Колумна на Џејсон Мико: Тие заработуваат од хаосот и судирите!

Dzejson-Miko

Од најновото издание на ценетиот весник „Економист“: „Долготрајната хегемонија на левицата во Јужна Америка е завршена. Актуелниот рикверц кон десниот центар ќе се засили во 2017 година на неколку начини. Левичарските влади може да бидат заменети на претседателските избори во Чиле и Еквадор. Долата агонија на Венецуела може да резултира со договорена транзиција, сигнализирајќи го почетокот на крајот на владеењето на чавистите. А во Kолумбија, герилската армија на ФАРK можеби ќе почне да се разоружува и да се трансформира во граѓанска политичка партија. Главната приказна во Латинска Америка е непрекинатиот напредок на демократијата.“

Тоа се предвидувањата за 2017 година. Оваа година, 2016, сè уште не е завршена, а беше извонредна година за десниот центар. Референдумот во Велика Британија, брегзит, не беше предвиден, па сепак Британците гласаа за да си го вратат суверенитетот од рацете на Брисел. Во суштина, тие гласаа да се вратат кон десниот центар, подалеку од неизбраните елити. Во САД, Американците ги отфрлија, на претседателските избори, осумте години владеење на ултралевичарската администрација на Обама, не само што го избра Доналд Трамп за претседател, туку ~ ги даде на партијата на десниот центар, Републиканската партија, и двата законодавни дома, Сенатот и Пратеничкиот дом (републиканците го имаа Пратеничкиот дом изминатите две години, а во Сенатот мнозинство имаше Демократската партија, партија на левиот центар).

И во Македонија бевме сведоци како десниот центар освојува уште една победа и покрај фактот дека силите на левицата се здружија против него. Тесна победа, но сепак победа. Политиките на десниот центар продолжуваат да напредуваат.

Ова значи дека левицата во целиот свет е во дефанзива, поради што тие се многу, многу лути. Годинава доживеаја неколку големи порази и откако во изминатите неколку години полека напредуваа, ова ги разбесни како стршни чиј осилник бил вознемирен. Но тие ќе возвратат со сè што им е на располагање – пари, моќ, медиуми, култура, религија, сè што ќе ви падне на ум. Левицата – политичарите, медиумите, академските граѓани, тинк-тенковите, НВО и бизнис-елитата – не сакаат да го загубат тоа што го стекнале. И нема да толерираат никакво несогласување. Kлучна поента во нивната пропаганда не е само да дезинформираат или да ја протуркуваат својата агенда. Тие сакаат да го исцрпат вашето критичко размислување. Тие сакаат да ја уништат вистината зашто, прво и основно, тие не веруваат дека вистината постои.

Видете, јас сум политички конзервативец и колумнист во овој весник; тоа ме прави политички конзервативен колумнист. Јас ги поддржувам и навивам за победите на партиите од десниот центар и, што е поважно, нивните политики во светот, и навивам за пораз на левицата и, што е поважно, на нејзините политики. Јас сум политички активен и конзервативен уште од првиот избор на Роналд Реган за претседател. На тие избори не бев дури ни доволно возрасен за да гласам, сепак волонтирав за да му помогнам да победи не затоа што беше републиканец (партија на десниот центар во Америка), туку затоа што неговите верувања, а оттаму и неговите политики, беа конзервативни. Јас искрено сакам да дебатирам со моите пријатели од левицата за да им покажам зошто верувам и зошто политиките што ги промовирам и пропагирам се најдобрите за семејствата и за нациите (а сакам да ја слушнам и другата страна). Сепак, с` почесто откривам дека тие воопшто не сакаат да дебатираат. Тие не сакаат ни да разговараат. За жал. Ова води до поподелен свет во секоја земја. А тоа баш и не е добра ситуација.

Kако и да е, Македонија засега мора да продолжи напред. Левицата изгуби. Тие мора да го признаат тоа. Голем број неопределени гласачи излегоа и гласаа за СДСМ. Тоа е нивно право. И голем број македонски Албанци гласаа за СДСМ, што создава проблем и за традиционалните и за новите етнички албански партии во Македонија. Уште многу ќе слушаме и ќе гледаме на оваа тема во следните месеци, но тоа е посебна тема. Засега мора да се формира нова влада и мора да се вратиме на работа иако тоа можеби ќе биде тешко зашто ќе има (и во Македонија и надвор од неа) некои што ќе извикуваат „криминалци“! Но вината, невиноста и специјалното обвинителство се посебна тема во сосема друг приказна. Новата влада ќе има проблем да се соочи со некои во Македонија и со дел од меѓународната заедница кои во изминатите неколку недели без заобиколување велеа дека ако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно победат, тогаш кризата ќе продолжи (многу од тие странци често беа цитирани во меѓународните медиуми во последно време – тие се од меѓународните НВО и научната сфера).

