Цуцуловски: Најстрасните осудувачи на насилствата во исто време се и најголеми апологети на нередите

Ljubomir-Cuculovski

13Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски на „Фејсбк“ објави статус по повод најновите случувања насловувајќи го „Апологети и осудувачи“.

„АПОЛОГЕТИ И ОСУДУВАЧИ. Најголемиот дел од најстрасните осудувачи на насилствата и нередите што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, во исто време се најголемите и најстрасните апологети на насилствата и нередите; на убиствата и хаосот; на војната, наспроти мирот. Најголемиот број од нив ништо не кажува за она што беше 2001 година. Говорат за насилен упад во Собранието и за навлегување во неговите простории; говорат како насилниците носеле фантомките на главата и како нанеле телесни повреди на некулмина пратеници. Говорат дека меѓу насилниците имало криминилаци и луѓе со сомнително минато. Говорат и осудуваат. Говорат и осудуваат со право, бидејќи никој не смее да ја земе правдата во свои раце и да врши насилства врз граѓаните. Тоа е работа на институциите.

download

Меѓутоа, овие осудувачи на насилието со ниту еден потег или глас не ги осудија настаните од 2001 година. Тогаш, врз Република Македонија, беше извршена брутална инвазија од секакви насилници и терористи, според оценката на Џорџ Робертсон, тогашен генерален секретар НАТО. Инвазијата беше извршена и од соседно Косово. Но, за тоа насилие молчат, како да ја загубиле моќта за говор. Молчат за стотината загинати и киднапирани граѓани, чија судбина, барем на некои од нив, и понатаму е непозната. Молчат за Карпалак, ниту некогаш им текнало да го посетат тоа место и, на тој начин, да им одадат барем симболична почит на убиените. Молчат за Вејце, како и за запалениот манастир во селото Лешок. Молчат за реселените од Арачиново, кои и сега не можат да се вратат во своите домови – барем така е со најголемиот број од нив. Молчат за фактот дека луѓето што што ги чинеа овие недела делуваа од секаков вид оружје, облечени во маскирни униформи и со фантомки на главите. Молчат за работниците од „Маврово“ врз чии тела се уринираше и се гасеа цигари. Не отишле, уште помалку помислиле да ги посетат семејства и децата на Боге Илиески и Светислав Трпкоски, кои на 29.08.2001 година, ден после Голема Богородица, без заврзани за столбовите од угостителскиот објект „Бриони“, а нивните тела беа разнесени. Се знае кои луѓе беа на командни места во тоа време, како шо се знае и на какви функции се сега истите команданти. Голем дел од нив се на власт, додека еден од нив се предлага да биде претседател на Собранието, сеедно што бил дезертер и командант на ОНА. Во САД, на пример, на дезертерите единствено им е дозволено да одат со наведнати глави и презирани сограѓаните. Во Република Македонија дезертерите, терористите и припадниците на паравоените единци се предлагаат и се избираат на челни функции: еднаш министер за одбрана, сега за претседател на Сонранието.

Неосудувајќи ги насилствата и насилниците од 2001 година, а осудувајќи ги неодамнешните насилства во Собранието, овие персони од најголеми „осудувачи“ на насилието се преобразуваат во негови најголеми апологети/бранители, бидејќи, според нив, селективното осудување на насилието е толку финo, модернo и демкократскo , како што е фино и демкократски да се „бориш“ за индивидуалните човекови права, додека, во исто време, да се залагаш за колективни етнички права, непознати во ниту една современа и цивилизирана земја. Значи, од една страна овие суштества се космополити, а од друга страна апологети на најстрасните националистички барања. И, наместо овие ирационални апологети да замолчат, тие уште повеќе го креваат гласот, поставувајќи асиметрични и за здравиот разум несфатливи паралели помеѓу едно и некое друго насилие. Изгледа дека на помодарството, слепилото и бесчувствителноста им нема крај, како што и нема крај на срамот што го нанесуваат. Се чини дека хипокризијата станува трајна состојба во Република Македонија, барем за дел од нејзините граѓани. Тоа е таканаречената духовна и политичка елита. Другите можат слободно да цркнат/рикнат, само на елитата да не ѝ се наруши мирот, како и сликата што ја создале за себе. Тоа се, еднставно, без-образ/н/и суштества.

