Делев: За само една година Македонија ќе биде задолжена за повеќе од 1,3 милијарди евра

Во Емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија гостуваше Христијан Делев, поранешниот заменик министер за економија во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Делев дискутираше за предлог Буџетот за 2018 година при што истакна дека Македонија оваа година ќе има рекордно задолжување, со што веќе се става знак прашалник дали ќе можеме да го сервисираме долгот, според Делев Македонија во изминативе 27 години се задолжила вкупно за 5.6 милијарди евра, а сега за само една година СДСМ ќе ја задолжи за неверојатни 1.3 милијарди евра.

-Максимумот со кое што Македонија може да се задолжи го надминуваме. Со овие задолжувања што веќе се направени ние влегуваме во една опасна зона каде што веќе ќе се стави знак прашалник дали ке имаме капацитет и можност да ги сервисираме тие долгови, истакна Делев.

Според Делев власта се задолжува без притоа да реализира барем еден реален проект.

-Еве сакам да напоменам со овој предлог Буџет и со досегашното искуство од новата влада, за денот кога владата ќе слави една година од превземањето на власта, Македонија ќе биде задолжена повеќе од 1,3 милијарди евра. Ако земеме во предвид дека Македонија за 27 години максимум се задолжила 5,6 милијарда евра, сега само за една година се задолжува над 1,3 милијарди евра што е енормен скок на задолжувањето а притоа непродуцирајќи ниту еден реален проект, заклучи тој.

РУДНИК ИЛОВИЦА: Ќе бидат ангажирани над 1.000 луѓе за градежни активности и околу 600 рудари

Експропријацијата на рудникот Иловица е во финална фаза, со што насокро ќе започнат градежните активности. Се очекува веќе кон крајот на септември или почетокот на октомври да се започне со градежни работи.

-Експропријацијата за две концесии кои треба да се спојат во една и  веќе при крај. Градежните работи ќе траат отприлика година до година ипол. Станува збор за еден од најголемите рудници во југоисточна Европа и сигурно ќе бидат ангажирани над 1.000 луѓе од градежниот сектор кои ќе работат само во фаза на градба. Понатаму ќе бидат ангажирани околу 600 рудари кои ќе работат во континуитет во овој рудник, вели заменик министерот за економија Христијан Делев.

Станува збор за една од најсериозните инвестиции во Македонија и ќе влијае многу врз економијата во државата.

-Се надевам дека и во иднина ќе имаме слични две до три локалитети за кои што веќе минатата недела на една компанија од Австралија и доделивме концесија за експлоатација. Компанијата планира да отврои два поголеми рудници кои што треба со слична големина како Иловица, објаснува Делев.

Концесиите се наоѓаат во реонот на Пробиштип, Кратово и Крива Паланка.

Рударите од Злетово и Тораница ќе ги добијат заостанатите плати – од денес започна исплатата

Денеска започнува исплатата на трите заостанати плати на рударите од Злетово и Тораница, од претходната стечајна постапка. Станува збор за плати кои што не биле исплатени од претходните сопственици.

-Рударите може да очекуваат во следните неколку денови да ги добијат тие средства кои неправедно од претходните сопственици не им беа исплатени. Од продажбата од имотот на двата рудници првенство на наплата ќе имаат овие рудари, вели заменик министерот за економија, Христијан Делев.

Бугарски „Минстрој“ веќе станаа и официјално сопственици и ги добија имотните листови со што се впишани како официјални сопственици на двата рудници. Со тоа прарелно аплицирале за сите потребни дозволи од Министерство за економија и од Министерство за животна средина.

-Очекуваме во наредните две до три недели да ги добијат тие дозволи кои што се многу важни за понатамошна експлоатација во двата рудници. Едниот е рударскиот проект кој треба да го одобри Министерство за економија и вториот е студијата за животна средија која треба да ја одобри надлежното министерство, информира Делев.

Во моментов информира Делев, се ангажирани околу 160 луѓе во двата рудници кои работат интензивно на припремите за рестартирање на рудниците. Двата рудника подолго време беа запуштени со што ќе биде потребно извесно време за да се доведат до ниво на безбедност.

-Моментално се работи на припреми за флотацијата. Се реновира комплетно делот на флотацијата со една нова технологија која што ќе ги задоволува новите стандарди. Очекуваме дека во наредните неколку месеци како што вети инвеститорот, ќе бидат вратени сите рудари кои биле ангажирани во двата рудници. Очекуваме етапно во наредните неколку месеци сите рудари да се вратат на своите работни места и двата рудници да работата со полна пареа, подвлекува Делев.

Исто така, во наредните две до три недели ќе биде објавен оглас за 5 нови локации за детални геолошки истражувања од кои три локации за металични содржини за кои што веќе има одредени прелиминарни податоци, дека во истите имаат поголем процент на метал.

Во моментов тече и оглас за термоминерални води. Станува збор за користење на термоминералните води од локалитетот Стрновец.