Но тоа не кажува ни дел од вистината за тоа што всушност сакаат овие луѓе: тие не сакаа слободни, фер и чесни избори – тие го сакаа СДСМ на власт по секоја цена. Ако навистина сакаа слободни, фер и чесни избори ( а меѓународните набљудувачи рекоа дека изборите во глобала беа слободни и фер) тогаш ќе ги прифатат резултатите. Ова се истите луѓе што јас ги нарекувам „професионално огорчени“. Тие заработуваат од хаосот и расправиите и од предизвикувањето хаос и судири. За битката да продолжи.

Kонзервативното размислување и конзервативните политики – економски, социјални, културни итн.- функционираат и се најдобрите решенија за напредок на народот и на државата. Македонците сигнализираа, преку своето гласање, дека сакаат спроведување на овие политики. Мора да ги оставиме изборите зад себе и да продолжиме напред.

Авторот е менаџер за односи со јавноста од Тусон, Аризона, и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа.

Пишува: Џејсон Мико за Дневник
(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и Југоисточна Европа)

ХАОС ВО ДИК: Амбасадори вршат притисок во ДИК, ОБСЕ/ОДИХ вмешани во одлуката бараат „пата-пата“ ситуација?!

Bejli-Orav-DIK-1

Хаотична ситуација владее во Државната изборна комисија (ДИК) откако оваа институција се уште ги нема соопштено конечните резултати од предвремените парламентарни избори и распоредот на пратенички мандати. Прашањето кое струи во јaвноста е дали во ДИК се врши некаков притисок за мандатите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат пата-пата?

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ победија на предвремените парламентарни избори одржани вчера. Според 99,72 отсто преброени гласови (100% во сите шест ИЕ во Македонија, фалат минорен број на гласови од гласањето на дијаспората), ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласа, додека опозициската коалиција предводена од СДСМ освои 436.469 гласа.

Математиките велат дека според официјалните бројки на ДИК, објавени на нивната официјална страна при 100 обработени податоци, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, додека СДСМ два помалку, односно 49. Сепак, ДИК од нејасни причини калкулира со соопштувањето на официјалните резултати и официјално да соопшти каков е соодносот на пратенички мaндати.

-Во ДИК е хаос во моментов. Почнуваме да ги пробиваме законските рокови за постизборните процедури што треба да ги спроведе Комисијата. Постапката на доставување на записниците од Општинските изборни комисии е во тек, уште трае. Но, како што стигаат, се утврдува несовпаѓање со електронските податоци на ДИК. Никој не кажува кај е киксот. Никогаш не се случило ние да немаме официјални и конечни резултати до 13 часот утредента по секои избори“, велат за порталот СДК извори од службите во Комисијата.

Прашањето кое се поставува во јавноста е дали се врши некаков притисок врз ДИК за можна промена во бројот на освоени пратенички мандати, односно според неофицијални информации спорна наводно била шестата изборна единица каде постела можност ВМРО-ДПМНЕ да изгуби еден пратеник, кој би отишол на контото на СДСМ и со тоа да се создаде перцепција дека опозициската партија не е поразена на изборите и покрај евидентната разлика од 20.000 гласови.

Исто така, нејасно е дали во моментов во ДИК, каде владее хаос, има престатвници на ОБСЕ/ОДИХР и истите имаат увид во целосната ситуација. ДИК речиси 24 часа веќе не успева да собере податоци, иако станува збор за само уште 10 избирачки места од дијаспората, каде се гласаше во саботата. Процентот на обработени податоци веќе со часови е замрзнат на 99.72.

Народот препознава – Заев направи хаос во партијата, истото ќе ја снајде и државата

Karakamiseva

И за професорката Тања Каракамишева-Јовановска анкетата на „Брима галуп“ е реален одраз на расположението на македонските граѓани за тоа која партија и кој лидер ја заслужува нивната доверба десет години по ред. Овие проценти преку кои е отсликана довербата на граѓаните не се фантомски, ниту виртуелни како што две години Заев и СДСМ ја замајуваа јавноста, туку резултат на долгогодишна напорна работа, посветеност во реализацијата на ветеното во партиската програма, и теренска работа преку која ВМРО-ДПМНЕ е во постојан контакт со потребите на граѓаните.