Цуцуловски: Ова не е време за лични суети, туку време за задржување на државата инаку ќе останеме бездомници

Ljubomir-Cuculovski

ЗА ДОМОТ, ОДГОВОРНОСТА И ЗА НЕОДГОВОРНОСТА НА ОДГОВОРНИТЕ. Во четвртокот, на 27.04.2017 год., претседавачот на Собранието ја прекина собраниската седница и ја напушти салата. Поголема група пратеници одлучи да продолжи со работа како седницата да не е прекината и како собраниската сала да не ја напуштил претседавачот на Собранието. Во понатамошната работа („работа“) со седницата претсeдаваше најстариот пратеник. Со мнозинство гласови, од вкупниот број на пратеници, беше избран („избран“) нов претседател на Собранието. Тоа е, во основа, фактографијата на работата на Собранието и изборот на нов собраниски претседател од 27.04.2017, пишува професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил.

Оттогаш, Република Македонија и нејзините граѓани се наоѓаат во своевиден шок, кој е на раб на коматозна состојба, бидејќи бројните експерти по право, како и по уставно право молчат. Молчат стручните и правните служби на Собранието, вклучувајќи го и секретарот на Собранието, кои се, исто така, задолжени да информираат за неговата законска работа. Она што секој граѓанин, без ничија помош, може да го провери е следново: А) Дека „… новоизбраното Собрание се состанува на конситутивна седница најдоцна за 20 дена по одржаните избори“; Б) дека „Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од предходниот состав“ и В) дека доколку „не се закаже седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат (не е кажано на чиј повик се состануваат, заб. Љ.Ц.) и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од завршените избори.“ Претходното (од А до В) е опфатено се член 63 од Уставот. Во член 64 пишува дека „Собранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“ Толку може да се најде во Уставот, поврзано со избор на нов собраниски претседател. Во него не е предвидено како треба да се постапува во ситуација каква што беше на 27.04.2017. Сè е општо, штуро. Можеби тоа е предвидено со закон или со Деловникот за работа на Собранието? Меѓутоа, експертите кои се јавуваат во медиумите кажуваат, исто така, општи места, кои ништо не помагаат, ниту нешто разјаснуваат. Имено, едни велат дека сè било во согласност со Уставот, законите и со Деловникот. Други тврдат спротивно – дека ништо не било во согласнот со Уставот, законите и со Деловникот. Меѓутоа, ниту еден не кажува (барем колку што сум чул/прочитал) со кој член од Уставот, законите или Деловникот легално е избран, односно е неизбран новиот („новиот“) претседател на Собранието. Ваквиот однос на оние кои се повикани да ги оценат настаните од 27.04.2017. не само што е крајно непрофесионален, туку и морално е несфатлив во однос на граѓаните, од чии даноци живеат. Ништо помала не е одговорноста и на политичките партии, особено на нивното членство, бидејќи без членството не се можни ни лидерите. Тие ги бираат („бираат“) и разрешуваат („разрешуваат“) Сепак, молчат како занемени риби. Молчи и најголемиот број пратеници.

Затоа, без било какво одлагање, сите што на неков начин се повикани треба точно, незавиткано, да кажат дали може легално да биде избран претседател на Собранието, кога седницата на која е избран („избран“) е прекината и кога дотогашниот претседавач не е присутен, ниту е разрешен, а во негово отсуство е избран нов претседавач. Понатаму, дали може да се прекине точка од седницата и да се премине на наредна – избор на нов претседател на Собранието. Ако не, тогаш нека се каже, повикувајќи се п р ец и з н о на Уставот, законите и Деловникот, дали тоа се прави на нова собраниска седница, кој ја свикува новата седница и п о с л е колку време од нејзиното свикување почнува да работи.

