НЕ СЕ ДОГОВОРИВМЕ ВАКА СО РАМКОВНИОТ: Македонците се понижени, македонскиот прикажан како јазик од втор ред

Под покровителство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и нелегитимниот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва во Скопје беше одбележана 16-годишнината од потпишувањето на политичкиот Охридски рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија.

Потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД, Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001. Поради тоа, граѓаните од македонска националност го сметаат за насилно изнуден и неприфатлив.Шеснаесет години подоцна експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.

Службен јазик во Република Македонија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, дури и според овој договор, иако вечерва македонскиот јазик беше понижен претставен како јазик од втор ред. Името на договорот чиешто потпишување беше одбележано прво беше испишан на албански, а потоа на македонски и на англиски. Изгледа сите заборавиле вечерва дека македонскиот е јазик на мнозинството во Република Македонија, а Рамковниот договор ги уредува правата на малцинствата, не на Албанците.

Да потсетиме, денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.


Рамковниот договор е спроведен, ако се отвори, следува физичка поделба на Македонија

Денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.

Во своето обраќање пред албанската дијаспора во Берн го отвори, а на митинзите го повторува прашањето за отворање на Охридскиот рамковен договор. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките за да се исполни договор кој е веќе исполнет и затворен. Доколку земеме предвид што сѐ нуди Рамковниот договор и фактот дека е спроведено речиси сѐ од него, следни барања, бидејќи веќе нема што да се бара, би биле физичка поделба на државата, нејзина федерализација како стадиум пред поделба.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Ова играње со оган ќе нè изгори сите. Ова што го зборува Заев е чисто уривање на рамковниот договор. Тој е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од Рамковниот договор, смета аналитичарот Никола Србов.

-Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат. Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија“, рече Србов.

Заев директно ги поткопува државноста на Република Македонија и Уставот со ваквите изјави и со ваквиот тип на политика, ловејќи албански гласови.

Додека народот чека каква судбина му крои Заев, истиот тој Заев и Хазби Лика се смееле на глас бидејќи ги изиграле Македонците

Додека народот чека каква судбина му се скроил Зоран Заев, истиот тој Заев заедно со вицепремиерот Хазби Лика јаделе охридска пастрмка во еден елитен ресторан во Охрид и се смееле на глас бидејќи ги изиграле Македонците.

Заев прашувал и „каде се сега патриотите“, додека Хазби се смеел додавајќи „ве знаеме ние вас“…

Келнерите на ресторанот инаку не сакале да ги служат двајцата, но новиот сопственик на рибниот ресторан кој е близок до Заев им се заканил.

 

АХМЕТИ ГИ СООПШТИ МИНИСТРИТЕ: Терористот Хазби Лика – организаторот на Масакрот кај Вејце ќе биде заменик-премиер!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по завршувањето на состанокот на Централното претседателство во Мала Речица ги потврди имињата на новите министри во коалициската влада со Алијансата на Албанците и СДС, за која како што вели треба да биде официјализирана во понеделник, пренесуваат албанските портали

„Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за интеграција Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор” – изјавил Ахмети

Лика беше командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад озлогласениот масакр на македонските безбедносни сили во Вејце. Лика бил командант на на 112 бригада на ОНА. Беше градоначалник на Тетово од 2004 до 2008 година. Според Нова Македонија, Лика ја оштетил општината Тетово за три милиони евра.

Денес е член на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Тетово и предложен за заменик-премиер.