ЗНМ контра Владата: Македонија е заробена држава со медиуми во грч

Ветуваа слобода а воведуваат цензура. Остри критики од Здружението на новинарите на Македонија и од Институтот за општествени науки за предлог Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предупредуваат дека со законските измени и паричните казни власта сака да ги цензурира и уредува медиумите, што е спротивно на уставот. Реагираат дека Македонија станува целосно заробена држава, а медиумите се во грч. Вака предложеното решение не смее да помине во собрание.

– Актуелниот Закон е совршен пример на илиберална демократија и нејзиниот главен механизам заробената држава, во која извршната власт до толкав степен ги потчинува законодавната и судската, што е практично е единствената власт. Карактеристично за сите илиберални демократии е дека законите премногу се детализираат, што е случај и во овој Закон, со што фактички е сведен на правилник, вели Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја обвини Владата дека со обидот за воведување на парични казни за неетичко известување на медиумите сака да воведе цензура, која е забранета со македонскиот устав. Алармираат власта да ги тргне рацете од уредувачката политика кај приватните медиуми, зашто за програмата на телевизиите треба да одлучи пазарот, а не политичарите, кои преку казни, дополнително би се офајдиле.

– Ако помине овој член власта во иднина ќе ја утврдува вистината во медиумите, она што според нејзиниот вкус ќе биде лага ќе го казнува со пет илјади евра за медиумот и 1.500 евра за одговорното лице. Овој член од законот ќе има застрашувачки ефекти врз слободата на медиумите и слободата на говорот, ќе ја зајакне постојната самоцензура и ќе ја задуши критиката во медиумите, нагласи претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Новиот предлог Закон со кој се регулира работата на медиумите е веќе скроен. Министерството за информатичко општество го стави на хартија, но без да ги консултира сите засегнати страни.

Главниот акцент е ставен на намалување на политичкото влијание, но со мерки кои отвораат простор за казни врз новинарите и слободата на изразување.

Инаку, ЗНМ во изминативе години беше меѓу најгласните во борбата за слобода во медиумите и немешањето на власта во уредувачката политика. Сега предупредуваат дека Владата практично сака да стави рака врз медиумската содржина и да изигрува главен и одговорен уредник и да им каже на новинарите што е етичко а што е неетичко известување.

Поради македонска историја и национализам – Тозија ја цензурира ТВ серијата „Македонија“?! (ДОКУМЕНТИ)

Нападот кон серијата „Македонија“ и кон „Јадран Филм“ од страна на директорот на Агенцијата за филм на Македонија, Горјан Тозија, не е поради доцење на проектот или поради финансии како што тој тврди, туку е поради наводното присуство на македонски национализам и присуството на македонска историја во филмот – тврди во писмена изјава хрватскиот продуцент Борис Грегориќ, пишува Република.

„Тозија намерно го одолговлекуваше проектот, за подоцна да не обвини нас за одолговлекување“, вели Грегориќ во неговата изјава.

Во прилог на изјавата, Грегориќ достави и „Вибер“ комуникација со Тозија, во која тој му вели дека филмскиот проект „Македонија“ може да продолжи, но од филмот треба да се исфрлат „националистички“ елементи затоа што тие и наштетувале на Македонија. За ова, во пораката која ја доставува Грегориќ, Тозија се консултирал со министерот Алаѓозовски а ќе се консултирал и со Заев.

Ваквото барање на директорот на Агенцијата на филм, доаѓа токму во периодот кога Македонија го потпишува договорот за добрососедство со Бугарија и ги интензивира преговорите со Грција за промена на името. Сево ова наведува дека поради обврските кон двете земји, Владата не дозволува да се сними овој филм.

Официјалната причина поради која Тозија денеска побара стопирање на овој филмски проект е поради доцнење на реализацијата на серијата и дека институција со која што тој раководи поведе постапки пред сите надлежни институции поради очигледните прекршувања на потпишаниот договор од страна на видео продукцијата „Јадран филм“ за реализација на играна серија „Македонија“.