Сè друго би било паушално и импровизирано. Меѓутоа, со паушални и импровизирани мислења не се гради солидна, туку паушална и импровизирана држава, со, исто така, паушално и импровизирано избрана Влада, која ќе биде со краток рок. Потоа, сè наново. Освен, ако во меѓувреме, паушалната и импровизираната држава не отиде во неповрат. Ситуацијата е повеќе од критична, за да можат оние кои се повикани да ја разјаснат (како неопходен услов за нејзино надминување) да се поигруваат и меѓусебно да се циничат и окривуваат. Ова не е време за лични страсти и суети, туку ова е време за задржување на домот/државата. Инаку, ќе останеме бездомници/талкачи.

Цуцуловски: Потребни се нови избори, ако СДСМ на сила направи влада, тоа ќе биде самоубиство (ВИДЕО)

Ljubomir-Cuculovski

Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски во емисијата „Во центар“ со Васко Ефтов вели дека не е важно каде е донесена платформата, туку нејзината содржина, потенцирајќи дека таа не води само кон редефинирање на Република Македонија, туку и кон нејзино целосно рушење.

-Првиот чекор би бил федерализација, наредниот чекор би бил сепарација на, условно кажано, албанскиот дел, а другиот дел како ќе се снајде, тоа е негов проблем. Тие не водат воопшто сметка за интересите на другите, за интересите на оние кои што со векови заедно живееле на овие простори и кои со децении живееле во иста држава, посочи Цуцуловски.

Според Ефтов пак, Тиранската платформа нема за цел да доведе до конфликт меѓу Македонците и Албанците, туку конфликт меѓу Македонците.

-Сите го апострофираат прашањето дека Тиранската платформа е направена за меѓуетнички конфликт меѓу Македонците и Албанците. Јас мислам дека напротив, Тиранската платформа е срочена да биде основа за конфликт меѓу самите Македонци, бидејќи најдена е една од двете македонски партии која ја прифаќа Тиранската платформа. Се реализира со помош на Македонци, луѓе кои што се спремни за основување на власта, криење на одредени криминали, или било кои и да се другите мотиви за реализација на таква платформа која де факто значи македонски конфликт каков што сме немале во последните 50-60 години, вели Ефтов.

На прашањето дали СДСМ ќе проба на сила да направи влада, Цуцуловски вели дека тоа би било самоубиствено и не би донело до некое конечно решение. Тој повтори дека се залага за нови избори бидејќи според него, во Уставот не е предвидено ново давање на мандат.

-Мислам дека тоа би било самоубиствено и не би донело до некое конечно решение. Јас навлеков кон себе голема доза на негодување, па дури и на нив уште кога во декември реков дека единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓање е распишување нови избори, бидејќи според Уставот не е предвидено ново давање на мандат. Јас не се залагам за нови избори затоа што ги сакам, или затоа што сакам одредена партија да дојде на власт, туку затоа што така налага самиот Устав. Според тоа, јас сметам дека секој обид, без разлика од која страна доаѓа, дали доаѓа од страната на ВМРО-ДПМНЕ или од страната на СДСМ да се дојде на власт по секоја цена, наспроти изборните резултати и наспроти на Законот е погубен не само за Република Македонија, туку и за тие кои ќе се одлучат на еден таков чекор, посочи Цуцуловски.

Цуцуловски: Ако се прифати тиранската платформа, тоа ќе значи распад на Македонија

Ljubomir-Cuculovski

Професорот Љубомир Цуцуловски смета дека зад доаѓањето на Јоханес Хан се крие целта по секоја цена да се прифати платформата донесена од четирите албански партии. Тоа, според него, може да биде доста погубно за Македонија како држава.

ЕВРОПА НЕ САКА ДА УЧИ/ЕВРОПА Е ВО ПРАШАЊЕ. Утре, со својата братија, во посета доаѓа Јоханес Хан. Непосредна цел на неговата мисија е да ја протне, по секоја цена, платформата донесена од четирите албански партии во Тирана. Прифаќањето на платформата скоро извесно води кон распад на Република Македонија по етничка, меѓутоа и по религиозна линија. Тоа значи либанизација на Македонија. Либанизацијата на Македонија ќе значи војна, во која ќе страдаат и едните, и другите, и третите… Едноставно, ќе страдаат сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиозна или идеолошка припадност. Стотици илјади луѓе, преку ноќ, можат да се најдат надвор од своите домови, од своите села, од своите градови, бидејќи тоа се последиците на секоја граѓанска и меѓуетничка војна. Тие, според својата логика, водат кон преселби, односно кон размена на населението. После тоа, враќање назад нема, како што ретко кој бегалец се врати во својот дом на просторите од некогашна Југославија.

