Скандалот од Македонија на американската амбасада со финансирањето на Сорос се шири по американските медиуми

Soros-hot-ear

Премиерот на Унгарија има забелешки под однос на странски НВО кои се мешаат во работењето на неговата влада. Виктор Орбан е бесен на милијардерот Џорџ Сорос кој според него се меша во внатрешните работи на државата, пишува популарниот американски портал Хот ер.

Порталот во својата сторија пишува за истрагата на Конгресот по однос на парите кои ги дели УСАИД, како и за мешањето на Џорџ Сорос во Македонија, заедно со амбасадорот Џес Бејли.

– Унгарија не е единствената држава каде што Сорос се обидува да биде „капаче на тенџерето“. Членови на Конгресот добиваат поплаки а по однос на тие поплаки веќе започнаа да истражуваат што тоа либералните „икони“ правеле во Македонија, пишува порталот.

Обвинувањата за мешањето на Џорџ Сорос во европската политика го привлекоа вниманието на Конгресот.

Републиканските конгресмени во Вашингтон започнаа да отвораат прашања за тоа дали американски долари се употребени за да се финансираат проекти на Сорос, во една малечка конзервативна државата Македонија, пишува Хот еар.

– Републиканецот Кристофер Смит ја предводи групата конгресмени кои му напишаа писмо на амбасадорот Џес Бејли, кој е назначен од страна на Обама, па преку писмото побараа тој да даде одговори. Сенаторот Мајк Ли, исто така ја изрази својата загриженост за тоа како парите на УСАИД одат во фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено општество и за замешаноста на американската амбасада преку заземање на политички страни.

– Жалбите кои доаѓаат од оваа балканска држава се слични на оние кои доаѓаат од Унгарија. Организациите на Сорос се занимаваат со многу повеќе од тоа што го претставуваат како хуманитарна работа, па се замешуваат во политиката, заземаат страни и се обидуваат да ја ослабат конзервативната влада, па власта да се преточи кон левицата, пишува порталот.

– Џорџ Сорос со своите пари може да прави што сака, но проблемот настанува кога ќе се употребат долари од даночниот систем на САД, односно пари од џебовите на американците. Неговата Фондација Отворено Општество, добива пари од УСАИД, а со тоа ја замешува и владата на САД во реализацијата на неговите дејствија. Па ако зема пари од данокот кој го плаќаат граѓаните на САД и потоа тие пари ги користи за политички да делува во некоја држава, е тука настанува висинскиот проблем.

Македонците се прилично вознемирени од неговото мешање во внатрешните работи на нивната земја.

Поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, вели дека Сорос има одлучувачко влијание во политиката на државата.

– Да не беше Џорџ Сорос и сите милиони кои тој ги истура во Македонија преку неговата мрежа на НВО, медиуми, политичари…економијата на државата би била подобра, ќе имавме многу поголем број на ново отворени работни места, изјави Груевски во неодамнешно интервју, пренесува порталот.

– Поранешниот премиер на Македонија го обвинува Сорос дека ја ослабува локалната економија. Тоа можеби е тешко да се документира на суд, но ваквите изјави на владини претставници мора да се земат во предвид, пишува порталот.

Конгресменот Франкс: Сорос финансира организации за тиранија наместо човечност – ќе се испитаат сомнителните проекти на Aмбасадата на САД во Скопје

Kongresmen-Trent-Franks

Загрижени сме за парите од УСАИД што одат до организации кои се поврзани со Џорџ Сорос, не само во Македонија туку и низ целиот свет, вели во интервју за МРТ Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс.

-Сорос беше посветен непријател на американските идеали за човекова слобода веќе долго време, и за нас како Американци да ги поддржуваме организациите кои ја поткопуваат американската политика и американски идеали за човекови права е ужасна рестрикција во нашите напори, не го кажав тоа како што треба, значи, за американските долари да одат до организации поврзани со Џорџ Сорос значи дека се поткопуваат идеалите како Американци. Ние сме посветени кон човекова слобода и човекови права за сите и Џорџ Сорос покажа дека е непријател кон човековата слобода и права. Не сакаме да видиме дека доларите се трошат во таа насока. Под администрацијата на Обама тоа не беше проблем, не беше важно колку левичарски беа овие организации или колку ги уништуваа улиците или какви немири се случуваа или колку го поткопуваа граѓанското општество, но под новата администрација тие работи треба да се променат или ќе видиме што можеме да направиме за да се промени начинот на кој тие долари се примаат, вели Франкс.

Франкс потенцира дека Сорос вил финансиер на американскиот економски систем на многу начини, тој на некој начин индиректно имал корист, и го експлоатирал на други начини со што добил многу пари.

-Но, заборава дека ние сме смртници и дека парите се само за одредено време и одбра да го користи своето време и пари на начин што ја поткопува каузата на човекова слобода и дигнитет. Сакам да се осигурам дека нема да правиме нешто што ќе помогне во таа насока. Го направи тоа низ целиот свет се обиде да ја поткопа демократијата во Америка, но гледаме што прави и знаеме кои се неговите планови и ќе појасниме дека ако сака да ги троши своите долари поткопувајќи ја човековата слобода, ќе објасниме што му прави на светот. Луѓе како Џорџ Сорос, можеби ги тиранизираат невините луѓе долго време и можеби подржуваат организации кои вршат тиранија врз невините, но крај нема да успеат во пресудата на луѓето и мислам дека тоа ќе се случи и во неговиот случај, вели Франкс.