ВИДЕО: Делев ги отфрли обвинувањата на Љупчо Николовски од СДСМ

Заменик-министерот за економија Христијан Делев денеска ги демантира сите обвинувања на Љупчо Николовски од СДСМ и рече дека е лага оти склучил договори со концесионери за ослободување од плаќање годишнина закупнина на земјиште.

– Во сите договори што ги имам склучено во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство концесионерите се обврзуваат на плаќање годишен надомест за закупнина, рече Делев.

Тој напомена дека сите договори се склучени претходно, во времето на владеење на СДСМ и на сите договори, како што рече, е потпишан нивниот министер Славко Петров.

ЛАГИ ЗА ЏУМАЈЛИЈА: Делев најави кривична пријава против Николовски од СДСМ

Прес-конференциите на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очигледно му служат само за манипулации и ширење невистини во јавноста. Тој и денеска ја  злоупотреби службената положба за пласирање лаги.

Ова го изјави заменик-министерот за економија Христијан Делев по обвинувањата на Николовски дека го ослободил агрокомбинатот „Џумајлија“ од закупнина за 5.642 хектари.

Најавувајќи кривична пријава против Николовски, Делев нагласи дека до 2006 година СДСМ наплатуваше закупнина едвај 600.000 евра, а сега се плаќа над три милиони евра годишно.

– Досега неколкупати ги демантирав лажните наводи на Николовски, но веројатно не му одговара или не сака да сфати дека нема ништо незаконски во анексите на договорите за закуп на државното земјоделско земјиште, ниту пак ослободување од плаќање закупнина, напомена Делев и објасни дека во анекс-договорите што, според него, и самиот Николовски ги објавува, децидно е наведено „закупецот е должен да  почне да плаќа закупнина од 05.05.2008 година“, односно од денот кога завршува ослободувањето од плаќање закупнина дадено од министерот на СДСМ Славко Петров.

– Го прашувам Николовски, кој ги ослободувал фирмите од плаќање закуп и која влада покажа вистинска грижа за земјоделците. Неговата со шест милиони евра субвенции или коалициската предводена од  ВМРО-ДПМНЕ со 150 милиони евра субвенции, рече заменик-министерот за економија.

Нарушувањето на угледот на институциите и поединците со изјави кои се засноваат на непроверени информации, додаде, повлекува одговорност пред закон. Поради тоа, веќе почнав процедура за поднесување кривична пријава за Љупчо Николовски. Законите важат за сите, па и за Љупчо Николовски, подвлече Христијан Делев.

Делев го демантираше Николовски: Договорите за закуп се потпишани во времето на СДСМ

Заменик-министерот за економија Христијан Делев ги оценува како манипулација со јавноста денешните изнесени наводи од дополнителниот заменик-минситер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Основните договори и анексите за закуп на земјоделско земјиште се јавни документи и граѓаните можат да ги видат и да увидат дека никаде не е направено ништо незаконски, наведува Делев во демант испратен до медиумите.

Во него појаснува дека основните договори се потпишани во времето на СДСМ во владеењето на Славко Петров во  2004 година и во сите овие договори корисниците на земјоделско земјиште се ослободуваат од плаќање закуп за цели 4 години.

Анексите по Закон мораше да се склучуваат, односно со тоа да се обврзат корисниците  да плаќаат закуп за користење на тоа земјоделско земјиште. Впрочем, Николовски во денешната изјава самиот се демантира со тоа што кажува дека државниот правобранител укажува дека четирите години важат од денот на потпишување на договорот потпишан од Славко Петров, наведува заменик-минситерот за економија Христијан Делев.

Делев: Нови 1.000 вработувања во рударската индустрија

Христијан Делев, заменик министерот за економија на Република Македонија, говореше за реформите во рударската индустрија, како и напредокот постигнат на ова поле.

-Минатата недела заврши електронската јавна аукција за концесија на Злетово и  Тораница и компанија од Бугарија беше со највисока понуда. Процесот трае и во следната недела ќе има официјален концесионер. Понатаму уште една фаза откуп на стечајна маса што треба да ја објави стечајниот управител и ќе се премине кон правење план за рестартирање. Првата фаза ќе почне во јуни и за 3 месеци концесионерот ќе може да ги ангажира поголемиот дел од вработените во овие два рудници. Тоа е многу важно за овој крај бидејќи повеќе од 920 рудари очекуваат да се вратат на работа. Во текот на оваа година уште 2 рудници ќе почнат со градба, Казан Дол и најголемиот во југоисточна Европа, рудникот за злато и сребро на Еуромакс, која е околу 500 милиони евра во отворање на рудникот и очекуваме 1000 луѓе да бидат вработени. Ако досега во историјата на Македонија беа издадени 54 концесии, за овој период имаме издадени 217 концесии за експлоатација и ќе очекуваме да се отворат уште повеќе рудници, истакна Делев.