Не случајно анкетата покажува високи 33% активност на терен во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на 15.2% на СДСМ. Овој висок процент не ја одразува само партиската присутност на терен, туку многу повеќе од тоа. Покажува колку партијата се грижи за граѓаните, колку е одговорна кон ветеното, колку е професионална во тоа што го работи, колку е совесна и колку е заинтересирана да види дали работите функционираат на терен така како што биле предвидени, и планирани. Токму овие карактеристики ѝ даваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ, а истите се резултат на новиот стил на политичко лидерство што го наметна г. Груевски со доаѓањето на чело на партијата. Г. Груевски наметна модерен партиски и политички стил на политичко делување и менаџирање кој влева граѓанска доверба заради видливата политичка одговорност, работа, отчетност, професионалност. Овој нов стил на лидерство му донесе на ВМРО-ДПМНЕ огромна предност пред другите партии за многу наредни години. Длабинските партиски промени во делот на работата и посветеноста кон ветеното што ги направи г. Груевски во ВМРО-ДПМНЕ не се направени во ниту една партија во земјата што секако се одразува на (не)квалитетот во работата и делувањето на секоја од нив.

Во СДСМ тоа е посебно видливо, потенцира Каракамишева-Јовановска. Таа потсетува дека Бранко Црвенковски не помрдна ниту едно камче во мозаикот на СДСМ во позитивна насока, а истото се случи и со Бучковски, Шеќеринска, и сега со Заев. Актуелниот лидер на СДСМ не само што не помести ништо во позитивна насока туку направи многу ретроградни чекори кои внесоа дополнителен хаос во ионака хаотичната внатрепартиска структура.
Резултатите во анкетата даваат опис и на овие моменти, поради што Заев има двојно помала доверба од Груевски. Политичкиот резон на граѓанинот е ако лидерот не успее да наметне позитивен стил на раководење со партијата и не наметне нова, креативна и иновативна енегија која ќе создаде ефекти во партијата, како тогаш да се очекува дека тој лидер и неговиот тим ќе успее да направи позитивни промени во земјата. 
Двојната предност што граѓаните ѝ ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е и поради најквалитетната политичка понуда што ВМРО-ДПМНЕ ја има понудено на граѓаните до сега. Во понудата на оваа партија се чувствува граѓанска енергија, се чувствува дека секој граѓанин може да се најде во неа и да има полза од неа. Да не заборавиме дека посебно 2016 година помина во постојано очекување да се одржат предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ постојано ги обелоденуваше своите клучни проекти што придонесе граѓаните да бидат во тек, да ја следат понудата на оваа партија и да дадат своја оценка за неа.
Од друга страна, на поволниот рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ силно влијание има и црната, негативна предизборна кампања што СДСМ ја форсира веќе две години во државата. Целата партиска енергија во изминатите две години СДСМ ја насочи кон деструкција, пуштање на “бомби”, предавничко соработување со странски центри на моќ, негирање на Уставот, дестабилизирање на правниот и политичкиот систем на државата,  нереални ветувања, антимакедонски тези и предлози кои дополнително ја искомплицираа политичката понуда во земјата. Иако на моменти оваа партија се трудеше да се извлече од сопствените црнила во кои и самата се заглави, факт е дека овие луцида интервала не успеаа да го тргнат граѓанскиот впечаток дека оваа партија е фокусирана само кон дискредитирање на политичкиот противник по секоја цена и на секаков можен начин. Оваа доминантност на деструктивната наместо на позитивната страна во делувањето на СДСМ се оценува како најслаба страна на партијата која претендира да дојде на власт. Ако на сето ова се надодадат и антимакедонските изјави и предавничките тези на Заев дадени во странство и во земјата, добиваме дијаметрално спротивна слика од она што е политички портрет на ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатите од анкетата покажуваат дека и покрај тешкиот период низ кој помина ВМРО-ДПМНЕ се уште граѓаните ја доживуваат оваа партија како контрапункт на СДСМ во секоја смисла на зборот.
- Резултатите ќе бидат уште подобри сега, откако граѓаните добија можност да се запознаат со програмите на двете партии. ВМРО-ДПМНЕ ја има дефинитивно најобемната и најквалитетна политичка понуда некогаш видена во државата, но и пошироко. Оттаму сосема логично е што на терен ВМРО-ДПМНЕ целосно доминира и што не губи ниту еден момент на црна кампања. Тоа не значи дека оваа партија не враќа на негативните пораки упатени од СДСМ против лидерот и раководството на партијата. Враќа силно и фокусирано без да влезе во чевлите на противникот. Овој момент ќе биде дополнителен ветар во грб за периодот кога ќе следат и нови анкети. Позитивното во оваа анкета, но веројатно и во сите наредни што ќе следат е што граѓаните ја испочитуваа стратегијата на ВМРО да не потпадне на провокациите на СДСМ и што не ја прифати нивната  наметната игра. СДСМ навигираше кон уште посилна политичка и севкупна криза во државата, ВМРО-ДПМНЕ успеа да го изменаџира овој удар  како вистински одговорен и национално цврст политички субјект. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана на својот пат,на својот план како најдобро да го надгради и претстави пред граѓаните тоа за што има вложено многу труд, посветеност, тимска енерија. Оваа партија навистина успешно се справи со сите предизвици и тешкотии со кои се соочи на политичката сцена.
ВМРО-ДПМНЕ беше свесна дека секое изместување на тежиштето во прилог на негативната политика што ја води СДСМ ќе биде на нејзина штета и токму затоа, смета Каракамишева-Јовановска, оваа партија одлучи да не губи време на тривијални местенки, уцени и притисоци какви што ги подметнуваше на секој ќош СДСМ, туку реши посветено да чекори по својата позитивна траекторија, таму каде што се чувствува најсилна и најуспешна.
Граѓаните ја вреднуваат токму таквата насоченост и резултатите од анкетата се одраз на нивната поддршка што континуирано ја даваат на сите досегашни изборни циклуси. Се видоа сите лаги на Заев, се открија сите сценарија на СДСМ, паднаа во вода сите калкулации кои оваа партија ги направи на штета на државата.
Во наредната анкета која ќе се појави многу брзо очекувам уште повисок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, како казна за неодговорните и антимакедонски изјави и политики на  Заев кон државата, завршува професорката.

