и да предизвика војна, патење и битки какви предизвика и на Блискиот исток, со реперкусија за земјите од ЕУ, како Германија и Шведска, во кои би се слила река мигранти, овој пат Албанците (важно е миграните да не се христијани, затоа што не треба да заборави, темел на делувањето на Сорос е дехристијанизација на Европа, и затоа толку му значи затрупување на истата со мигранти. Затоа ЕУ и не ги прима азилантите од Украина, каде стварно имаше војна, но ги прима од Мароко и Тунис каде нема војна), пишува весникот.

Дали досега видовме доволно плодови од Соросовите напори ширум светот, во вид на деструкција, војни, масовни емиграции, разорување на сигурносните и социјалните состави на Западот, мртви деца од сплавови? Или ќе имаме реприза на Балканот: Америка, која беше светилник на слободата, под Обама стана своја спротивност, оформувач на диктатури и војни, користејќи притоа како сојузници користејќи богати и манипулативни сојузници како Сорос и идеолошки фантазирани идиоти на Западот. А да не говориме за Русија, во случајот за рушење на Груевски сигурно не би останала на страна, како ниту Србија, која би се нашла загрозена со створувањето на проалбанска влада во Македонија, каква што буткаат Сорос и амбасадорот на Обама, завршува „Washington Times“.

Србов: Како парите на УСАИД завршуваат во СДСМ?

USAID-SDSM-pari

На Фејсбук страната на Американската Амбасада во Македонија последниве денови можеме да забележиме зачестени објави со графикони кои укажуваат каде биле трошени средствата од УСАИД кои влегуваат во Македонија. Не е јасно зошто токму сега има ваква отчетност, можеме само да претпоставиме дека тоа е резултат на информациите кои велат дека Стејт Департментот ќе отвори истрага токму на оваа тема, но нејсе, и покрај тоа, повторно немаме детален преглед каде се трошени средствата туку имаме само поделба по сектори.

За да се дојде до информација каде навистина се трошени средствата од УСАИД потребно е многу истражување и споредбена анализа на информациите од повеќе извори бидејќи тие честопати се контрадикторни едни со други.

eden

Финансиите кои САД ги има инвестирано во Македонија преку УСАИД се импозантни и јас лично сум пресреќен што нашата држава добиваше таква поддршка во минатото. Но, не може а да не се забележи дека последните 4 години средствата кои пристигнуваат од даночните обврзници на САД директно или индиректно се користат во полза на политичка партија во државата.

За вмрежаноста на УСАИД Македонија со Сорос досега имавме пишувано и зборувано во многу наврати со конкретни примери. За да бидеме доследни во изнесувањето факти, тука ќе потсетам на само уште еден од многуте примери. Станува збор за 27 грантови доделени на граѓански организации во јануари 2015 година во висина од 868.670 долари. На конкурсот се пријавиле 151 граѓанска организација а средства добиле 27 организации, и по некоја „случајност“ станува збор за организации кои подоцна беа дел од „Граѓаните за Македонија“ – коалиција на СДСМ со соросовите организации. Меѓу другите, од даночните обврзници на САД, пари добила „ЦИВИЛ“ на чие чело стои Џабир Дерала кој е еден од најгласните членови на „шарената револуција“. Како што може да се види, „ЦИВИЛ“ преку ФООМ е директно финансирана од УСАИД, од она што можеме да го согледаме во јавност лесно е да се востанови дека „ЦИВИЛ“ и Џабир Дерала најпристрасно поддржуваат една политичка опција во Македонија.

Сепак, не е воопшто спорно што Дерала поддржува некаква политичка опција, тоа е легитимно право на секој човек, но не е дозволиво капацитетите на невладината да ги подредува во полза на политичка партија бидејќи тие капацитети се стекнати од УСАИД, од пари на даночни обврзници. Само за потсетување, на денот на изборите, Џабир Дерала во многу наврати излегуваше на прес конференции и алармираше за наводни нерегуларности, за на крај, ваквите наводни нерегуларности да ги сведе на изборните места каде што СДСМ имаше таргетирано да се прегласува и за кои имаше поднесено приговори до ДИК. Истата „ЦИВИЛ“ на Дерала како свој експерт го има Сашо Ордановски кој преку своите анализи, поставени во видео формат на страната на „ЦИВИЛ“ често пати шири говор на омраза, но за тоа во друга прилика.