ОФАНЗИВА ПРОТИВ МАФИЈАТА: Унгарија тргнува со закони против октоподот на Сорос

Soros-Orban

Унгарската држава тргнува со закони против октоподот на американскиот милијардер Џорџ Сорос. НВО мафијата ќе треба да ги објави изворите, сумите и целта на финансиранјето од странство.

Медиумската куќа „Брајтбарт“ на главниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон ги најави новите закони во Унгарија со кои се воведува јавност, отчетност и транспарентност во финансирањето на НВО мафијата на Џорџ Сорос.

Унгарската владејачка партија до законодавството ќе предложи легислативи преку кои ќе ги принуди невладините организации да го откријат изворот, висината на паричните средства кои ги добиваат, како и целта на финансирањето, пишува „Брајтбарт“.

Лајош Коса од конзервативната партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан, во петокот изјави дека намерата е да се расветли начинот на финансирање на групи од странски извори, кои се обидуваат да влијаат во Унгарија. Коса рече дека Нацрт законот ќе биде поднесен до парламентот следниот месец.

Унгарскиот премиер Орбан постојано ги критикува невладините организации финансирани целосно или делумно од филантропот Џорџ Сорос, опишувајќи ги како “странски агенти” кои сакаат да го поткопаат авторитетот на избраните претставници. Локалната канцеларија на „Транспаренси Интернешнл“, Унгарската унија за граѓански слободи и унгарскиот Хелсиншки комитет се посочени од страна на Владата на Орбан.

МАРИОНЕТИТЕ ОДРАБОТУВААТ: Послушниците на Сорос од Европскиот парламент со поддршка за аболицираниот Заев

Sorosoidi-EP-Zaev

Џорџ Сорос ги активира своите апаратчици кои ги поседува на различни нивоа и од различни профили, се со цел да изврши фалсификат на вољата на македонските граѓани и да им наметне влада која ќе е под негова директна контрола.

Преку ваквата антидемократска влада на соросови марионети на мултимијардерот Сорос, во Македонија како и во огромен број на земји во светот има за цел да ја спроведува својата агенда на едноумие и пласирање на еден став како единствено точен, односно една политичка опција како единствена „правилна“ опција за граѓаните.

Целите на Сорос се во корист на елитите, а не на мнозинството, спроведувајќи едноумие околу сите важни општествени прашања и користејќи ја како фасада демократијата и идеите за т.н. отворено општество.

Најновиот потег на соросовата мрежа е да ги активира послушниците во Европскиот парламент со цел тие да влијаат на креирање на политичката слика во Република Македонија.

Виктор Боштинару и Тонино Пицула, кои денеска дадоа изјави за поддршка на формирање на про-соросова влада во Македонија која би била предводена од СДСМ, а чии што изјави соросовите медиуми на фанфари ги пренесуваат до нашата земја, не се ништо друго туку се обични мегафони на ултра-левичарот Сорос кои се активираат на команда.

Хрватскиот евро-пратеник Тонино Пицула важи за голем поддржувач на идеите на Отвореното општесто кои ги промовира Сорос. Неодамна објавените документи во поголем број на европски медиуми го сврствуаат и Тонино Пицула меѓу листата на поголем број на евро-пратеници над кои што Џорџ Сорос има влијание за спроведување на неговите политики.

hrvatskja

Тој се наоѓа на списокот на луѓе за кои хрватскиот печат пишува експлицитно дека се „докажани сојузници“ на Соросовата фондација во Хрватска, односно Пицула е еден од евро-пратениците за кои, како што информираат хрватските медиуми, Сорос смета дека му се лојални нему, а не на своите држави и граѓаните кои ги избрале. За Пицула и неговото друштво се вели дека се дел од една завереничка организација која заговара транспарентност во политиката, но самата делува многу нетранспарентно и се служи со најподли методи за да донесе свои луѓе на власт насекаде низ светот.

Во текстот објавен на порталот дневно.хр се деконструира и начинот на генерирање публицитет околу изјавите на политичарите контролирани од Сорос – како по правило, сите кои доаѓаат од нив, дури и кога станува збор за маргинални групи, добиваат огромен и позитивен публицитет, додека изјавите на луѓето кои се сметани за непријатели на Сорос се третирани со огромен негативен пубицитет преку соросовите медиуми во Хрватска. По истиот добропознат принцип соросовата мрежа функционира и во Македонија и насекаде на планетата.