Меѓутоа, колку што е битна трагедијата која (најверојатно) ќе ѝ се случи на Македонија, исто толкуе битна е – ако не е и побитна – трагедијата што ќе ѝ се случи на Европа. Всушност, таа е веќе почната, но вешто се прикрива преку медиумскиот молк, кој набргу ќе се струполи и работите ќе бидат соголени. Веќе не се знае колку милиони бегалци се наоѓаат на тлото на Европа, како што не се знае ни колкав е бројот на економските емигранти (на црно или бело) кои работат во неа. Овие емигранти се составени од Турци, Алжирци, Тунижани, Мароканци, Македонци, Срби, Хрвати, Индуси, Албанци, Суданци итн. Дел од нив веќе се дигаат на немири, протестираат. Тоа е видливо во Холандија. Претходно, пред година или две, тоа се случуваше во Франција. Веќе почнува да се случува и во Шведска. Нема никакви гаранции дека до немири нема да дојде и во Швајцарија. Европските безбедности сили не се обучувани, ниту се димензионирани за борби и судири од ваков вид. Притоа, се говори за бројка од дваесет милиони бегалци кои се приготвуваат да преминат на тлото од Европа. Нивниот број нека биде предимензиниран. Нека не се дваесет, нека се четири милиони. Меѓутоа, и тоа е веќе застрашувачка маса на луѓе која може да се прелее во Европа. Нивниот пат ќе води и низ Република Македонија. Ако неа ја нема, ако наместо држава се претвори во географска територија, тогаш спречувањето на бегалскиот бран ќе биде сведено скоро на нула. Македонија, заедно со околните држави, ја има функцијата што ја имаше Либија. Гадафи, пред да биде убиен на најбрутален начин, предупредуваше дека токму Либија е браната за бегалскиот бран што доаѓа. Намерно не го послушаа и бранот, заедно со хаосот, започнаа да се шират низ Европа. Излегувањето на Велика Британија (најверојатно) не беше случајно. Напротив, тоа беше навремено. Англосаксонците секогаш взаемно се подржувале. Затоа, не се случајни гласните противења кон либералниот режим за влез на бегалците. Овие противења доаѓаат најмногу од Унгарија, Австрија, Словачка, Чешка. Доаѓаат од Вишеградската група, односно од државите кои некогаш беа дел од Австро-унгарското царство. Нивните политичари забележуваат дека овој бран на бегалци не може да биде случаен, ниту само економски мотивиран. Некој, по сѐ изгледа, сака да ја деструира Европа, со помош на инсталантите кои одамна се вгнездени во нејзиниот предимензиониран бирократски апарат. Дел од тој апарат се емисарите кои со години доаѓаат да ѝ помогнат на Македонија. Ѝ помагаат така што севезден ѝ одмагаат. Ете утре, што се вели за некој час, ќе дојде Хан и неговата братија. Примарната цел на нивната посета не е да се руши Република Македонија, преку насилното наметнување на албанската Платформа. Нивна примарна цел е да се сруши една од браните, која стои на патот од бегалците кон Европа. Со други зборови, Република Македонија ја има сличната улога што ја имаше Либија. Ако се сруши европска Либија, бегалската криза ќе продолжи во уште поголем интензитет. Наместо Европа економски, културно, научно и едукативно да се развива ќе биде принудена да војува на сопствено тло. Значи Европа, благодарение на инсталантите, ништо не учи. Кому ова му одговара? Му одговара на оној на кој не му одговара обединета Европа од Алтантик до Урал. Тоа е Европа на генералот Шарл де Гол, кој искрено го љубеше континетот на кој му припаѓаше, наспроти на континентот кој се наоѓа од онаа страна на Атлантикот. Де Гол не случајно извика, и тоа среде Канада: „Да живее слободен Квебек/Vive le Québec Libre!“ Тоа беше на 24.07.1967 година. Некои суштество никогаш не забораваат. Кога-тогаш, возвраќаат.