dva

Сумите кои ги гледате на графичкиот приказ се финансиите кои УСАИД директно ги врбизгала во соросовата ФООМ во периодот 2013-2016, без да се вклучени во нив финансиите кои УСАИД ги префрла на организации кои се под капата на ФООМ. Токму заради ова, Конгресменот Трент Франкс, најавувајќи ги новите истраги на Генералниот инспекторат и Генералната канцеларија за сметководство на САД, изјави дека е недозволиво американски пари да одат во организации поврзани со Џорџ Сорос. Тоа едноставно не е принципиелно. На ова се надоврза и Стив Бенон, најбликскиот соработник на Доналд Трамп, кој започна да се интересира за соросовите организации во регионов и како тие се вмрежени со УСАИД.

tri

Анализирајќи го посредното финансирање на Сорос во Македонија од страна на УСАИД, можеме да заклучиме дека во 2015/2016 година овој тренд се зголемил и било избегнато директното префрлуваање парични средства на сметката на ФООМ од страна на УСАИД.

cetiri

ПАТОТ НА ФИНАНСИИТЕ

Како завршуваат паричните средства на даночните обврзници на САД на сметката на една политичка партија во Македонија? Соработката помеѓу УСАИД и Сорос веќе ни е позната, но интересена е шемата по која парите завршуваат во СДСМ.

pet

УСАИД по основ на донации за проекти префрла парични средства на сметката на ФООМ. Од тука има разгранување, два правци кои водат до иста цел. Првиот е, ФООМ префрла средства на три Авторски агенции, од авторските агенции средствата се префрлуваат на сметките на активисти кои ги гледавме на сите протести организирани од СДСМ. Вториот правец е, ФООМ префрла пари на нејзините организации ќерки, а тие во вид на хонорари ги префрлаат на активисти. Активистите кои добиваат парични средства од Авторските агенции подоцна се појавуваат како донатори на политичката партија СДСМ.

Сето ова отвара сомнеж дека се врши злоупотреба на парични средства кои САД со децении ги доделува за развој на државите, меѓу кои и Република Македонија. За жал, наместо овие парични средства да беа користени за унапредување на нашето општество и за зближување на двете земји и народи, тие беа користени за наше општествено, економско и безбедносно уназадување преку создавање на политичка криза во државата. Јас се надевам дека новата администрација во САД ќе го спроведе она што го вети, ќе ги пресече сите дејствија кои создаваат јаз помеѓу САД и нејзините партнери низ светот. Време е нештата да се променат и заедно со САД да растат и нејзините партнери.

Никола Србов

Fox News: Стејт департментот го испитува американското финансирање на групите на Сорос Македонија

Fox--news-Soros

Џорџ Сорос го привлече вниманието на Американскиот конгрес со своето мешање во внатрешните политики на европските држави. Американскиот законодавен дом започна да поставува прашања дали Сорос користел државни пари за да ги финансира своите проекти во Македонија, објави најгледаната телевизија во САД „Фокс њуз“.

Републиканецот Кристофер Смит, заедно со уште неколку претставници на законодавниот дом испрати писмо до амбасадорот во Македонија Џес Бејли, кој беше поставен од Обама, во кое се бараат директни одговори. Сенаторот Мајк Ли исто така изрази загриженост за парите од УСАИД кои одат во соросовата фондација „Отворено општество“ и кои се се користат во поинакви цели од тие за кои се наменети.

-Имам добиено веродостојни извештаи, кои покажуваат дека во изминатите неколку години американската амбасада и Сорос активно се имаат мешано во внатрешната политика на Македонија, нејзините медиуми како и граѓанското општество, често фаворизирајќи една политичка партија на сметка на друга, пишува Ли во неговото писмо упатено до Стејт Департментот, пренесува „Фокс њуз“.

„Фокс њуз“ ја пренесува и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој истакна дека Сорос има одлучувачко влијание во внатрешните политики на Македонија.

-Македонија е мала, конзервативна земја, со данок само од 10%. Нејзината филозофија е мала, но ефикасна влада, на чие чело се наоѓа козервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која топло го поздрави изборот на Трамп со надеж за подобра соработка со него, пишува Fox News.

Fox-news

Кабинетот на Сенаторот Мајк Ли неодамна се сретна со преставници на македонскиот парламент, кои му предадоа писмо од граѓанска иницијатива наречена „Стоп Операција Сорос“, во кое се наведува дека со американски пари се финансирани левичарските партии во Македонија, кои предизвикаа нереди и протести на улиците низ главниот град.