Кога е во прашање Виктор Боштинару, романските медиуми пишуваат за поврзаноста на евро-пратеникот со Фондацијата Отворено Општество во Романија. Боштинару е посочен како дел од листата на луѓе кои се  контролирани од Сорос во Романија.

romanija-2

Боштинару важи за близок пријател и соработник на уште еден евро-пратеник од Романија, Ренате Вебер, која неслучајно е долгогодишната претседателка на Соросовата фондација во оваа земја и со која Боштинару често има заеднички јавни настапи. Боштинару беше актуелен во медиумите во традиционално конзервативната Романија со неговата поддршка на законското решение со кое што Европскиот парламент им наложува на земјите членки легализација на хомосексуалните бракови. Албанската јавност го памети и како критичар на владата на Сали Бериша која што Сорос ја сметаше за непријателска, за разлика од онаа која ја направи нему блискиот Еди Рама.

romanija

Ова е само уште едно мало делче во големиот мозаик за начинот на кој соросовата мрежа делува ширум светот. Голем број светски медиуми пишуваат за големото влијание кое што ултра-левичарот Џорџ Сорос го има на левичарските организации на сите континенти, при што се посочува дека како дел од тие групи се наоѓаат и Партијата на европски социјалисти, Социјалистичката интернационала и поголем број на други социјалистички и социјал-демократски партии.

soors-net

Сенаторот Мајк Ли побара објаснување од Бејли за контроверзните НВО агенди во Македонија и во други странски држави

Senator-Li-Ambasador-Bejli

Влијателниот американски сенатор Мајк Ли директно го повика амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли да даде објаснување за состојбите во Македонија.Сенаторот Мајк Ли преку својот Твитер профил ја споделува колумната „Македонија и САД мораат да ги победат своите непријатели- нека се започне со Сорос“.

Сенаторот Ли вели дека се работи за добар текст, додавајќи дека разни НВО притискаат за контроверзни агенди во странски држави, додавајќи дека американскиот амбасадор Џес Бејли треба да даде објаснување и одговори за сето тоа.

Senator-Mike-Lee-Twitter

Во текстот од „Daily Caller“ кој го споделува Сенаторот Ли, се вели дека Македонија и САД имаат заеднички непријател во ликот на милијардерот Џорџ Сорос, кој со неговата организација, преправени со маската на меѓународен партнер на граѓанското општество, се меша во Македонија и нејзината политика со години.

-Во периодот од повеќе од една четвртина од последниот век, американската група потроши милиони долари за да се нападне партијата на ВМРО ДПМНЕ, без разлика дали во владата или опозицијата и секогаш со поддршка за СДСМ – поранешната Комунистичка партија на Македонија. Ова е јасен случај на обид да се купи влијание, се замеша во македонската политика и медиумите и да се создаде нестабилност во земјата и во регионот. Како што македонскиот премиер Никола Груевски рече дека кога го опишуваше Сорос и неговата фондација “Неговата фондација, финансии и човечки ресурси е најмоќната фондација во светот која има политички цели. Сорос одлучи да го искористи своето богатство за да влијаат во две насоки – идеолошки за да се создаде т.н. “Отворено општество” и финансиски, преку шпекулации и претходно познат политички резултати во некои земји за да профитира на пазарот на акции. По одредено време, сите институции, министерства, можеби дури и владите и нивните разузнавачки служби се заразени со неговите ставови, неговата идеологија, неговите ставови и цели.” Мора да се напомени дека премиерот Груевски е првиот европски лидер кој отворено зборува и е директен против Џорџ Сорос , а моќта на Сорос во Европа е толку голема што многумина се плашат дури и да го споменат неговото име, се вели во колумната.

kolumna-daily-caller-1

Главната причина ги вклучува и финансиските и идеолошките интереси. Џорџ Сорос, пишува Daily Caller има за цел да ја ослаби Владата на Република Македонија, да изврши притисок врз изборите во земјата и да ја ослаби Европа преку искористување на бегалската криза во Македонија со цел да се намали вредноста на европската валута преку шпекулации.

-Сорос соработувал со амбасадорот на САД во Република Македонија и други влијателни личности за да ги спроведе своите планови и да го руши македонскиот политички систем. За среќа, изборниот резултат покажа дека Џорџ Сорос и неговите пари не би можеле да победат. Македонците, сега ќе го дозволат тоа. Граѓаните на земјата гласаа за политичко лидерство и јасно покажаа каква земја сакаат, не е исто со она што го сакаат Џорџ Сорос и неговите поданици. Луѓето јасно кажаа: Македонците ќе ја контролираат иднината на Македонија. Но, Сорос не завршува тука – медиумите и влијателните луѓе, финансиран од неговиот Институт отворено општество имаат интензивна кампања со главна цел Груевски да не создаде коалиција со својот партнер ДУИ, кој е претставник на албанското малцинство. Во Република Македонија постои непишано правило дека победникот на изборите секогаш прави коалиција со партијата која има најмногу пратеници од албанската заедница, кои што претставуваат 25% од населението на земјата. Со ова се создава етничката хармонија во Македонија и преставува клучна држава за стабилноста на регионот. Сорос го напаѓа овој принцип со цел да се создаде нестабилност во целиот регионот. Но, луѓето јасно кажаа и сега е оставено на Груевски и неговиот албански коалициски партнер ДУИ да ја испочитуваат волјата на народот. Да се заврши со Сорос и да се донесе стабилност за сите во регионот, пишува про-републиканскиот „Daily Caller“.

