ШИЛЕГОВ ДРВОСЕЧАЧОТ: Прв проект – ги исече дрвата во Чаир, паркобраните не смеат да му писнат

Од ветуваното зеленило, добивме сечење на дрвата токму од оние кои најмногу се бунеа за секое едно исечено дрво. Градоначалникот Петре Шилегов вели пак дека не знаел дека дрвјата биле сечени, нешто што секако е негова работа.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера ги исече дрвата во паркот кај поликлиниката во Чаир во Скопје, а од Кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги предупредија во иднина да ги известуваат за секоја сеча на дрва пред да ја направат, пренесува СДК.МК

Граѓаните кои живеат во околните згради остро реагираат и бараат објаснување од Град Скопје зошто е исечен пола парк, во моментите кога Скопје се соочува со високо ниво на загаденост.

Од ЈП„Паркови и зеленило“ велат дека ги исекле дрвата бидејќи се работело за тополи кои биле опасни.

-Сечењето е според програмата на Град Скопје. Стануваше збор за тополи кои беа накривени и малку фалеше да паднат врз зградите или не дај боже врз некој човек во паркот. Заради вакви случаи ние плаќаме оштети на граѓани, само пред неколку недели плативме еден милион денари, на граѓанин бидејќи дрво му паднало врз колата. Предвидено е во наредниот период да се сечат тополите спроти поранешна Нова Македонија“, вели директорот на ЈП„Паркови и зеленило, Душан Авировиќ.

Граѓаните сега гласно прашуваат каде се паркобраните на СДСМ кои додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт за едно исечено дрво, се бунеа како да е крај на светот, а сега кога се сече цел парк ги нема никаде.

Гласно се коментира дека наместо директно удирање по џебот на граѓаните со поскапувањето на паркингот во Скопје, градоначалникот Шилегов би можел да се погрижи да не се сечат дрвјата во градот кој во овие моменти се мачи со голема загаденост.

И поистакнатите членови на СДСМ, како што е Ивор Мицковски. Тој на Фејсбук праша „Нагрна ли живот доволно хипокритчиња?!“.

ПРОВОКАЦИЈА ВО ЧАИР: Дрон со знаме на голема Албанија леташе на дуелот Шкупи – Вардар (ФОТО)

Дрон со знаме на голема Албанија се појави на дуелот меѓу Вардар и Шкупи кој денеска се игра на стадионот во скопски Чаир. Дронот леташе над стадионот, во близина на околните згради кои се непосредно до стадионот. Тоа се случуваше на средината од првото полувреме.

Додека леташе знамето, навивачите на Шкупи со овации го поздравуваа, додека навивачите на Вардар упатија свирежи.

Сепак, поради силниот ветер, дронот сосе знамето одлета во крошните на дрвјата и се заглави.

Дуелот засега е во корист на Вардар. Во 20. минута Џонатан Балотели постигна гол за водство на Вардар од 1:0.

Инцидент со слично сценарио се случи пред неколку години во Србија, кога на дуелот со Албанија на стандионот во Белград слета дрон со истото знаме на голема Албанија.

Каде се СДСМ и соросовите „Паркобрани“ кои се противеа на изградба на легална црква во Центар, сега да реагираат за сечењето дрва и изградба на џамија дивоградба во Чаир?

Каде се паркобраните на СОРОС и противниците од СДСМ кои жестоко се противеа за изградба на легална црква во општина Центар и сечењето на пет стари дрва, сега да реагираат за сечењето на десетици дрва и изградбата на џиновска џамија дивоградба во општина Чаир?

На огромна парковска површина со многудеценски дрвја во населбата Топанско Поле ќе се гради џамија. Просторот е веќе ограден со лимена ограда, а со забрзано темпо речиси за два дена е изградена монтажната лимена куќа, која веројатно ќе се користи за градежните работници.

Истите оние соросови активисти, кои себеси се нарекуваа „Паркобрани“ и кои наводно се залагаа за зачувување на дрвјата и зеленилото, сега ги нема никаде да излезат со било каква реакција за сечењето на многудецениските дрвја каде ќе се гради џамија. Истите оние кои жестоко протестираа за изградба на легална црква во центарот на Скопје, сега не им пречи тоа што се уништува парковска површина за да се изградија џамија дивоградба.

parkobrani

Во 2013-та година, токму оваа група политички инструирана од СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски започна протести кај хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје, затоа што биле загрижени поради тоа што ќе се уништело зеленило за да се изградела црква.

parkobran

Дека нивните протести имаа политичка позадина, а не стануваше збор за вистинска еколошка грижа покажува фактот што истите беа исценирани од страна на партиска група во која најголемиот дел беа функционери и вработени во Општина Центар, но и роднини на високи политичари од СДСМ. Оние кои со месеци ја манипулираа јавноста дека се грижат за зеленилото во Скопје, со низа постапки докажаа дека истите тие кои протестираа против сечењето на пет стари дрва на место каде што треба да се изгради црква, не беа ништо друго туку само група на луѓе која се користеше за партиски цели.