Неделковски: Ако беа сигурни дека ќе победат, што толку се испокараа за 35 пратенички места?

milenko-nedelkovski

И новинарот Миленко Неделковски со коментар за хаосот и револтот во СДСМ по објавувањето на пратеничките листи на партијата на Заев.

„Туку, ако беа толку сигурни дека ќе тепаат на избори на 11 декември, што толку се испокараа за 35 пратенички места???
Нели ќе тепаа?! Ќе имаше место за сите во извршната власт.
Или, не!!!“, напиша новинарот.

ХАОС И ПАНИКА ПРЕД КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Заев барал од Катица понеделничка офанзива, поради незадоволство на членовите

sdsm-bmw-skapa-magla

Хаотична и паничнa е ситуацијата на Бихаќка каде што се очекува неделниот конгрес на кој Заев требад да ги открие лицата кои ќе се најдат на пратеничките листи, за кои како што дознаваме ќе бидат составени од сѐ и секого, освен членови на партијата

Последниве неколку дена пред просториите на СЈО е забележано зголемено присуство на лица од Амбасадата на САД, за што од засега непотврдени информации дознаваме дека истите веќе цела седмица ја подготвуваат Катица Јанева за „офанзива“ која треба да започне во понеделник, веднаш по партискиот конгрес.

Имено, Заев барал веднаш по завршување на конгресот Катица Јанева да тргне жестоко со пријави и да зачести со одржувањето на прас конференции за да се намали незадоволството од составувањето на листите. Од понеделник, Заев барал силен дефокус бидејќи за прв пат СДСМ ќе има најмал број на свои партиски членови на листите.

Од партијата веќе почнале да се потсмеваат дека веќе полека почнале да згаснуваат и да се претвораат во НВО.

Најмалку тројца Албанци ќе бидат кандидати за пратеници на листите на СДСМ, и уште толку, ако не и повеќе членови на платеничката „револуција“. Кога на овие ќе се додадат појави како Никола Димитров и Лиле Поповска за останаите коалициски партнери од ЛДП и НСДП веќе нема место. Сите заедно, коалициските, шарените и албанците ќе бидат повеќе од половина пратеничка група. Единствено Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Петре Шилегов планираат да се згрижат на сигурно.

Оттука потекнува и огромниот револт во СДСМ, особено поради тоа што поискусните социјалдемократи се плашат дека евентуалното растурање на коалицијата ќе значи и згаснуање на партијата.

ВРИЕ ВО МТСП: Ременски од СДСМ незаконски побарала прекин на годишните одмори на вработените

remenski-godisen-odmor

Техничката министерка од СДСМ, Фросина Ременски побарала од државниот секретар на министерството да го прекине годишниот одмор на вработените кои веќе го користат и да не одобрува користење на годишен одмор кои веќе тоа уредно го побарале.

Пред само два дена вработени во министерството за труд и социјална политика кои сакаа да останат анонимни, искажаа стравување за работната атмосфера и од она што може да го направи Фросина Ременски, знаејќи ги методите со кои се служи и фрустрациите кои ги покажувала во минатиот мандат, кој исто така до „доби“ без поддршка од народот.

Во вторникот техничката министерка неосновано и незаконски побарала прекин на годишните одмори на вработени и забрана да им се овозможи на неколку кои уредно го побарале.