Aгендата на Сорос е да го уништи Израел – Нетанјаху е под напад затоа што се спротивставува, а народот го поддржува

Soros-Netanyahu

И Израел и израелските граѓани го прочитаа делувањето на финансиерот – донатор Џорџ Сорос, остро спротивставувајќи им се анти-израелски групи финансирани од Фондацијата на Сорос, кои работат и делуваат против интересите на израелската држава, одејќи и дотаму што тврдат дека Израел немал право да постои, а израелскиот народ немал право на своја држава.

Начинот на делување на Сорос во Израел сличен како во Унгарија, САД, Македонија, Словачка, Полска…

Серија објавени документи откриваат дека Сорос преку Фондацијата „Отворено Општество“ дава огромни суми пари на голем број анти израелски организации чија цел е оцрнување на израелската влада и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Новообјавени документи, кои во јавноста се излегоа пред неколку месеци овозможуваат подлабок поглед во операциите на мрежата во Израел и Палестинската самоуправа, со тоа што милиони долари годишно се издвојуваат за организациите кои се насочени против Еврејската држава, а дел од нив велат дека таа нема право да постои.

Листата на организации е откриена преку објавените документи, а еден документ покажува дека во периодот до 2015 година Сорос дал околу 9,5 милиони за групации како Адала, Ал-Туфула центарот, Арапската асоцијација за човекови права, Баланда, Галилеја, Молад, Нов израелски фонд и други слични на нив.

Според друг документ на Регионаланата арапска канцеларија, со датум 6 август, 2015 година, мрежата “Сорос” за организацијата “Адала” издвоила 14 грантови во вредност од 2.688,561 долари. Независната организација за човекови права, како што се опишува самата, имаше важна улога во обвинувањето на Израел за воени злосторства во неколку прилики на меѓународните форуми и бараше од владите ширум светот да ги прекине или намали дипломатските односи со Израел.

Дополнителни девет грантови во вредност од 1.083.000 долари се издвоени за “И’Лам”, палестински медиумски центар со седиште во Назарет.

israel

Израелските кукли на Сорос располагаат со огромни средства

-Ако се прашувате кој стои зад финансирањето на мрежата левоориентирани невладини организации во Израел, кои имаат за цел да ја соборат владата на Нетанјаху и да го претворат Израел во една мнозинство арапска држава, тогаш одговорот е дека тоа е истиот човек кој го финансира движењето „Окупирај го Волстрит“, Џорџ Сорос. Тел Авив има можност да се соочи исти левичарски протести, очигледно сите координирани од една централа, пишува американскиот автор Сем Бламенфелд.

Тој додава дека НВО империја се користи од страна на Џорџ Сорос за да се обликува иднината на Израел. Таа империја на Сорос според него била изграден преку нетранспарентност, со скриени листи донатори и тинк-тенк организации финансирани од организации кои се под капа на „Отворено општество“.

-Глобална агенда на Сорос е она што тој придонесува за економска и политичка нееднаквост.. Неговиот обид за соборување на Владата на Нетанјаху предизвика интензивна омраза меѓу многу поддржувачи на Израел. Кампањите водени преку неговите НВО престатвуваат закана за долгорочно влијание на Сорос во Израел. Неговите израелски “кукли“ имаа огромни суми на пари на располагање, пишува Бламенфелд.

Меѓу оние кои во Израел работат за да ја поткопаат Владата на Нетанјаху е Новиот Израелски фонд фонд (NIF), сестринска организација на „Отворено општество“, чиј годишен буџет изнесува 25 милиони долари и се користи за финансирање на ултра радикални групи, кои повикуваат на бојкот или целосно уништување на државата Израел.
benjamin

Хајка против Нетанјаху за наводен корупцуски скандал

Главна препрека за релизација на анти изреалскиот план на Сорос е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Сорос разбира дека само со финансирање на про арапски организации кои имаат за цел критика кон Израел не може да го детронизира Нетанјаху кој има подршка од народот и затоа применува кон добро испробан план каков што спроведува во голем број на источно еропски и балкански земји, и кој подразбира отворање на истраги и обвинувања кон политичарите кои застапуваат национални влади и имаат суверенистички пристап, и сето тоа подржано со напади од про левичарски и либерални медиуми и невладини организации над кои Сороос има контрола.

Кон крајот на месец декември минатата година, дел од израелските медиуми лиферуваа наводен корупцсики скандал во кој бил вмешан израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху . Истрагата се водеше поради подароците коишто Нетанјаху како премиер наводно ги добивал од деловни луѓе.

Нетанјаху категорички ги отфри сите обвиненија за незаконско постапување, повторувајќи дека „од тоа нема ништо да има, бидејќи и нема ништо“. Тој ги обвини левичарските медиуми и политичари дека сакаат да го соборат.

-Се разјасни дека долгогодишниот, секојдневен прогон на мене и моето семејство нема основа. Нема апсолутно ништо, рече Нетанјаху во писмената изјава, објавена од неговиот кабинет.

Инаку, интересен е фактот што обвинението против Нетанјаху беше поднесено само еден ден откако израелскиот премиер испрати низа критики кон поранешната американска администрација на демократите.

sheldon

Факторот Шелдон Анделсон – десничарскиот противник на Сорос во Америка

Израелските медиуми објавуваат дека една од причините и мотивациите на Сорос да се бори против Нетанјаху и неговата изреалска политика, е блиското пријателство на изреалскиот пермиер и американскиот мултулијаредр од еврејско потекло Шелдон Андерсон, кој е подржувач на десната опција во САД.