Грегориќ од друга страна одговара дека токму Тозија е човекот кој побарал одлагање на проектот откако ја преземал директорската позиција.

– Со господинот Тозија, директор на Агенцијата за филм на Република Македонија се договорив да го преземам проектот како главен продуцент и дури после неговото „зелено светло“ потпишав договор со Јадран Филм и примив хонорар, во исто време тој неколку пати ме праша „дали ме платиле?“, што ми беше чуден сигнал. Целосно се невистинити тврдењата на господин Тозија дека не сме се договориле за се, особено затоа што тој лично ги договори сите термини за снимање за јас како човек од доверба на Тозија (со кого почнав да соработувам во 1980), почнам да ја снимам серијата. – вели Грегориќ во писмото.

Грегориќ додава и дека се во неколку наврати во целиот период, се среќавал со Тозија – кој му викал да се искористи шансата што поскоро, да се земат парите за филмот.

-На почетокот на Септември сакав да дојдам во Македонија и да ги започнам припремите за снимање, за што го известив господин Тозија, но од негова страна само добивав пораки дека сеуште не е време, да се стрпам, по што дури следниот месец дојдов во Скопје. Наеднаш тој почна да зборува дека не сака повеќе да разговара со оние со кои до вчера седеше заедно и се договараше околу филмот и дури и ме предупреди дека случајно можеби и јас би заглавил зад решетки, што е јасна закана за продуцентот и авторот на серијата. Лично ми рече: „Земете ги парите додека можете“, за после неколку дена да ме нападне затоа што сме ја снимале серијата, а што треба да правиме? Од се ова е јасно дека господинот Тозија се обидува да не измами сите нас, но и институциите на Република Македонија и македонската јавност. – вели Борис Грегориќ во изјавата.

За сите прашања околу случајот „Република“ разговараше и со директорот на Агенцијата за Филм, Горјан Тозија. Тој не негира дека имал комуникација преку „Вибер“ со Грегориќ, но не замоли да му ја пратиме пораката која ни ја испрати хрватскиот продуцент за да може да ја потврди нејзината автентичност.

Во исто време, директорот на Агенцијата и понатаму тврди дека единствената причина за барањето на раскинување на договорот за филмот е поради доцнењето на проектот и според него големата сума.

Тозија не извести дека во текот на утрешниот ден ќе ни испрати детален одговор на изјавата на Грегориќ и потврда за „Вибер“ комуникацијата.

Инаку, веќе излезе трајлерот за серијата „Македонија“ и тој може да се види на youtube.

ВМРО-ДПМНЕ: Заложбите на владата и Поповски за наводни слободни медиуми се лажни, тие се уценети и притиснати, владее медиумски мрак

Протоколарните заложби за слободни медиуми на владата и Роберт Поповски се лажни. Медиумите и газдите на медиумите се уценети и притиснати од полициската алатка на СДС, СЈО, што придонесува за целосен медиумски мрак и пристрасно известување, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Го прашуваме министерот за пропаганда на владејачката партија СДС, платен со парите на граѓаните Роберт Поповски: како ја подобри слободата на медиумите и каде го гледа напредокот? Вработи над 40 луѓе во владата за да го подобри информирањето, но освен што тие ја чинат државата илјадници евра транспарентноста на владата не е подобрена и зошто се уште се одбегнуваат одговори на вистинските прашања кои ги бара јавноста поврзани со трошењето на јавните пари и давањето на тендери во 4 очи како што беше тоа случајот со вицепремиерот Анѓушев? Има ли подобар пример за рушење на независноста на новинарството од самиот Роберт Поповски кој од првото место во ЗНМ, се најде за одговорен на партискиот прес центар на СДС, за да седне во министерската фотелја, порачуваат од партијата.