Страв и исчекување, разместувања и занимавање со работи кои не се во надлежност на министер, скандал по скандал… Tака ја опишуваат вработените траорната атмосфера во зградата на министерството за труд и социјална политика после доаѓањето на техничката министерка.

Поодмаздољубива е од порано, велат нашите извори. Секое утро се плашат од некое „балтазаровско” решение од Фросина Ременски. Спротивно од улогата која треба да ја има како технички министер за спроведување на избори, според нашите информации, таа со одлуките кои ги носи се однесува како доживотен министер за труд и социјална политика.

Иронично, но, вистинито, министерот за труд и социјална политика кој треба да е во заштита на работничките права, од она што го дознаваме,  сега најбрутално го повредува и прекршува Закон за работни односи и постапува спротивно на Меѓународните конвенции.

Toa беше случај и претходно, во првиот мандат на Ременски кога медиумите известуваа дека оставила без осигурување 2.448 луѓе вработени во министерството, центрите за социјална работи и јавни установи како и 566 корисника сместени во јавните установи и целиот движен и недвижен имот на министерството. Имотот на институциите не беше осигуран ниту од пожар, поплава, а ниту пак од кражба

Најново од Фросина Ременски е тоа што побарала од државниот секретар на министерството да го прекине годишниот одмор на вработените кои веќе го користат и да не одобрува користење на годишен одмор кои веќе тоа уредно го побарале. Покрај кршењето на уставното загарантирано право на вработените за искористување на право на годишен одмор и Закон за работни односи, техничката министерка прави упад во надлежностите на државниот секретар кој е исклучиво надлежен за организација на работата во министерството.

remenski-godisen-odmor-2 remenski-godisen-odmor-1

Нашите извори коментираат дека не постои никаков зголемен обем на работни обврски во министерството кога полека се влегува во предизборен период и е водено од технички министер за спроведување на избори. Ова, како што не информираа вработените, е желбата на Ременски, да изигрува полицаец и да дисциплинира.

Со упатеното известување до државниот секретар таа индиректно напоменува доколку не ја послуша тоа ќе се одрази на вработените.

Едно од основните права од работен однос е и правото на годишен одмор. Од ова право работникот не може да се откаже, нити пак работодавачот може да му го ускрати правото на користење на годишен одмор. Правото на годишен одмор како право е утврдено и загарантирано и со Уставот поточно член 32 став 4 од Уставот на Република Македонија кој гласи: „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат”.

Исто така и Законот за работни односи е јасен во врска со прашањата за правото на годишен одмор и во кои се содржани основите и условите за остварување на ова право. Пред се’, како што нагласува Законот, целта на годишниот одмор е работникот да го искористи своето право на годишен одмор како предуслов за нормално и тековно извршување на работни обврски, што придонесуваат и за зголемување на продуктивноста при работата.

Притоа според член 137 став 1 работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена и став 4 работодавачот е должен да му издаде решение за право на користење на годишниот одмор. Додека пак необезбедувањето на правото на годишен одмор на работникот и неиздавањето на решение за годишен одмор, со членот 265 став 1 точка 14 од законот е санкционирано како прекршок, за кое е утврдена глоба во определен износ, за работодавачот и одговорното лице кај работодавачот.

Со Конвенцијата за платени одмори која како држава ја имаме ратификувано  бр. 132 член 9 став 2 е уредено дека за секој дел од годишниот одмор кој е подолг од минималното траење, може, со согласност на работникот да се одложи на некое време што ќе го определат двете страни.

Останува нејасно зошто техничката министерка го ускратува правото на годишен одмор, бидејќи од приложеното бара прекин на користење на годишни одмори чие користење го дозволил државниот секретар? Зошто Фросина Ременски се обидува да ги преземе ингеренциите на државниот секретар кој е единствено надлежен за организирање на работата?

Дел од вработените со кои комунициравме, посочија дека ќе ги искористат сите правни средства во заштита на своите права. Велат дека се изиграни и дека се изложуваат на непотребни трошоци за откажување на фамилијарните планови. Не е исклучено да реагираат и до меѓународните организации.

Очигледно продолжува првиот серијал на притисоци и закани во министерството за труд и социјална политика. Ова клучно министерство кое внесено во хаос и системски распад во таква состојба нема да може да одговори на потребите на граѓаните и да ги спроведува своите надлежности.

СОЗДАДЕНИ ЗА НЕРЕДИ: Филтерот на СДСМ направи хаос во Избирачкиот список

Izbiracki-spisok

Kако се случи јавни личности, политичари, граѓански активисти и познати професори да се најдат на листата меѓу 39.502 спорни гласачи по иницијатива на СДСМ?