Во своето писмо, сенаторот Ли прашува дали мисијата на Америка во Македонија ја има селектирано фондацијата „Отворено општество“ како најголем имплементар на проектите на УСАИД во Македонија и дали таа група има политички интереси во Македонија.

Помеѓу 2012 и 2016 година, УСАИД даде скоро 5 милиони долари на Фондацијата „Отворено општество“, со кои се тренираа стотици млади Македонци за млад активизам и користењето на новите медиумски инструменти.

Во врска со Сорос и начинот на кој тој ги користи парите од УСАИД, републикаскиот конгресмен Смит изјави “едно е да бидеш набљудувач на избори, која е многу чесна и одговорна функција, да бидеме сигурни дека ќе се одржат слободни и фер избори, но сосема е спротивно да се подржуваат некои партии, кои Сорос и неговата екипа сакаат да ги видат на власт во таа земја“.

„Фокс њуз“, исто така пишува и дека влијанието на Сорос не е само во Европа, либералниот бизнисмен исто така врши притисоци и организира демострации и протести и внатре во Америка. Загриженост за влијанието на Сорос неодамна изјави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја обвини неговата империја за финансирање на конфликтите во Европа.

Прогласот на Mакедонците од САД за прекин на финансирањето на СОРОС преку УСАИД

Makedonci-SAD-Tramp-1

На собирот пред кулата на Доналд Трамп во Њујорк, Македонците од САД прочитаа проглас во кој се изразува поддршка на идниот претседател, и од него се бара да ја смени досегашната политика на претседателот Барак Обама, кој ги финансираше и политички поддржуваше активностите на Џорџ Сорос во Македонија.

-Драг претседателе Трамп, ние, Американците со македонско потекло, ви честитаме на изборот. На нашата матична земја Македонија и е потребна вашата помош. Ве повикуваме да ги заштитите Македонија и македонската демократија од Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос. Преку американската амбасада во Скопје, пари од американските даночни обврзници се даваат за отворено поддржување на радикалните и честопати насилни активисти на Сорос. Администрацијата во заминување, преку амбасадата на САД, направи фондацијата на Сорос да биде главен извршител на проектите на УСАИД и на американската Влада во Македонија.

Фондацијата на Сорос е озлогласена по обидите да ги спроведе радикалните политички ставови на овој милијардер. Резултатот на оваа активност беше насилство против македонската полиција и насилни протести во многу македонски градови. Ние сме тука во поддршка на независноста на Македонија, членството во НАТО и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за силното пријателство со Соединетите Американски Држави. Ви благодариме претседателе Трамп. Нека Господ ги благослови Македонија и Соединетите Американски Држави, пишува во прогласот.

Народот прашува дали со црни пари се финансира целокупната кампања на СДСМ?

zaev-miting-albansko-zname

Народот прашува дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос

Колку пари чини кампањата на СДСМ и кој сѐ ги финансира скапите партиски активности, освен невработените претставници на Шарената револуција кои се најдоа на избирачките листи?

Начинот и изворите на финансирање на СДСМ сѐ повеќе се наметнува како сериозно прашање на кое ќе мора да одговори Зоран Заев по изборите, со оглед на фактот дека денеска завршува изборната кампања, а од ноќеска почнува изборниот молк.

fotelja

Како и да е, сомневањата дали Заев и СДСМ ја финансираа кампањата со легални или со црни пари нема да останат заборавени и по изборите во недела.

Плакати на албански јазик во Дебар

Јавноста повеќе од сигурно е дека ќе се интересира како партијата која на половина од кампањата пријави приходи од 32.9 милиони денари (речиси 550.000 евра) обезбедени од донации и чланарини, успева да води толку скапи партиски активности, да плати толку скапи рекламни спотови, пропаганден материјал печатен на два јазика…

prilep-albanski-letoci-2-520x693

Пријавената сума е далеку под реалната која е потребна да се искешира за олкава активна кампања.  За илустрација, митинг како скопскиот или во друг поголем град чини од 100.000 до 200.000 евра. Бина, осветлување, озвучување, обезбедување, автобуси, пејачи, пропаганден материјал печатен на два јазика ја удвојува сумата потребна за пенкалца, локуми, летоци, плакати, но и двојни рекламни спотови на телевизиите.

letok-kumanovo-albanski-520x693

Земајќи предвид дека СДСМ не отпстапува од идејата да ја протурка двојазичноста и федерализацијата по секоја цена, видеоспотовите и другата платена политичка програма се емитува на македонски и на албански јазик.