Џафери се обидува да ги замолчи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои обелоденија криминали на ДУИ

Талат Џафери денес се обиде да го замолчи пратеникот Антонио Милошоски кој од собраниската говорница почна да ги изнесува информациите за сторен криминал на градоначалниците од ДУИ.

Во моментот кога Милошоски се обиде да ја објасни потребата од носењето на законот за двојазичност дека е со цел да се сокријат криминалите и неспособноста на ДУИ пред своите гласачи, Џафери најпрво започна да му упаѓа во дискусијата за на крај во неколку наврати да му го исклучи микрофонот со што му го ускрати правото на збор на пратеникот, едно од основните демократски права во Собранието на Република Македонија.

Одбраната на Кочан тврди: Целта на неговиот притвор е да се замолчи медиумот

Во медиумите постои хајка против Сеад Кочан, кој е само на службен пат и е успешен стопанственик и сопственик на телевизија, со што се повредува слободата на изразување, на мисла и на говор, рече Никола Додевски, адвокат на бизнисменот Кочан, кој е осомничен во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска на седницата на Апелациониот суд во Скопје на која се расправа по жалбата за одредениот притвор.

– Дискриминаторското однесување кон обвинентите нема оправдување затоа што од тројца обвинети само за Кочан е одреден притвор. Тоа е така само затоа што е сопственик на медиум што е прекршување на чл.10 од Конвенцијата за човекови права. Друго објаснување од приложените докази нема. Затоа сметам дека целта на притворот е Кочан е неговиот медиум да биде замолчен. Кочан може да е во бегство само ако му е изречена пресуда или бил затворен па ископал тунел и избегал. Бегството е конструкција на СЈО и медиумите кои први објавија, информирани од не знам кого, дека Кочан е во притвор, а СЈО потоа даде изјава дека тој е во бегство, рече Додевски.

„ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПИШУВАТЕ!!!“ – Есад Рахиќ од СДСМ се закани на новинарите (ВИДЕО)

Екс-пратеникот на СДСМ Есад Рахиќ, чиј брат е осомничен за трговија со дрога и нелегално поседување на оружје и кој доби 30 дневен притвор, денеска во интервјуто за опозцииската 24 Вести испрати закана кон новинарите, објавува „Инфомакс“.

На крајот на десет минутното интервју, Рахиќ испрати закани кон новинарите да внимаваат што пишуваат бидејќи тој и неговото семејство имале многу пријатели, за кои не можел да гарантира како ќе се однесуваат кога ќе ги сретнеле новинарите кои пишувале за него и неговиот брат.

-Сакам да ги замолам вашите колеги да внимаваат што пишуваат, затоа што Есад Рахиќ и семејството Рахиќ имаат многу пријатели, верувајте многу пријатели кои што јас не можам да гарантирам како ќе реагираат кога ќе сретнат некој од нив што пишуваат вакви небулози, рече Есад Рахиќ.

Сеад Рахиќ  беше уапсен во петокот вечерта рација на полицијата заедно со уште четири лица, под сомнение дека организирал криминална група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко.

Надлежниот судија на петтемина членови на криминалната група кои беа уапсени во акцијата „Мрежа“ на МВР им изрече мерка притвор во времетраење од по 30 дена. За време на вчерашното спроведување во Судот, членови на групата ги пцуеја, навредуваа и им се закануваа на новинарите, покажува снимката која ја објави порталот Телеграф.мк.

Според информации кои вчера ги објави МВР, криминалната група, организирана од Сеад Рахиќ, од ноември, лани, континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.

ЦЕНЗУРА И ПРИТИСОК ОД САД: Миленко Неделковски еднострано го раскина договорот со Канал 5 (ВИДЕО)

Новинарот Миленко Неделковски објави дека го раскинал договорот со телевизијата „Канал 5“, за емитување на една од најгледаните емисии во Македонија „Миленко Неделковски шоу“ која постигнуваше рекордна гледаност

Кои се причините поради кои се раскинува соработката со Канал 5, особено откако емисиите на Неделковски беа константно под притисок, цензура и разни контраверзи, слушнете тука:

 

ЦЕНЗУРА И ПРИТИСОЦИ: Забранета и избришана радио-емисијата на Миленко Неделковски!