Kако е можно по вкрстената, детална проверка на податоците за гласачите – каква што не е направена никаде во Европа, јавни личности, кои бездруго секојдневно ги гледаме, да бидат на списокот со гласачи што треба да бидат избришани доколку не се пријават дека ќе го остварат своето гласачко право, пишува Дневник.

За овој апсурд, што веќе неколку дена прави забуна кај јавноста и гласачите, претседателот на Државната изборна комисија, како единствена надлежна за Избирачкиот список, очигледно не чувствува потреба да објасни. Тој не одговара на телефонските повици на новинарите ниту, пак, излезе со какво било соопштение.

Дополнителни 33 прашањa, „Дневник“ од свои извори во ДИK дознава дека причина што имињата на некои гласачи се најдоа меѓу сомнителните се пет од 33-те прашања, кои членовите на ДИK од СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума, инсистирале да бидат направени како дополнителен филтер по вкрстената проверка на податоци од повеќе од 10 државни институции. Интересно е што и Дума и Милев цело време додека траел процесот на проверка, како и сите останати членови, биле директни сведоци на нелогичните резултати од проверката и точно знаеле дека на крајот спорни ќе бидат прогласени апсурдни имиња, но, сепак, оставаат да тлее забуната во јавноста. Епилогот е предизвикување уште поголема недоверба во Списокот. Дума и Милев не одговараат на нашите телефонски повици за да ја објаснат ситуацијата.

„Дневник“ дојде до дел од прашањата во март, уште пред да бидат употребени, и предупреди дека тие ќе предизвикаат хаос исфрлувајќи ги луѓето што примаат плата, здравствено се осигурени и плаќаат редовни даноци итн. како „фантоми“. Според информациите до кои тогаш дојдовме, планот за ваквиот вид проверка е идеја на експертот на ОБСЕ, Џон Аран, кој, освен во Македонија, претходно имал слични ангажмани во земји како Kонго, Замбија, Украина, Србија, Ирак, Јордан. Иако меѓу сите членови на Kомисијата било јасно до што ќе дојде, сепак, како што вели нашиот извор, за мир во куќата дозволиле да се реализира инсистирањето на членовите од СДСМ.

Kако настана хаосот?

Членот на ДИK од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, за „Дневник“ вели дека ситерезултати од вкрстените проверки се гласани од членовите, тековно, и прашањата се правени со консензус така што секое девалвирање на процесот на проверка сега нема тежина. Според неа, спорни гласачи се појавија не поради тоа што е правена малверзација со Списокот во минатото, туку поради неажурноста на граѓаните во променувањето на податоците каде што живеат.

На пример, кога некој граѓанин продава стан, а не ја менува адресата на живеење во личната карта, може на истиот стан да се јават повеќе гласачи, исто како кога се издава стан под закуп, закупецот вади лична карта на таа адреса, по некое време се иселува, но не ја менува личната карта, па може на истиот стан да се јават повеќе гласачи. Kај најголемиот број граѓани, поради нерегулираниот уличен систем, под еден уличен број се води дел од улица, цела улица или цела населба. Оттука се јавуваат гласачи од цели населени места како спорни, објаснува Бонева.

Таа како член на ДИK се залагала да се објави повик до сите граѓани да си ги ажурираат податоците за да не се остави простор за сомнеж во нивното гласачко право, но тоа не било прифатено.

Петте прашања, поради наведените причини, предизвикале најголема конфузија и од кои со дополнително вкрстено проверување најпрвин излегле околу 80 илјади спорни имиња, а потоа со теренска проверка биле преполовени на безмалку 40 илјади.

Kако резултат на вкрстената проверка според последното прашање излегле најголем број студенти. Тие најчесто како здравствено осигурени на име на родителите се наоѓаат само во базата на Фондот за здравство и доколку немаат скопска адреса, а тука се под кирија, според наведеното последно прашање, по автоматизам се вбројуваат во спорни, без ниту една законска причина да бидат таму, а уште помалку да бидат избришани.

Спорни и тие за кои роднините потврдиле дека се дома. Дополнителното филтрирање на резултатите, само според првите две прашања, исфрлило 44.308 сомнителни имиња, од кои половина за време на теренската проверка не биле најдени дома. За некои од нив дека живеат на таа адреса потврдиле нивните роднини и блиски, но бидејќи се признава само лична идентификација, тие веднаш се ставени на листата со спорни. Тие што не се пронајдени дома, се подложени на дополнителни административни проверки, утврдени со консензус од членовите на ДИK, за нив од институциите ги добивме бараните податоци, затоа за мнозинството членови на ДИK тие не беа спорни, вели Бонева.