eden-1

На тој начин не само што СДСМ е презастапен на телевизиите, туку и сумата што ја изделува е двојна од сумата што ја плаќаат другите партии кои се рекламираат на еден јазик.

penkala-sdsm-albanski-ohrid

Реално, сумите од донациите на „шарени револуционери“ колку и да се високи за невработени лица како нив, сепак се само капка во морето пари потребни за да се плати скапиот проект.

analiza221-milcin-hasim

Оттука се наметнува прашањето дали и кој ја финансира кампањата на СДСМ со црни пари? Според интересите кои се застапуваат во програмата и кампањата на СДСМ, логично се наметнува прашањето дали зад сето тоа стојат Сорос, албанската дијаспора и фирмите на кланот Заеви.

sdsm-trosoci-za-kampanja

Во време кога целиот имот на партијата е заложен под хипотека за кредит од милион и шестотини илјади евра во Комерцијална банка, како што пишувавме во јули, СДСМ си дозволува скапа кампања.

Кој кого киднапира: Шарениете партијата или Заев нив?

Шарените ја киднапира партијата или Заев ги киднапира шарените за да му ги финансираат апетитите? Како што одминува времето станува поизвесно дека Заев ги вдоми шарените за помазно да влегуваат парите на Сорос директно во врвот на партијата, избегнувајќи го „смртното членство“.

zaev listi sdsm kongres

На 21 Конгрес на СДСМ, што се одржа на 6 ноември, многу работи кои беа јасни однадвор, станаа јасни и однатре. Објавувањето на пратеничките листи беше врела шлаканица за долгогодишни членови на СДСМ на високи позиции во Собранието и во претставнички тела на СДСМ.

sdsm-kongres-2016-plan-za-makedonija-14-custom

Општ е ставот, и во јавноста и во маргинализираното крило на партијата, дека со олкав број кандидати од невладиниот сектор, кој го контролира Шеќеринска, се нанесува директна штетана СДСМ, бидејќи тоа значи дека ќе добијат државни функции без партија. Со други зборови конечно Сорос и невладиниот сектор ќе добијат превласт во политиката. Но, превиденен фактот дека кај шарените се парите кои во услови на безидејност му се повеќе од потребни на Заев. Сепак, лојалното членство работи од „љубов на секакви временски услови“, но месијата се води од мислата кога немаш план, понеси повеќе пари.

ivana tufegdzik

Кампањата на СДСМ само за 10 дена ја чинела „граѓанската активистка“ и кандидат за пратеник на опозицијата Ивана Туфегџиќ 101.900 денари. Според официјалниот финансиски извештај таа во два наврати донирала на сметката на СДСМ за изборите 42.900 на 29. ноември и два дена подоцна 59.000 денари. Нејасно е од каде ѝ се средствата на Туфегџиќ, која е невработена, за да си го плати пратеничкото место.

miting-aerodrom-zaev-pendarovski-2-large

Дека „граѓанската активност“ добро се исплатува покажува и случајот со „шарениот“ Павле Богоевски. Тој во два наврати на Заев за своето пратеничко место му платил 99.000 денари, 40.000 на 23 ноември и 59000 пет дена подоцна.

Мухамед Зекири во Арачиново

Колку е скап функционерскиот живот на своја кожа почувствува и новопечениот политичар, довчерашен новинар, Мухамед Зекири. Тој во кампањата на СДСМ за 10 дена донирал 4 пати, сума во вкупен износ од 180.000 денари.

Албанската дијаспора не штеди за големоалбанштина

Во финансискиот дел, како и во програмскиот, на СДСМ како важен играч многу веројатно е да се наметнала и албанската дијаспора. СДСМ има политичка позиција во Македонија, од која многу полесно од која и да било друга опција, особено чистоалбанска партија, може да ги протурка за албански пари албанските идеи. Логично партнерство.

Федерализацијата на Македонија ја движи „Струмица гас“

mega-skandal-gas-sdsm-strumica

Во Струмица, гас се набавува од фирма чиј газда и директор е претседател на комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски. Освен партиската поврзаност и злоупотребата на службена должност од функционерите во општина Струмица за партиски цели, најстрашното е што гасот кој ЈП “Струмица гас” му го плаќа на партискиот другар на Заев е двојно поскап од сите други во државата. Со тоа, Струмица гас му овозможува на и “СИ ЕН ЏИ Системс” да остварува милионски профит, кој потоа може да преспоставиме за кои намени и меѓу кои луѓе се дели, обелодени весникот „Вечер“ неодамна.

Народот прашува дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?