Во текстот на „Хафингтон пост“, Аделсон е опишан како човек кој има голем интерес во израелската политика, но и во изборите во Америка. Тој е силен подржувач на Нетанјаху и е финансиер на изреалскиот весник „Израел Денес“ кој дава силна подршка на Нетанјаху, пишува Хафингтон Пост.

Шелдон Анделсон е еден од подржувачи на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. По првичната подршка за Тед Круз минатото лето Анделсон почнува да го подржува Трамп и тој е еден од главните финансиери на Републиканската Партија, кој донирал над 100 милиони долари за републиканците, објавува Ал Џезеира.

Влијателниот изреалски весник Харец пишува дека интересот на Анделсон е да финансира изреалски медиуми кои би направиле баланс на левичарсите медиуми кои ги финансира Сорос.

Во 2015 година Сорос се обидува да го сузбие влијанието на про Нетанјаху весникот „Израел Денес“, преку обид во Кнесетот (Парламентот) на Израел да се изгласа закон со кој ќе се забрани овој весник кој го финансира Шелдон, и тоа само заради фактот што весникот се дистибуирал бесплатно. Овој предлог го поднесува Ционистичката Унија која е левичарска партија во Израел и која е под контрола на Ципи Ливни политичарка за која се знае дека е во многу блиски односи со Сорос.

Обидот на Ливни не успева заради предвремените избори во Израел на кои повторно победува Нетанјаху.
Целата операција има голема подршка од Арнон Мозес кој е сопственик на изреалскиот левичарски весник Једиот Ахронот, и е еден од главните непријатели на Нетанјаху. Овој весник е фаворизирачки кон Ципи Ливни опозиционерка на Нетанјаху.

Нетанјаху во своја одбрана истакна дека главна цел на Арнон Мозес е негово оцрнување.

Во минатите недели нападите кон мене не с епојавуваат веке еднаш дневно, односно наутро кога се дистрибуира Једиот Анхорон. Тие сега се објавуваат на скоро секој час, некогаш и на половина час, на порталот на весникот. И весникот и порталот креираат вести кои се лажни и кои имаат за цел да ме оцрнат мене и мојата жена, и тоа како дел од медиумска кампања да се замени Владата на Ликуд со некоја левичарска влада и да се врати контролата на Мозес врз медиумите, напиша Нетанјаху на социјалните медиуми.

нетанјаху

-Методот е едноставен. Секој ден и секоја ноќ внимателно филтрирани транскрипти и меѓународни лаги се дистрибуираат против мене. Се разбира додека истрагата трае јас не можам јавно да се бранам, и не можам на јавноста да и ја кажам вистнската приказна позади овој напад со што ќе стане јасно дека нема никаков криминал, одговори Нетанјаху.

Германскиот „Алгемајне“ пишува дека Сорос ги финансира левичарскте медиуми во Израел чија цел е да се сруши Натанјаху.

-Израел има слободни медиуми. Иронично, Сорос сега троши огромна количина на време, на пари и на труд за да влијае на медиумите, објавува Алгемајне.

Сепак мнозинството Изреалци и покрај отворените истраги подржуваат останување на Нетанјаху на премиерската позиција. Изрелскиот премиер има 50% подршка од израелците, додека 36% според анкетата се за негово повлекување од функцијата.

„ЊУ АМЕРИКАН“ СО АРГУМЕНТИ: Осуда за милијардерот Сорос – „Богот“ кој треба да биде затворен

Soros-f

Џорџ Сорос, кој се замислува бог и сака да го прекрои светот, е господар на хаосот и се стреми кон светски поредок кој е демонски, а не божествен, пишува Вилијам Џаспер, уредник во порталот „Њу Американ“.

Супербогаташот, секако, треба да има право како и секој друг граѓанин да учествува во политичкиот систем што владее, но на Сорос изгледа му е удобно да оперира и во и надвор од законот за да го уништи (тој би рекол „реформира“ нашиот политичко-економски систем), пишува Џаспер во текстот со наслов „Џорџ Сорос: ’Богот‘ кој треба да биде затворен“. Џаспер додава дека по многу години неказнето оперирање, Сорос станал толку бесрамен, што изгледа не се грижи кога работи илегално и неморално.

– Нашето тврдење е дека доказите за криминалната активност на Сорос и тие што тој ги финансира се доволни за да се побара истрага од Kонгресот, американското Министерство за правда и јавниот обвинител. Овие службеници имаат должност да се справат со моќните интереси што го корумпираат и поткопуваат владеењето на законот во Америка и ги загрозуваат слободите до кои се држиме. Во најмала рака, даночната управа може да им го одземе статусот за ослободување од данок на огромните фондации на Сорос или да ги натера да прекинат да финансираат радикални групи – наведува уредникот и додава дека ако федералните власти имаат барем малку ентузијазам како за проширувањата на прогонот на конзервативниот аналитичар Динеш Д’Соуза (обвинет за нелегална донација на кампања во 2012 година), Сорос може да заврши зад решетки.