Вчера по повод изборните резултати во САД, во радио-емисијата на Миленко Неделковски која се емитува на Радио Слободна Македонија беше забранета и избришана од официјалниот канал на ЈуТјуб на радиото.

Гостин во емисијата како аналитичар беше Бобан Нонковиќ, а темата беше „Победата на Трамп“.

Но, емисијата синоќа беше потвторно објавена на Јутјуб каналот на РСМ, гледајте ја побрзо, пред потворно да ја ибришат цензорите и полтроните на Чадорот.

МАН: Агенцијата за медиуми се однесува како цензор, а не како самостоен регулатор

Во соопштението се оценува дека Агенцијата за медиуми продолжува да се однесува како цензор, а не како самостоен регулатор и оти протежира и заштитува една политичка страна на сметка на другата

Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска со соопштение реагираше во врска со последните активности на Агенцијата за медиуми, односно Привремената комисија за надзор на медиумите во предизборниот период.

Во соопштението се оценува дека Агенцијата за медиуми продолжува да се однесува како цензор, а не како самостоен регулатор и оти протежира и заштитува една политичка страна на сметка на другата.

Тоа го прави со селективен пристап и двоен критериум зависно кој медиум им се видел поблизок до страната која ја протежираат, односно страната која однапред ја осудуваат, па така еден ист прилог емитуван на ТВ Сител е предмет на критика, а на Телма е прифатлив, се посочува во соопштението.

Според МАН, Агенцијата за медиуми е селективна и кон партиската припадност на министрите, односно, како што се истакнува, медиумски прилог со изјава на министер од опозицијата не се смета за равенство помеѓу партија и држава, а настап на министер од мнозинството е критикувано и казниво.

– Агенцијата за медиуми е пристрасна и кон државните институции. Во последниот извештај се забележува и оспорува право на медиум да има критички прилог кон СЈО, иако СЈО е дел од власта како и другите судски или извршни институции за кои, од друга страна, Агенцијата за медиуми препорачува критички однос на медиумите. Потсетуваме ограничувања за критика кон полициски органи и обвинителства е најстрого забрането според европските стандарди за јавно информирање, како и за човекови права, велат од МАН.

Оттаму истакнуваат дека Агенцијата за медиуми не дозволува и самостојна и независна работа на Привремената комисија за следење на медиумите.

– Агенцијата за медиуми не дозволува самостојна и независна работа на Привремената комисија за следење на медиумите и наместо да ја остави Привремената комисија сама да избира спорни емитувања на медиумите и самостојно да гради однос кон одредени појави Агенцијата за медиуми селектира избор и во своите забелешки наметнува однос и казна по што адхок телото станува само обична алатка за гласање по избор и селекција на Агенцијата. Со ова се поништува функцијата на Привремената комисија и се доведува во прашање потребата од неговото постоење, се наведува во сооштението од МАН

МОЛК, ШТАМА И ТИШИНА: Нов скандал во македонскиот медиумски етер

Во текот на вчерашниот ден гледачите беа сведоци на скандалозна емисија на авторот и водител Миленко Неделковски.

Емисијата Миленко Неделковски Шоу која траеше 20 минути помина во целосен молк, освен поздравниот и одјавниот дел на почетокот и крајот кога водителот ги поздрави своите гледачи.

Направив емисија која кореспондира со моменталната ситуација во која се наоѓа новинарот, новинарството, медиумите и слободата на говор во Република Македонија, кусо искоментира Неделковски на прашањето на Курир зошто се одлучил за таква емисија и која порака ја испраќа.

Оваа емисија беше своевидна критика на цензурата и хајката против медиумите, за начинот на уредување, слободата на говор и дури ако сакате аголот од кој се снима.