ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА: Државниот апарат главен мотор во изборната кампања на СДСМ (ФОТО)

Лентата со која СДСМ упорно „верглаше“ пред да дојде на власт, дека претходнaта власт не ја раздвојувала државата од партијата, сега на голема врата го промовира како некоја традиционална вредност.

Прво, протестираа и злоупотребуваа секакви можни сценарија за наводно погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ која под опсада го држел целиот народ, бидејќи не постоело јасна дистинкција помеѓу партиските и државните активности, за сега да ни ги покаже „транспарентно“, нејзините манипулации.

Слика која секојдневно се повторува во текот на предизборната кампања е како министри од Владата на СДСМ, државни службеници, директори и разни други функционери, во работно време и со државни ресурси учествуваат митинзи на својата партија. Оттука се поставува и прашањето дали можеби кандидатите на СДСМ за градоначалници стојат толку лошо, па потребен е дополнителен притисок и ветер во грбот на ваков начин?

Амбиентот е засилен со уште позастрашувачки момент, кога кандидати на СДСМ за градоначалници, одат од врата на врата, дома кај гласчи во придружба со министри да агитираат за нивни гласови.

А, предничи, секако, не кој било министер, туку лично министерот за внатрешни работи, првиот полицаец во државава, Оливер Спасовски.

Каква порака сака да им се даде на граѓаните со ваквиот начин на водење кампања?

Покажување на моќ, сила и дискретно заплашување се методите кои од стартот ги користи новата влада на Зоран Заев. Методи кои секаакао не одат ниту во нејзина корист, ниту во корист на државата со сите битни препораки кои политичарите се обврзаа дека ќе ги исполнат во корист на придвижувањето на Македонија кон ЕУ.

Се’ што се ветуваше и за што веројатно само деклративно се заложуваше новата власт, се покажа како голема лага. Сега, никој не ги споменува ни препораките на Прибе, во сегментот на раздвојување на државата од партијата.

Нешто што сега толку елоквентно се спроведува, на очиглед и на целата стручна јавност која претходно беше толку загрижена во која насока се движела државата.

Но, веројатно кога си главен во играта, правилата и не мора да важат за тебе.

Освен Спасовски, на терен во предизборната кампања учествуваше и министреката за одбрана, Радмила Шекеринска, која ја поддржа кампањата на ДУИ во Тетово. Вицепремиерот Кочо Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Министерот за транспор и врски Горан Сугарески, пак, му беше рамо до рамо со кандатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.
А, подршка за Јовановски не изостана ниту од Министреот за надворешни работи, Никола Димитров.

  Злоупотребата на државните институции од страна на СДСM во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема, и сите ресурси на МВР се ставени во функција на  кампањата, обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој факт го потврдува и советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, за кој медиумите објавија дека во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДСМ. Тој во Ранковце пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време.

Грубо прекршување на Изборниот законик од страна на СДСМ се повторува и во Струмица. Изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под општината.

Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Неодамна беше објавено и дека вработени од јавното кумановско претпријатие „Чистота и зеленило“ биле пронудени во текот на работното време да делат фралери и пропаганден материјал за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, пратеникот Максим Димитриевски.

А, пак, кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, кампања води со министерот за финансии Драган Тевдовски.

ФОТО: Вработените во кумановски „Комуналец“ под присила делат летоци од кандидатот на СДСМ Максим Димитриевски

Вработените во ЈП  „Чистота и зеленило“ во Куманово ја злоупотребуваат службената положба и  додека се на работа делат флаери за кандидатот Максим Димитриевски. Додека владата на СДСМ и министерот  за пропаганда Роберт Поповски на прес-конференција зборуваше за одлука за забрана  на користење на државни  ресурси во кампања, во ист момент СДСМ во Куманово активно ги злоупотребува  ЈП ,,Чистота и зеленило”-Куманово,каде вработените се тераат со присила да разнесуваат флаери за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски.

На сликите  кои ги добивме од граѓаните јасно се гледа дека вработените во јавното претпријатије,, Чистота и Зеленило”Куманово,како  пред штабот на СДСМ во центарот на градот,им се дават  флаери  од кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски за делење,кои  подоцна со камионот за  собирање  на смет на јавното претпријатие, ќе ги распространат и дистрибуираат низ градот.

И покрај ветувањата на СДСМ за  чесна и фер кампања за локалните избори и донесеното упатство од страна на владата  за  забрана за користење на државни ресурси како што се  владини  возила и други државни ресурси,возила на државни и јавни претпријатија и вработените  луѓе во истите,СДСМ уште  од првиот ден од официјалниот старт  на  кампањата за локални избори ги ставфи и злоупотреби во корист на отпочнатата кампања.

По налог на владата и Зоран Заев, актуелните градоначалници на СДСМ ги активираа сите  расположливи ресурси   на опшинските и јавните претпријатија како логистика за  нивните кандидатите  за  градоначалници, при што се врши класична злоупотреба на луѓето и општествени ресурси  за време на  работа за изборни цели.

ВЛАДАТА ГО ПРОБИ ДНОТО: Граѓаните го бојкотираа наметнатиот Заев – фијаско на прославата на (не)зависноста

Ако некогаш овој значаен ден за државата се прославувал масовно и на ниво со соодветна организација, оваа година новата Влада во првите 100 дена успеа да потфрли во уште една задача.