Уредникот потсетува дека во последните неколку години во американските градови имаше многу немири на ниво што не е забележано уште од 60-тите и 70-тите години од минатиот век. Ги наведува протестите против полицијата во Фергусон, Балтимор, Милвоки и на други места, кои прераснаа во протести против Трамп, а многу од истите организации и лица биле двигатели, па се наведуваат Блек лајф метрс, Мув он, Интернешенел екшн сентр и други крајно левичарски групи. Тие доследно настапуваат на знак затоа што се финансирани од фондацијата „Отворено општество“ на Сорос, другите фондации ослободени од данок (Рокфелер, Форд, Kарнеги и други) и активистички организации како фондацијата „Тајдс“, кои перат стотици милиони долари на уличните револуционери. „Блек лајф метрс“, која стана една од најефикасните операции за правење немири, била особено благословена со пари од елитата на милијардерите. Истрага на „Вашингтон тајмс“ од 2015 година откри дека Сорос им дал на оваа и поврзаните организации повеќе од 33 милиони долари, а фондацијата „Форд“ објави дека има намера да им додели над сто милиони долари.

Авторот наведува дека има причини да се верува оти тие што протестирале по изборите во САД се изнајмени демонстранти. Не само што беа вмешани познати организации финансирани од Сорос туку и групите, како „Вашингтон комјунити екшн нетворк“, објавија огласи за организатори со цело работно време за агендата за борба против Трамп, нудејќи 15 долари за час, со платени бенефиции и одмор. Сорос негира дека воопшто ги финансира овие движења, како што правел и во минатото.

Според анализата на Центарот за отворена политика, Сорос дал донација од 19,5 милиони долари во последниот изборен круг. Тоа не ги вклучува фондовите за непрофитабилни групи и активисти, кои официјално не поддржуваат определен кандидат, но активно се вклучени во нивните кампањи. Во последните две децении, Сорос го финансираше движењето за реформи за финансирањето на кампањата. Истовремено, додека го осудуваше коруптивното влијание на парите во политиката, тој беше пионер на финансирањето на „Групите 527“, кои можат да подигнат неограничени средства за политички кампањи. Тој ја организира Демократската алијанса, обединувајќи милијардери и милионери за обезбедување пари за неговите омилени кандидати и каузи.

Во текстот се наведува и дека Сорос финансирал групи што охрабруваат лица што не се државјани на САД да гласаат на избори.

Ќе биде повеќе од бизарно ако избраните и именувани функционери ги избегнат своите обврски за истрага и прогон на „злосторниците со големо богатство“, кои го поткопуваат општеството претставувајќи се како негови спасители, стои на крајот од текстот.

Поврзан е со мигрантската криза?

Во 2005 година аналитичарот Стив Инскип од Националното јавно радио нагласи дека Сорос е опишан како единствена индивидуа што има сопствена надворешна политика. Тој му забележа на Сорос: Узбекистан, Институтот „Отворено општество“, всушност, добива грантови од американскиот Стејт департмент и троши милиони долари на американската влада за различни програми. Тоа беше во времето на Џорџ Буш, но тоа не е изолиран инцидент, продолжи уште полошо со претседателствувањето на Барак Обама и државниот секретар Хилари Kлинтон.

– Лесно е да бидеш „филантроп“ кога трошиш туѓи пари – во случајот пари на американските граѓани – стои во текстот.

Сорос се наведува како една од главните сили што стојат зад несреќната „бегалска криза”, која ја поплави Европа и се заканува да се случи и во САД благодарение на заговорот Сорос-Обама-Kлинтон-Kери.

Медиумски ехо-комори

Kако Сорос успева да се извлече со ова? Очигледно, неговите милијарди му купуваат многу влијание. Еден од главните клучеви за успехот му е „тефлонскиот штит“ што му го обезбедуваат воспоставените корпоративни медиуми, кои дејствуваат како негова „ехо-комора“. И тоа според дизајнот.

На 27 септември 2007 година, во имејл од Џон Подеста до Сорос, Петар Луис, Стив Бинг и до други левоориентирани милијардери, Подеста ги наведува своите планови за претворање на големата мрежа што тие ја финансираат во „ехо-комори“ медиуми, кои ќе го контролираат политичкиот дискурс. Во тоа време, Подеста беше претседател на Соросовиот Центар за американски прогрес. Од таа позиција замина да биде претседател на кампањата на Хилари Kлинтон.

Професор Росоклија: Џорџ Сорос граба и убива за да го има чувството на моќ

Gorazd-Rosoklija-int

Професорот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, во Њујорк, САД, Горазд Росоклија на својот Фејсбук профил го сподели интервјуто на Џорџ Сорос, кое долго време беше избришано од „Јутуб“ и од интернет, за потоа повторно да биде прикачено.

Во интервјуто Сорос зборува за својот живот и открива шокантни детали.

ЏОРЏ СОРОС

Во интервјуто Џорџ Сорос раскажува за својата соработка со нацистите и изјавува дека не се чувствува виновен. Додека во Будимпешта, заедно со својот кум учествувал во одземањето на имотите на Евреите и во депортацијата на еврејските семејства во логорите на смртта, изјавува дека ,,немал и нема чувство на вина.“ Единственото чувство што го имал, според кажаното во интервјуто, е ,,чувството на моќ!!!!“ Моќ да граба и да убива! И денес Џорџ Сорос го прави токму тоа. Граба и убива за да го има истото чувство на моќ. Не знам дали и тој како Понтие Пилат, си ги мие рацете од последиците на тоа што го прават неговите платеници? Прљави пари купуваат прљави луѓе за спроведување гнасни идеи.“, напиша Росоклија.