Истите овие „Паркобрани“ молчеа и кога Андреј Жерновски сечеше дрва на улицата „Ѓорѓи Пешков“ во Дебар Маало, како и на низа други локации во централното градско подрачје.  За таквите акции на Жерновски за сечење на дрвја немаше протести, вандалско рушење тараби, ноќни “дежурства“, транспаренти и огрдување на објекти во центарот на градот.

parkobran-500

Овие активисти кои се претставуваа за независни дрвољупци беа редовен декор кога поради планските промени во согласност со урбанистичките планови се отстрануваше старо зеленило со цел да се реуредува просторот во централното градско подрачје.

Некои дрва не заслужуваат протест во име на повисоките „непартиски“ цели

Селективното реагирање на групата наречена „Паркобрани“ е доказ дека протестите кај „Бристол“ беа политички мотивирани. Од „Паркобраните“ кои со ноќи го чуваа паркот кај Бристол, сега нема ниту трага, ниту глас кога во Чаир се уништува огромна парковска површина и се сечат многулетни дрвја.

secenje-drva

Тоа што тие сега не реагираат, покажува дека тогаш не ги бранеле личните, туку бранеле партиски ставови. Ова само наведува дека дрвјата во Дебар Маало кои ги сечеше Жерновски и оние во Чаир кои сега ги сече Изет Меџити изгледа немаат иста политичка тежина како оние пред Бристол. За едните требаше партиски да се одработува, за другите не.

До каде може да оди лицемериото на СДСМ и Андреј Жерновски кога “уништување“ на зеленило е во прашање покажува и последните случувања кај поранешен „Чичко Стоилко“ во близина на ГТЦ. Изминативе денови Жерновски преку соопштение обвини дека последниот потег на град Скопје да ги исечело зимзелените садници на потегот од Триумфалната порта до ГТЦ било несфатливо уништување на зеленилото.

debardrvo4

На ваквите обвинување од Жерновски реагираше Градот Скопје, кој соопшти дека на ова место се искастрени неколку грмушки, а не дрва како што се наведува. Стручните служби од ЈП „Паркови и зеленило“, по извршен увид оцениле дека истите се делумно исушени и треба да бидат отстранети.

20170419083855

Истите оние кои сега реагираат за исечени диви грмушки, молчат кога истовремено се сечат десетици дрва во Чаир каде никнува огромна џамија дивоградба, која според последните информации ќе биде една од најголемите во Европа.

Има ли “дил“ меѓу Заев и Меџити?! – СДСМ молчи за џамијата дивоградба, а кочеше изградба на легална црква во Центар

Општина Чаир и Изет Меџити засега молчат и не одговараат за грандиозниот верски објект кој ќе се гради на територија на општината. И додека СДСМ од една страна за пет исечени стари дрвја ја кочеше изградбата на легална црква во центарот на Скопје, сега социјалдемократите молчат за џамијата дивоградба во Чаир.

Прашањето кое се поставува во јавноста е дали тоа е премолчен “дил“ на Заев со градоначалникот Меџити, кој во последно време повеќе делува како заменик на Петре Шилегов на портпаролското место во СДСМ, отколку како градоначалник на општина Чаир? Дали за сметка на молк за изградба на џамија во Чаир, СДСМ добива поддршка од Меџити за коалиција?

dzamija

Од сето ова излегува на површина дека целото противење на СДСМ на сите градби е чисто поради теснопартиски и политички причини, а не поради еколошка грижа за зеленилото и дрвјата.

Молк и од опозициските медиуми. Сдсмовските портали кои деноноќно ја следеа ситуацијата кај „Бристол“ и постојано известуваа за уништување на зеленилото, истите оние партиски активисти кои молчеа за сечата на дрвјата во Дебар Маало, сега нема да излезат со “жив штит“ пред дрвјата кои се сечат по наредба на Општина Чаир, бидејќи очигледно таму нема партиски интерес.