„Македонија слободна слободно живее“, но никој не дојде да ѝ честита. Овие тажни фотографии од прославата на Денот на независноста на Република Македонија покажуваат дека новата Влада потфрли и не ја испочитува достојно државата на чиешто чело беше поставена.

Proslava-8-Septemvri-avtobus-1 Proslava-8-Septemvri-avtobus-2 Proslava-8-Septemvri-avtobus-3

Тажна глетка и атмосфера си само неколку стотина лугје, донесени со автобуси, штабски организирани за прославата за независност, за на крај завршат со десетина луѓе. Граѓаните покажаа дека се незаинтересирани за Владата и прославата организирана од Заев.

Ограденото плато пред зградата на Владата се покажа прешироко за малкуте граѓани кои дојдоа на спектаклот што го приреди тимот на Заев за „спектакли“. Претстава за децата, уметничка инсталација, класична музика – ништо не го провлече вниманието на граѓаните за да се соберат во достоен број пред почетокот на официјалниот дел – обраќањето на премиерот.

Proslava-8-Septemvri-nema-narod-1 Proslava-8-Septemvri-nema-narod-2

Главни учесници на прославата беа пејачи предводници на Шарената револуција и говорници на нивните митинзи како Златко Ориѓански и Бени Шакири. Прославата помина без вистински музички ѕвезди преку креирана вештачка музичка сцена на чии изведби присуствуваа значително мал број граѓани. Не се појавија музичари и изведувачи од рангот на Владо Јаневски, Калиопи, Наум Петрески, ДНК…

Ако некогаш овој значаен ден за државата се прославувал масовно и на ниво со соодветна организација, оваа година новата Влада во првите 100 дена успеа да потфрли во уште една задача.

Sporedba-VMRO-SDSM Proslava-8-Septemvri-sporedba

ФОТО: Голем број кумановци срдечно и топло го пречекаа Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на Куманово, каде што се сретна со огромен број граѓани.

Тој беше срдечно и топло пречекан од кумановци, со кои зборуваше за проблемите кои ги мачат и за нивните согледувања за иднината.

-Се пожалија на урбаниот и сообраќаен хаос, и редици други проблеми од реалниот живот. Ние ќе понудиме решенија на следните локални избори кои ќе значат решавање на проблемите на кумановци затоа што заслужуваат подобро, напиша Груевски на својот профил на Фејсбук.

Зоран или Зорам, Заев или Заеб, нему исто му се фаќа – нема против промена на имиња

Дали Зоран или Зорам, дали Заев или Заеб, нему му е сеедно. Тој нема никаков проблем со промените на имињата, па дури ни со промената на неговото лично име. Иако е очигледно дека се работи за печатна грешка, невкусно е да се дозволи ваква грешка.

Zoran-ZoraM

На социјалните мрежи веќе се коментира –  Овој нема против него да му го сменат името, а не пак на државата.

ФОТО: Мицкоски во Берово на одбележувањето на големиот празник Успение на Пресвета Богородица

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица присуствуваше во Берово.

Во придружба на Мицкоски беа и Александар Тргачевски и пратеничката од Берово Емилија Александрова, пратеникот Никола Мицевски и градоначалникот на општина Берово Драган Наџински.

На одбележување на празникот присуствуваше и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

ИДЕ ЖИВОТ: Сликовито објаснето „покачувањето“ на пензиите од страна на СДСМ (ФОТО)

Сликовито објаснето покачувањето на пензиите од страна на сдс 

ФОТО: Груевски се сретна со претставници на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера заедно со дел од членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа средба со претставниците на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партија.

„На средбата се разговараше околу актуелната политичка состојба во Република Македонија и проблемите со кои се соочува државата откако СДС ја превзема власта. Претставниците на задграничните комитите на ВМРО-ДПМНЕ изразија загриженост за моменталната политичка состојба како и за реализацијата на предизборните ветувања на Зоран Заев и СДС кои водат кон разнебитување на државата“, се наведува во партиското соопштение.

Gruevski-sredba-so-Zadgranicni-Komiteti-2

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека исто така тие изразија и разочарување на односот на државата кон дијаспората и активноста на новиот министер за дијаспора Едмонд Адеми.

На средбата билеа договорени и модалитетите за поголемо вклучување на дијаспората за реализација на партиските политики.

ЗАЕВ ГЛУМИ БРУС ЛИ: Црпнатиот лидер на СДСМ се сили на Централен комитет (ФОТО)

Зоран Заев позирал во боксерски став пред неговите сопартијци во партискиот штаб на Социјалдемократскиот сојуз на улицата „Бихаќска“. Фотографијата настанала завчера, кога во седиштето на партијата се одржал состанок на Централниот одбор на СДСМ. Набргу истата фотографија се појави и на социјалните мрежи.

Заев веројатно се шегувал на своја сметка за настаните што се случуваа во Собранието на 27 април, кога тој и уште неколкумина негови сопартијци беа повредени во нередите.

Zoran-Zaev-bokserski-stav-CK

– Многу скоро очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата влада. Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цели – повикал Заев на Централниот одбор на СДСМ.

ФОТО: Џафери почна со провокации – Албанското знаме од сега ќе стои во претседателскиот кабинет во Собранието

Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на РМ и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потрдија собраниските служби. Албанското знаме од сега ќе стои во претседателскиот кабинет во Собранието.

Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Талат Џафери во четвртокот на незаконски, неделовнички и нелегитимен беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии.

Talat-Dzaferi-Kabinet-albansko-zname