Rosoklija-FB-Soros

„Daily Caller“: Македонија и САД мора да ги победат своите непријатели – да почнеме со Џорџ Сорос

Kolumna-Daily-Caller

Колумна во про-републиканскиот „Daily Caller“ со наслов „Америка и Македонија мора да ги победат своите заеднички непријатели – за почеток Џорџ Сорос“ во која се зборува за изборите, улогата на Сорос, обидите на Сорос да го оневозможи формирањето на Влада, протестите во Њујорк и промената на политиката на САД кон Македонија.

Македонија влезе во 2017 и на почеток се постави на јака глобална позиција со неодамнешниот избор на искусниот политичар Никола Груевски, кој е избран како Премиер. Сепак, малата, затворена земја на Балканот продолжува да се соочува со протокот на имигранти во Европа кои се дел од нестабилноста на Блискиот Исток како и намерите на Фондацијата на Џорџ Сорос со граѓанското општество во Македонија. И покрај промената во раководството во САД, јасно е дека Македонија и понатаму се соочува со предизвици, и внатрешни и надворешни. Повеќе од еден милион луѓе се дојдени од Турција преку Грција и се обидуваат да влезат во Европската унија. И покрај тоа што Македонија не е крајната дестинација, земјата се справува со ситуацијата и на милионите луѓе и нуди безбеден премин преку Балканскиот пат од Грција до Западна Европа, се наведува во колумната.

Во текстот стои дека Македонија се покажала како силна, стабилна нација во текот на овој период на масовни немири во клучниот регион во Европа.

-Со сириската бегалска криза, иднината на Европа е неизвесна, а Македонија ја зазема водечката улога на ублажување и се погрижи за својот дел во борбата против тероризмот и заканата од ИСИС. Оваа идна членка на НАТО и покрај нејзината мала површина дејствуваше како примарен транзитен пат за бегалци кои бегаат од војните во земјите како што е Сирија, презема вонредни мерки за да се  решат и безбедносните и хуманитарните прашања кои се создадоа со бегалската криза. Уште повеќе, покрај тоа што е опкружена со три земји-членки на ЕУ и НАТО и со зголемување на политичката нестабилност која се заканува на Балканскиот регион, Македонија е оставена сама да се справи оваа криза.

Македонија одигра клучна во решавањето на глобално прашање кое што беше оставено пред нејзиниот праг. И како очигледен резултат на справувањето со овие предизвици, Македонија претрпе значителни трошоци. Но напорите помогнаа оваа земја која е под линијата на фокусот да се претвори во витален сојузник во борбата против ИСИС  и борбата против тероризмот во целост.

Во меѓувреме, Македонија се бори уште еден непријател во рамките на сопствените граници: милијардер Џорџ Сорос и неговата фондација. Сорос и неговата организација, преправени со маската на меѓународен партнер на граѓанското општество, се меша во Македонија и нејзината политика со години. Во периодот од повеќе од една четвртина од последниот век, американската група потроши  милиони долари за да се нападне партијата на ВМРО ДПМНЕ, без разлика дали во владата или опозицијата и секогаш со поддршка за СДСМ – поранешната Комунистичка партија на Македонија. Ова е јасен случај на обид да се купи влијание, се замеша во македонската политика и медиумите и да се создаде нестабилност во земјата и во регионот.

Како што македонскиот премиер Никола Груевски рече дека кога го опишуваше Сорос и неговата фондација “Неговата фондација, финансии и човечки ресурси е најмоќната фондација во светот која има политички цели. Сорос одлучи да го искористи своето богатство за да влијаат во две насоки – идеолошки за да се создаде т.н. “Отворено општество” и финансиски, преку шпекулации и претходно познат политички резултати во некои земји за да профитира на пазарот на акции. По одредено време, сите институции, министерства, можеби дури и владите и нивните разузнавачки служби се заразени со неговите ставови, неговата идеологија, неговите ставови и цели.” Мора да се напомени дека премиерот Груевски е првиот европски лидер кој отворено зборува и е директен против Џорџ Сорос , а моќта на Сорос во Европа е толку голема што многумина се плашат дури и да го споменат неговото име, се вели во колумната.

Зошто токму еден американски бизнисмен е заинтересиран да потроши милиони долари во Македонија?

Главната причина ги вклучува и финансиските и идеолошките интереси. Џорџ Сорос има за цел да ја ослаби Владата на Република Македонија, да изврши притисок врз изборите во земјата и да ја ослаби Европа преку искористување на бегалската криза во Македонија со цел да се намали вредноста на европската валута преку шпекулации. Сорос соработувал со амбасадорот на САД во Република Македонија и други влијателни личности за да ги спроведе своите планови и да го руши македонскиот политички систем.