Оружјето пронајдено во чаирскиот подрум исто со она од Диво Насеље и од нападот на Владата

Триесетина гранати за рачен ракетен фрлач од ист вид со какви во два наврата беше гранатирана зградата на Владата во 2014 и 2007 година, а какви што беа запленети и од терористите во кумановска Дива Населба биле пронајдени во подрум во зграда во скопската населба Чаир, соопштија вчера од МВР

Според официјалните информации од полицијата, завчера околу 15.30 часот било пријавено дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир биле пронајдени две кофи полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати. При увидот на местото на настанот било утврдено дека станува збор за 19 гранати во калибар 40 милиметри во реденик, уште 12 такви гранати залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби од кинеско производство, една запалка за рачна бомба, десет куршуми во калибар 7.62 милиметри бојна муниција и 25 куршуми маневарска муниција во ист калибар, дознава „Дневник“.

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу изјави дека во тек се истрагата и проверките за пронајденото оружје за што е известен јавниот обвинител, а јавноста ќе биде известена за деталите кога ќе има резултати од истрагата.

Она што е интересно е дека запленетите гранати се 40 милиметарски од типот „аркус и кастрио“ наменети за рачни ракетни фрлачи, како и за автоматски пушки на кои под цевката се додава додаток за испалување на гранатите.

Oruzje-podrum-Cair-2

Вечерта на 28 октомври 2014 година два проектила завршија во зградата на Владата, едниот во фасадата и на покривот од зградата. Подоцна беше утврдено дека станува збор за 40-милиметарски гранати. Претходно, на 7 август со две гранати од ист калибар беше погодена зградата на на Врховниот суд и Основниот суд Скопје 2, во предвечерието на големиот протест против судењето на обвинетите во „Монструм“.

Експерти за „Дневник“ тогаш велеа дека двата напада биле со ист тип фрлач, најверојатно хрватскиот рачен фрлач на гранати РБГ-6, модернизирана верзија на јужноафриканскиот фрлач користен во војните во поранешна Југославија. Станува збор за фрлач што работи на принцип на револвер, кој може да истрела шест гранати.

Гранатите може да се употребат за кој било вид оружје, но станува збор за гранати „аркус и кастрио“ од бугарски производител на оружје.

Прв пат од МВР неофицијално информираа за нив во мај 2015 година, откако се правеше првиот попис на запленетото оружје од терористите во Дива Населба. Форензичарите тогаш избројале осум вакви гранати во калибар 40 милиметри. Меѓу големиот арсенал на оружје имаше ракетни фрлачи од повеќе видови и калибри. Балистичарите не можат да потврдат дека токму тој тип фрлачи биле користени во нападите и оти групата разбиена во Kуманово ги користела за гранатирање на Владата, но калибарот на оружјето, односно на гранатите е ист.

На црниот пазар во земјава и во регионот најдостапен е хрватскиот РБГ-6, но и поновите верзии на „калашников“, од кои може да се испукаат овие гранати. Во зависност од оружјето што е користено, се шпекулира и за бројот на лицата што учествувале во нападот. Се претпоставува дека при нападот на Владата напаѓачите биле со автомобил и од близина на тврдината Kале испукале две гранати. Поверојатно е напаѓачот да користел РБГ-6 од кој испукал две гранати. Две гранати беа испукани и во 2007 година, но не ја погодија целта, најверојатно бидејќи биле испукани од поголема далечина. Тогаш беше утврдено дека станува збор за далечина од 400 метри. И во април 2015 година беше гранатирана Владата, но исто така од поголема далечина, па проектилите на ја погодија зградата, туку паднаа во дворот.

Домарот го пронашол оружјето во канти од поликолор

Kако што дознава „Дневник“ од извори во истрагата, оружјето било случајно пронајдено во една од зградите на улицата Вуковарска. Домарот на зградата ги чистел подрумите и во еден од нив пронашол две канти за поликолор во кои било оружјето и ја информирал полицијата. Инспектори дошле на местото и извршиле разговор со сопственикот на станот, за кој дознаваме дека е лице со хендикеп.

Истрагата ќе биде отежната, бидејќи според информациите до кои дојде „Дневник“, во станот се собирале многу луѓе, познајници на сопственикот, но и други лица.

ФОТО: СДСМ продолжува да си поигрува со националните интереси: Двојазичната табла во Чаир повторно поставена

Продолжува лицемерното поигрување на СДСМ со националните интереси.

Двојазичната табла во Чаир, која општинскиот комитет на СДСМ одлучи да ја отстрани по само неколку дена од нејзиното првично поставуавање, денеска повторно е вратена, со албанско знаме покрај неа.

Откако скандалот се откри во јавноста, неколку дена по поставувањето на двојазичната табла на штабот на СДСМ во Чаир истата беше отстранета, а денеска повторно е вратена.

„Дневник“: Чаир со 8.659 и Тетово со 6.692 лица први на листата, во Пехчево само еден фантом

Чаир води со 8.659 од 39.502 спорни гласачи за кои се очекува деновиве да почне да тече рокот од 25 дена за да го потврдат своето гласачко право, во спротивно ќе бидат избришани од Избирачкиот список, пишува Дневник.