Не би сакал текстов да биде сфатен како осуда на бегалците, бидејќи и тие се жртва каква што сме и ние. Сите сме жртви на светскиот капитал и на неговите резултати. Затоа, уште еднаш Pink Floyd и нивната песма “A Great Day Of Freedom”. Белки човештвото ќе се свести.

Цуцуловски: Не можам да разберам како омразата кон една партија, може да биде над љубовта кон татковината, кон земјата и средината во која човек се родил

Ljubomir-Cuculovski

Не можам да сфатам.

Не можам да сфатам до кој степен на вулгаризација е доведено биполарното, манихејското или сталинистичко-језуитското мислење, според кое ако не си со нас, тогаш си со противникот. Овој примитивен менталитет и начин на заклучување, кој размислува во категориите или-или, кој не знае за никаква нијанса, за никаков преод/прелив, станува сè повеќе и повеќе доминантен како во светот, така и кај нас, во Република Македонија, пишува на својот ФБ профил Универзитетскиот професор и независен политички и општествен експерт Љубомир Цуцуловски.

Не можам да разберам како е можно секое патриотски мотивирано противење на Платформата на албанските партии, од СДСМ, како и од некои негови заслепени симпазитери, да биде прогласувано за безрезервна подршка на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ако се прифати оваа логика, овој начин на заклучување и немислење, тогаш следи дека овие морални и интелектуални инвалиди, овие човечки накази и, несакајќи, ја поистиветуваат ВМРО-ДПМНЕ со македонскиот патриотизам, нешто што е далеку од секој ум, бидејќи човек може да ја сака Македонија без да припаѓа на било која партија. Така, овие гноми, овие несреќни човечки суштества, и нескајќи, борејќи се против ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија, барем на посреден, несвесен начин, ја прогласуваат за единствена патриотска партија. На тој начин, слепата омраза и осуда, преминуваат во одбрана на она што се мрази и што се осудува. Оттука, главната сила која на власт ја одржува ВМРО-ДПМНЕ е токму оваа, во секој поглед, неспособна опозиција. Затоа, неслучајно, пред неколку месеци предложив Зоран Заев да биде избран за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи без него ВМРО-ДПМНЕ не ќе можеше толку многу време да се одржува на власт. Односно, можеби Заев субјективно не работи за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа објективно (што значи практично) работи за одржување на оваа партија на власт, пишува тој.

Тој додадава дека Исто така не можам да сфатам како овие „душегрижници“ за демократијата, слободата и правдата, меѓутоа и одлучни борци против, како што самите тие оценуваат, примитивниот македонски патриотизам, не го забележуваат албанскиот шовинизам и албанската ксенофобија, кои бабрат во одредени албански средини (партиски или индивдуални, сеедно) и кои од ден до ден растат и се шират токму пред нивните носеви. Не можам да разберам како остануваат незаинтересирани, ниту можам да разберам зошто во своите медиуми не ги објавуваат изјавите на Зијадин Села, на оние што доаѓаат од Косово или од Албанија, како и обраќањето на албанската пратеничка Месила Додa, член на албанската партија PDIU (Partia Drejtësi, Integrim dhe Unitet/Партија за праведа, интеграција и единство), обраќање полно со омраза кон Република Македонија и со директни закани за воена интервенција (надворешна и внатрешна) врз Република Македонија. Ова не е ништо друго освен своевидно најавување на војна против Република Македонија. И, повторно, молк!

Не можам да разберам како омразта кон една партија, макар таа партија била ВМРО-ДПМНЕ, да биде над љубовта кон татковината, кон земјата и средината во која човек се родил, во која растел и се школувал, во која ги раѓал и ги негувал своте деца, во која се радувал и тагувал, во која, едноставно, сите сме живееле, живееме и ќе живееме – како ние, така и нашите потомци. Кога омразата и бесот надваладуваат над љубовта, тогаш на дело е голата некрофилија. Република Македонија страда од некрофилија, како облик на деструкција, истакна тој во својот ФБ статус.