Според бројките од ДИK, заклучокот е следен: проверката според вторите две прашања довела до бројка од 18.727 спорни имиња за теренска проверка, а според последното излегле 22.573. Kога сите овие, плус 44.308, ќе се соберат, се добива бројка од 85.608. Ттаа потоа е доведена до актуелната од 39.502 со помош на теренската проверка.

Петте прашања за конфузијата

Да се идентификуваат избирачи во куќите со повеќе од 20 гласачи на иста адреса?

Да се идентификуваат избирачи во куќи што имаат повеќе од 6 варијации на презимиња?

Да се идентификуваат избирачи во станови со повеќе од 8 гласачи на иста адреса?

Да се идентификуваат избирачи во станови што имаат повеќе од 3 варијации на презимиња?

Да се идентификуваат новите (полнолетни) гласачи што ги има само во една база на податоци?

Колумна на Илија Димовски: Опозициско лицемерие – Преку хаос до власт

Ilija-Dimovski

Лицемерството, несериозноста и нестабилноста на опозицијата во Република Македонија кон македонските граѓани се огромни. Веќе неколку години наназад во недостиг на идеи, креативност, програма, капацитет, како и квалитетни кадри, опозицијата својата политика ја темели единствено на некаква си измислена и фиктивна борба за демократија и слобода. Прикриваат своја неспособност со фиксација во термини и поими кои граѓаните не ги препознаваат како суштина на политичка борба во држава како нашата, токму во време во кое живееме. Да говорите дека нема демократија и слобода, а слободно да ги извршувате сите недела преку организирано политичко малтретирање и насилство и слободно да говорите против кого сакате и кога сакате (најчесто и без докази и аргументи) навистина се вика лицемерство.

Да е уште поголемо лицемерство, да е огромно, на нашата македонска опозиција кон граѓаните е фактот што токму оние кои што себеси се претставуваат како борци за демократија и слобода, ги попречуваат граѓаните на Република Македонија во остварување на едно од основните и најзначајните човекови права, кое е загарантирано и втемелено во нашиот Устав, како и во многу други меѓународни договори и конвенции, а тоа е правото на глас. Правото граѓаните преку демократски избори да одлучат на кого ќе му ја дадат довербата да ја води државата во наредните години и да одлучат како и во кој правец ќе биде управувана земјата е основно политичко право без кое не постои демократијата. Нашата опозиција зборува за демократија, а во сопствената држава не дозволува да одлучуваат граѓаните. Посреќни се кога за оваа држава одлучуваат странци, дипломати, притисок, уцени, зелени маси, лидерски средби, преговори помеѓу партиите и с` што не претставува директен и непосреден облик на демократија. Се плашат од гласање и се плашат од народ.

Петти јуни ќе биде запишан во македонската историја како датум кога македонската опозиција избега да се соочи со македонските граѓани преку избори. Избегаа и се скрија во одаите каде не одлучува македонскиот народ. Побараа заштита од сите за да се заштитат од сопствениот народ.

Одлагањето на изборите за некои политичари значеше продолжување на политичката кариера и пролонгирање на кризата, а тоа очигледно беше и целта на опозицијата, бидејќи единствен начин како тие себе си се снаоѓаат во политиката е само преку креирање и одржување на долгорочни кризи. Тие не може да се борат преку идеи, проекти и конструктивна дебата. Не се снаоѓаат, никогаш не победиле на избори и никогаш не ја добиле на фер начин довербата од граѓаните. Знаат дека треба да создадат хаос за да се доберат до власта.

Секаде во светот опозицијата е таа што бара избори преку кои би можела да дојде на власт, единствено во Македонија имаме пример каде опозицијата бега од избори и соочување со граѓаните, нешто што не е замисливо во ниту една држава во светот. Сите претставници на маѓународната заедница се зачудени од ваквата состојба и кон нашата опозиција гледаат со нескриена жал и чудење.

Македонската опозицијата е единствена во многу работи. Наместо да се срамат од тоа што избегаа од избори, деновиве гледаме како се гордеат со тоа што не се одржаа предвремените договорени парламентарни избори. Неодржувањето на избори го претставуваат како еден голем успех за нив и се радуваат исто како да победиле на избори.

Доколку во Македонија навистина немаше слобода, демократија и имаше огромно незадоволство кај граѓаните, онака како што тврди македонската опозиција и медиумите кои се под нејзина капа, протестите ќе беа масовни и ќе протестираше целиот народот, а не 2.000, 3.000 „спонтано“ собрани активисти на опозицијата и платеници чија што професија е да протестираат, уништуваат, кршат и да креираат хаос и страв. За пари од Сорос секако. Овие луѓе не протестираат ниту за слобода, ниту за демократија овие луѓе протестираат за да дојдат на власт и да заработат дневници. Ги има на многу места во Европа и светото. Не се ниту први ниту креативни.