Веднаш зад неа е Тетово со 6.692 лица, Kарпош, каде што има 4.008 избирачи, и Центар со 3.005 гласачи за кои ќе важи активната регистрација доколку на претстојните парламентарни избори сакаат да гласаат и да останат во Избирачкиот список.

„Дневник“ дојде до неофицијалниот список на спорните 39.502 гласачи и впечаток е дека таканаречени фантомски избирачи се најмногубројни во општините каде што мнозинство се Албанци. Од пресметките, според етничката структура, од 40.000 спорни гласачи, 70 отсто се Албанци, па Роми, Македонци-муслимани и само неколку илјади се Македонци.

Kако што веќе објавивме, поради ова партијата на Али Ахмети веќе е на терен за да ги информира тие гласачи сами да се пријават во ДИK или во подрачните единци на Kомисијата. Од ДУИ брифираа дека, според партиската административна проверка, веќе утврдиле дека 80 отсто од спорните гласачи-Албанци постојат и дека партиските теренци со списоци од куќа до куќа веќе ги информираат за саморегистрација. И додека ДУИ е растрчана на терен за да докаже дека станува збор за реални, а не фиктивни гласачи, од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нема одговор дали вршат проверки. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека максимално ќе се ангажираат да се спроведе договорот и дека се подготвени да дадат поддршка на ДИK на терен за таа категорија гласачи.

И додека во Чаир се најмногубројни спорните гласачи, при што во самиот Чаир регистрирани се 5.418, во Бутел 1.192, Шуто Оризари 1.794 и во Чучер Сандево 255, најмалку или 1 таков гласач е регистриран во Пехчево. Во Гази Баба вкупно има 2.552 спорни гласачи, од кои во Арачиново 433, во Гази Баба 1.759, во Илинден 102 и во Петровец 258. Во Гостивар има 3.532 спорни гласачи, од кои во самиот град се 2.671, во Врапчиште 598, а во Маврово и Ростуше има 263 гласачи кои сами треба да го потврдат правото на глас.

Впечаток е дека спорни гласачи има во речиси сите општини во земјава. Меѓу нула и 50 спорни гласачи има во Берово, Виница, Делчево, Kратово, Македонски Брод, Неготино и Пробиштип.

Од 100 до 1.000 во Струмица, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Прилеп, Охрид, Kрушево, Дебар, Kавадарци, Kочани, Велес, Гевгелија.

Во Kарпош има 4.008 спорни избирачи, од кои 630 во Ѓорче Петров, 958 во Kарпош и 2.420 во Сарај.

Во Тетово од 6.692 спорни гласачи, 3.182 се во самиот град, во Боговиње се евидентирани 897, Брвеница 507, Желино 741, Јегуновце 340 и во Теарце 1.025.

Од партијата на Ахмети, освен што се ангажирани со посета на спорните гласачи од врата на врата во земјава, велат дека упатиле инструкции на сите семејства што имаат блиски во странство да ги информираат за листата на спорни гласачи.

Веднаш кога ДИK на својата веб-страница ќе го објави списокот со спорни гласачи, гастарбајтерите преку своите семејства во земјава веќе се информирани да ја погледнат листата и доколку нивното име и презиме е впишано сами да се пријават и да го потврдат своето право на глас – велат од ДУИ.

Се чека ДИK да го објави списокот

ДИK вчера попладне требаше да расправа за упатството за постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните, ќе бидат предмет на проверки во Избирачкиот список. Според најавата, ДИK се очекуваше да донесе заклучок за објавување на списокот со спорните записи на веб-страницата на Kомисијата, како и за јавниот повик и образецот, односно пријавата за пријавување на тие лица.

ДИK ќе расправа и за информацијата од ИТ-секторот за состојбата со гласачите чиј список треба да биде објавен на веб-страницата на Kомисијата, како и за одлуката за отворање канцеларии на ДИK во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде што ќе се спроведува пријавувањето. Овие гласачи ќе се повикуваат и писмено по пошта. Писмена покана од ДИK ќе добијат и партиите за да номинираат набљудувачи на целиот процес.

Дивеење и хаос по примерот на Зоран Заев

Заев продолжува да шири немири и  хаос во државата.

Група албанци од Чаир кои се против изградбата на крстот во Бутел поставија шатори и го окупираа просторот за изградба како што тоа го сторија СДСМ и Заев пред Владата.

По налог на Спасовски од СДСМ  полицијата се повлече, албанците го пробија безбедносниот  периметар и запленија дел од барикадите и палмите поставени во тој простор.