1) Линк кон говорот на Месила Доде, со македонски титл: http://kurir.mk/…/eve-do-shto-dovede-tiranskata-platforma-…/
2) Линк кон говорот на Месила Доде, на албански јасик: http://www.tetovasot.com/…/mesila-dode-dikush-i-thote-maqe…/

Цуцуловски: Албанската Платформа води кон дестабилизација на регионот и создавање на голема Албанија

Ljubomir-Cuculovski

Универзитетскиот професор и независен политички и општествен експерт Љубомир Цуцуловски, преку свој фејсбук статус упати јасна и недвосмислена порака до Федерика Могерини и ЕУ да ја осудат Платформата од Тирана и Големо албанските претензии кои произлегуваат од истата.

Зошто оваа апартна персона не се ангажира за решавање на елементарните човекови права (економски, социјални или целосна здраствена заштита) ниту на кој било начин ја осудува Платформата на албанските партии во Р.М.? Белки толку може да согледа – дека во Македонија не се решаваат човековите, туку групните, националистички интереси на албанската заедница, протежирани од странски држави (Албанија, на пример) и од докажано шовинистички албански партии, кои одат дури до таму и бараат осуда за геноцидот извршен врз Албанците во периодот 1912-1956, заборавајќи за другите жртви – како оние на балистичките сили. Потенцира Цуцуловски.

Во исто време, и ЕУ покажува загриженост дека Македонија може етнички да биде загрозена, пишува Цуцуловски. Тој продолжува : „ Ако е така, тогаш Европа своето внимание нека го сврти кон вистинските проблеми, без да го премолчува с е г а ш н и о т стварен проблем – неумерените и крајно ирационалистички и шовинистички барања од тиранската Платформа. Меѓутоа, нема никаква реакција на Платформата.“ Пишува Цуцуловски, во продолжение напоменувајќи дека ЕУ со своето премолчување е на пат истиот проблем да си го внесе во сопствениот двор. Па така според Цуцуловски во скоро време можат турците да почнат да бараат права во Германија. Алжирците, тунижаните и мароканците во В.Британија, Франција, Белгија и Скандинавските земји.

Цуцуловски напоменува дека Албанската Платформа води кон дестабилизација на регионот и создавање на голема Албанија.

„Затоа, нека прекинат со бесмислените тврдења, оценки и заклучоци. Со„мудрувањата“ нека прекинат и некои кругови во Република Македонија дека двојазичноста не водела кон дестабилизација, дека во Платформата не постело ултимативното барање за осуда на геноцидот извршен врз Албанците, туку за геноцидот на сите граѓани од овие простори. Или, да убедуваат дека Тиранската платформа не водела кон голема Албанија, квази дилема која ја поставува Катерина Колозова. За да нема дилеми за барањата од Платформата, уште еднаш упатувам кон нејзината целосна содржина, бидејќи сѐ друго е празно замајување, кое претпоставува дека пред себе има само малоумници.“ Заклучува тој.

Цуцуловски: Цинично е да се зборува за албанофобија, кој ќе се извини за 2001?

Ljubomir-Cuculovski

Во интервју за „Република“ професорот Љубомир Цуцуловски зборува за актуелната политичка ситуација и за опасноста од федерализација на Македонија, за ситуацијата во која користи третиот и за албанската платформа претставена како „иднината“.

Многу се споменува евентуална албанофобија, а ако ги имаме овие коалиции предвид, со сите зафати за спроведување на Рамковниот договор, можно ли е македонско-македонскиот конфликт со разговорите, сценографиите и костимографиите на СДСМ и на СОРОС вештачки да ја наметнаа таа перцепција за „албанофобија на ВМРО-ДПМНЕ“?