За среќа, изборниот резултат покажа дека Џорџ Сорос и неговите пари не би можеле да победат. Македонците, сега ќе го дозволат тоа. Граѓаните на земјата гласаа за политичко лидерство и јасно покажаа каква земја сакаат, не е исто со она што го сакаат Џорџ Сорос и неговите поданици. Луѓето јасно кажаа: Македонците ќе ја контролираат иднината на Македонија. Но, Сорос не завршува тука – медиумите и влијателните луѓе, финансиран од неговиот Институт отворено општество имаат интензивна кампања со главна цел Груевски да не создаде коалиција со својот партнер ДУИ, кој е претставник на албанското малцинство. Во Република Македонија постои непишано правило дека победникот на изборите секогаш прави коалиција со партијата која има најмногу пратеници од албанската заедница, кои што претставуваат 25% од населението на земјата. Со ова се создава етничката хармонија во Македонија и преставува клучна држава за стабилноста на регионот. Сорос го напаѓа овој принцип со цел да се создаде нестабилност во целиот регионот. Но, луѓето јасно кажаа и сега е оставено на Груевски и неговиот албански коалициски партнер ДУИ да ја испочитуваат волјата на народот. Да се заврши со Сорос и да се донесе стабилност за сите во регионот.

Според зборовите на премиерот Никола Груевски, “Сорос не може да успее, бидејќи правдата е на наша страна. Без оглед на неговите мотиви, нашата борба е чесна и праведна. И никогаш нема да запре, а тој не може да не оттурне од патот на вистината и цели. Тој нема да не оттурне подалеку од Македонија “.

На 15 јануари македонската дијаспора во САД се собра во Њујорк пред кулата Трамп за да го поддржи изборот на Трамп за претседател и неговата борба против Џорџ Сорос и побараа од новоизбраниот претседател да и помогне на Македонија и во оваа борба. Новоизбраниот Претседател има соработници и сојузници во Македонија за време на овие значителни предизвици како што се Европската бегалската криза и борбата за слободен граѓански сектор. Оваа праведна и чесна борба ќе биде успешна.

Избришаното интервју на Сорос повторно достапно: „Јас сум Бог, имам многу силни фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“ (ВИДЕО)

soros-nacist

Видеото од 60-на минути, кое Џорџ Сорос го има дадено за CBS во 1998 година, неколку пати е избришано од интернет, токму поради контроверзните ставови и сето она што го кажува Сорос во него. Но, колку и да е широко распространето неговата соросова мрежа, видеото повторно успева да се најде на интернет и да се дознае вистината за тоа каков човек е Џорџ Сорос.

Снимката која долго време беше скриена, сега повторно е достапна за очите и ушите на светската јавност.

Џорџ Сорос е роден во Унгарија, во богато и образувано еврејско семејство. Кога нацистите ја окупирале Будимпешта во 1944 година, таткото на Сорос бил успешен адвокат, но знаејќи дека периодот што следи ќе има големи проблеми за Евреите, одлучил да го раздели семејството, им купил лажни документи, подмитил човек од власта за да го земе 14-годишниот Џорџ Сорос и да го престават како христијанин и негов кум.

Додека 100 илјадници унгарски Евреи биле пренесени во логорите, Џорџ Сорос и неговиот „кум“ од владата се спасиле, но не само тоа, туку заедно го конфискувале имотот на Евреите, пријатели и соседи, па дури и роднини на малиот Сорос.

Овие контроверзни одговори за тоа што им правеле на Евреите, почнуваат од 6:43 во видеото.

Сорос: Имав 14 години и можам да кажам дека токму тогаш се оформи мојот карактер.

Крофт: На кој начин?

Сорос: Да сфатам дека еден човек мора да гледа напред и да ги предвидува настаните. Тоа беше страшна закана на злото.

Крофт: Колку што разбрав, ти заедно со човекот кој се претставувал како твој кум, сте оделе низ еврејските имоти и сте конфискувале што ќе најдете?

Сорос: Да, тоа е точно.

Крофт: Да бил некој друг на ваше место, она што го правел ќе го довело до лудница и психички пореметувања… Дали беше тешко да го правите тоа?

Сорос: Не, не беше. Воопшто не беше. Можеби како дете не гледате поврзаност, но мене не ми претставуваше никаков проблем.

Крофт: Не чувствувате вина?

Сорос:Не.

Крофт: На пример: Јас сум Евреин и еве ме гледам како луѓето ги пренесуваат во логори, јас можев да бидам на нивно место. Јас требаше да бидам на нивно место. Ништо од тоа не почувствувате?

Сорос: Секако дека можеше да бидам на другата страна, но не чувствував вина за тоа што сум на таа страна. Смешно но, тоа е исто како пазарната економија-Ако не бев јас, ќе беше некој друг, вели Сорос со ладна насмевка на лицето.

Во интервјуто вели и дека не е религиозен и дека не верува во Бог. Смета дека Бог е создаден од човекот а не обратно. Аналогно на ова тој за себе смета дека е Бог…

Неговиот „боженствен“ комплекс е тој кој што ја анулира вината во него.

-Покрај моите фантазии дека сум Бог, исто така имам и многу силни фантазии дека сум луд, признал Сорос во интервју за британска телевизија.

-Всушност, мојот дедо беше параноичен. Има многу луди луѓе во моето семеjство, до сега јас успеав да го избегнам, иронично вели тој.