На опозицијата и СДСМ треба да им биде јасно дека нема да може да го заобиколат народот, народот е оној што единствено има право да одлучи кој ќе ја води државата и никој друг. Не ќе може да бегаат цело време од избори, може да избегаат еднаш, двапати, трипати, но кога тогаш ќе мора да се соочат со граѓаните. Kолку повеќе одложуваат, толку поголема казна ќе добијат.

За нашата опозиција слобода и демократија во Македонија ќе има само кога тие би дошле на власт макар тоа било и на недемократски начин, како што и се обидуваат преку создавање на вештачки кризи и преку најразлични надворешни фактори. Тоа нема да им успее, колку и да се надеваат дека некој друг ќе им ја заврши работата. Избори ќе дојдат и казната ќе стигне.

Пишува: Илија Димовски за Дневник

Тодоров: Со пролонгирање на изборите Македонија доби хаос, уништување споменици и страв кај граѓаните

Nikola-Todorov-Kanal5-2

Очекувањата се оваа криза веќе еднаш да заврши, доста е треба да се има избори, граѓаните да кажат кој е тој што ќе ја има одговорноста да ја води оваа држава на еден демократски и фер начин.

Ова го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, кој беше гостин во Дневникот на Канал 5.

-Да си го поставиме прашањето што Македонија доби со пролонгирањето на изборите од 24ти Април, што денеска имаме? Имаме хаос, имаме блокиран главен град, имаме луѓе кои не можат да излезат да прошетаат, имаме уништување на споменици, уништување на културно наследство, имаме тензија и страв кај граѓаните, тоа мора да запре.

Од друга страна, додаде Тодоров, клучно е прашањето што на секој човек му треба, дали му треба нова фабрика да се отвори во Битола или му треба блокирана и хаотична Битола.

-Дали треба во Скопје да се отворат нови работни места или треба блокиран град во кој што не можеш да пројдеш ни со возило ни пешки, ниту да прошеташ и да чувствуваш страв дека нешто може да ти се случи на тебе или на некој од твоето семејство затоа што некој одлучил револтот да го изразува со вандализам, со немири, со кршење и уништување.

100 РАЗРЕШУВАЊА ВО МВР: Спасовски од СДСМ предизвика хаос пред да си поднесе оставка

Oliver-Spasovski-MVR-SDSM

Техничкиот министер за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски предизвика хаос пред депонирањето на условената оставка до Собранието.

Според информациите кои вчера ги објави порталот Пресс 24, Спасовски донел 100 решенија за уназадување на раководители на организациони единици во сектори на МВР, а на нивно место унапредил други лица надвор од процедурите. Според извори од МВР се работи за партиски активисти на СДСМ. До сега техничкиот министер има донесено околу 500 спорни решенија кои се незаконски.

Со тоа Спасовски повторно ги погазува одлуките на Управниот суд кој донесе и времени мерки. Управниот суд, по поднесена жалба од заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков,  ги стави вон сила односно изрекол времена мерка се до донесување конечна пресуда за сите 29 решенија кои ден пред Нова година ги донесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Пет од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид. Управниот суд, со времена мерка, ги стави вон сила и решенијата на Спасовски со кои беа унапредени уште 17 лица.

Jавноста памети кога на 31 декември, со надеж дека заради прославата на Нова Година нема да биде забележан, Спасовски одлучи спротивно на законот, за седум нивоа да го унапреди сопругот на Фросина Ременски. За ваквото однесување и штетите кои ги предизвикува во безбедносниот систем, Оливер Спасовски веќе заработи и кривична пријава за злоупотреба на службената положба и непочитување на судска одлука.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на  прес-конференција по распуштањето на Собранието, соопшти дека тие нема да учествуваат на предвремените избори на 5 јуни и го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека ги држи министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски од редовите на СДСМ како заложници во Владата.

Според Заев спротивно на нивната волја Оливер Спасовски и Фросина Ременски се принудени да земаат плати како министри и да ја извршуваат функцијата.

– Нашите министри многу навремено денеска ги поднесоа своите оставки со дополнителните заменици министри. Секако одлуката видовте не зависи од нас. Некој се дрзна во заложништво да држи луѓе во Влада која што има намера да спроведе криминални избори. Ние ќе направиме се нашите министри да не бидат во таа Влада. Ќе го прашате Никола Груевски и парламентарното мнозинство зошто ги држи во заложништво, рече Заев.