ЦУЦУЛОВСКИ: Мислам дека идејата за постоење некаква албанофобија не почнува ниту со Сорос, ниту со СДСМ. Неа ја имаше уште во СФРЈ, кога Албанците имаа сѐ, вклучувајќи и Академија на науките и на уметностите на Косово. Но, мораше да се рашири идејата за постоење албанофобија за да се создаде чувство на вина кај југословенските народи – особено кај Србите и кај Македонците. Целта беше полесно да оствари идејата за голема Албанија. Со создаденото чувство на вина тоа можеше да се оствари полесно бидејќи тој што чувствува вина се труди да ја исправи „вината“ што, наводно, ја направил. Патем, врз чувството на вина се базираат сите религии. Преку ова чувство полесно се манипулира со луѓето. Денес, на ова вештачки предизвикано чувство на вина, се надоврзуваат и некои други структури – Сорос и делови од СДСМ бидејќи не верувам дека поголемиот дел од членството на СДСМ ја дели оваа идеја. Но, кога сме околу фобиите, би говорел за постоењето словенофобија и македонофобија, кои, напати, се граничат со словеномизија и со македономизија. Пример за македономизија е разнесувањето со експлозив на две човечки суштества (2001) врзани за столбовите од мотелот „Бриони“ во Челопек. Нивната вина беше само во тоа што беа Македонци. Дали некој од ОНА, на пример Али Ахмети, се извини за ова; дали ги посети нивните семејства, нивните деца? Или, можеби, омразата смета дека некои суштества и можат да се разнесуваат, без пардон? Потоа, се говори за албанофобија! Тоа е повеќе од цинично.

Во оваа насока, во платформата се бара извинување за геноцидот врз Албанците и тоа за период кога низ македонските територии пустошеле Џемо Хаса и балистите? Можно ли е до толку да се протнуваат „слепи“ насоки, заедно со барањата за СЈО, во една платформа што е, пред сè, освојувачка, и е барање за самопредавање на територија без борба?

ЦУЦУЛОВСКИ: Треба да се има предвид дека таканаречената платформа е само продолжение на Платформата за решавање на албанското национално прашање, изработена од Албанската академија на науки во Тирана во 1998 година. Таа е само продолжение на идеите од Призренската лига, формирана во 19 век. Значи, станува збор за континуитет. Се бара извинување за извршен геноцид? Од кого и над кого извршен геноцид? Современата македонска држава настанува 1945 година. Како една непостојна држава може за што било да одговара, вклучувајќи и некаков геноцид од времето на балканските војни? Понатаму, кој страдаше и кој беше под окупација во периодот 1941-1945 година, кога фашизмот капитулираше? Секако дека тоа не беа Албанците, туку Македонците од западниот дел на Македонија, кој во тој период беше под италијанска окупација, а администрацијата ѝ беше доверена на фашистичката влада во Тирана. Значи, го поставувам прашањето кој ќе одговара за злосторствата што биле правени од паравоените албански структури врз Македонците за време на Втората светска војна. Но, не смее да се заборави дека од овие паравоени структури страдале и многу Албанци. И ним следбениците на овие структури треба да им се извинат, како што треба да им се извинат и на сите што живееле на просторот западно од линијата Групчин – Подмоље: Турци, Македонци муслимани, Власи, протерани Срби итн.

Цуцуловски: СДСМ недемократски крие од граѓаните што ѝ понудилa на ДУИ

Cuculovski-za-Alfa

Одлуката на лидерот на СДСМ Зоран Заев сам да решава што ќе и понуди на ДУИ за коалицирање во новата влада и на тој начин да се пазари со националните интереси во четири очи, наидува на се поголема осуда и критики од се повеќе интелектуалци.

Професорот во пензија и филозоф, Љубомир Цуцуловски во емисијата Ѕид на телевизија Алфа смета дека е недозволиво политичар да носи одлуки во име на граѓаните за вака важни прашања без притоа елементарно да ги информира за содржината.

Ние не знаеме воопшто што е испорачано за да можеме содржински да разговараме. Ние разговараме формално, што е пак добро бидејќи многумина сметаат, и јас се приклучувам кон тоа мислење, демократијата е во формата. Ако формата и процедурата не се задржат, тогаш немате демократија. Во овој случај, е напуштено елементарното нешто – да се информираат граѓаните, или барем членството за тоа што СДСМ нуди на ДУИ. Значи не се почитува елементарното право на информираност за вакви витални прашања па макар биле и одбивање на барањата кои произлегуваат од платформата на албанските партии, вели професор Цуцуловски во емисијата Ѕид.

Цуцуловски е шокиран од односот на СДСМ кон граѓаните затоа што како што вели партијата ги заборава граѓаните, и води тајни разговори со други политички партии.

Ме шокираше во една морална смисла, па ако сакате и во една интелектуална смисла беше изјавата на СДСМ преку нивниот портпарол Петре Шилегов кој рече дека доставиле на ДУИ многу добар предлог. Зошто бев шокиран од таа изјава? Партиите не постојат за едни на други да даваат предлози. Тие се тука да им даваат предлози на граѓаните. Па да речат ние предлагаме во наредната година, во Македонија да се направи тоа и тоа, да се прекине со тоа и тоа, а не партиите едни со други да си даваат предлози. Се забораваат граѓаните без разлика на нивната етничка припадност. Значи не велат ние на граѓаните им предлагаме преку ДУИ, туку ние на ДУИ му даваме многу добар предлог. Абре луѓе, јас сум гласал за вас, мене да ми понудите добар предлог, а не обратно, вели Цуцуловски.

Професорот смета дека понудата на Заев до ДУИ е само уште еден преседан со кој се кршат уставот и законите. Според него, со системско кршење на законите Македонија се претвора во преседан држава.

Ова што беше испорачано, сеедно што беше испорачано, нека биде крајна негација на она што е содржано во платформата на албанските партии е надвор од уставот бидејќи не знам по кој пат се повторувам, тоа е неуставно. Уставот не предвидува втора можност за мандат. Според тоа, ова е надвор од уставот и законите. На тој начин уште еднаш се прави преседан да се крши уставот и законите. Ако тоа систематски се случува тој преседан добиваме преседан држава. И Македонија се повеќе и повеќе станува преседан држава, вели професорот Цуцуловски.

Цуцуловски: Откако ја распарчи СДСМ, Заев да биде избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ за да види што е цврста моќна парија

zaev-zekiri-verusevski-fudbal

Предлог. Господинот Заев веднаш, без одлагање, да биде избран за почесен претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи му успеа СДСМ целосно да го дезориентира, а членството да го подели до крајни граници, коментира на својот фејсбук профил професорот Љубомир Цуцуловски.

Еве го во продолжение целиот негов пост:

„Промената на ставовите, зачудвачките персонални промени, збунувачките коалиции, бесмислените и небулозни предлози за промена на Уставот сосема ја обезличија партијата. СДСМ, како политичка партија, практично веќе не постои, освен што постојат неговите членови и симпатизери. Меѓутоа, членството и симпатизерите, сами по себе, не прават партија, бидејќи секоја политичка партија претставува организирана институција, со своја структура, со свои јасно дефинирани програмски цели и која, токму затоа, точно знае што сака. Така, се доаѓа до крајно парадоксална ситуација: постојат членство и симпатизери, но не постои она кое се симпатизира и во кое се членува – партијата, односно СДСМ.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ просто заплашува со својата цврста организираност, со ултимативното спроведување на централните одлуки, со широко разгранета партиска инфаструктура и безрезервна верност кон лидерот. Едноставно, ВМРО-ДПМНЕ функционира според сите правила на илегална партија, односно на партија која како да се наоѓа во илегала. Оттука, нејзината моќ е запрепастувачки голема: таа е партија на власт (значи, во свои раце ги има сите легални механизми), а дејствува како да е во илегала.

Од друга страна, го имаме СДСМ, кој сака да дојде на власт, само што не постои. Токму затоа, г. Заев веднаш треба да биде примен во ВМРО-ДПМНЕ, за да може СДСМ да се возобнови како вистинска и активна, а не само како замислена партија. Притоа, возобновувањето на СДСМ е нужен услов за да има избори, зошто не се можни вистински избори без постоење на стварна и моќна опозиција“.