Официјално и без задршка: Институтот за бугарски јазик најави промени на македонските учебници после ратификацијата на Договорот меѓу Заев и Борисов

После само два месеци откако Зоран Заев и СДСМ ја преземаа власта во Република Македонија, беше потпишан штетниот договор со Бугарија, со кој Македонија се согласи на продажба на националните интереси и пишување на својата историја од бугарска страна.

Најавено е формирање на заедничка ултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на договорните страни.

Двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.

Ова значи дека спорните за Бугарија работи од македонската историја ќе бидат отстранети од учебниците, што значи дека учениците нема да имаат можност да учат за националните херои на Македонија, како што се Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански, Питу Гули… кои се спорни за бугарската страна.

Владата на СДСМ потпиша договор со кој ќе мора да се сложиме со многу условувања од бугарска страна.

Ана Кочева од Институтот за Бугарски јазик при Бугарската академија на науките, смета дека македонскиот јазик има бугарска историја и деструктуирана книжевна форма од истиот.

На прашање на новинарот ако во учебниците по историја, во средно школо, по факултетите, пишува дека македонскиот јазик е деструктуирана форма на бугарскиот јазик, дали тоа нема да е грешка, таа вели дека се разбира, дека нема да е никаква грешка.

Таа вели дека е прашање на време кога тоа ќе го пишува во учебниците во Македонија.

-Прашање на време е, тоа е прашање на време, а тие луѓе треба да сфатат дека тоа нема на никој начин да ја загрози нивната сувереност. Бугарскиот се зборува во Бугарија и во Македонија, вели Кочева

Кочева вели дека тоа немало да наштети на суверентитетот на Македонија, ако се кажело дека тука се зборува Бугарски.

-На никој начин, особено затоа што таква е историската вистина и благодарение на Договорот за добрососедство ќе имаме можност да влеземе во дијалог за ова со македонските колеги. На ред се средбите со заедничките комисии, изјави Кочева.

И претходно официјални лица од Бугарија како Красимир Каракачанов, Божидар Димитров ги истакнаа бугарските ставови кои не се нови, туку децениски стари, дека македонизмот е измислен во 45-та година, дека македонските револуционери се Бугари, а Илинденското востание е најголемото бугарско востание. Сепак, ова не беше пречка за СДСМ и Заев да побрзаат да го потпишат договорот без воопшто да ја консултираат стручната и пошироката јавност во Македонија, која да напомене сериозно се спротистави на овој договор со Бугарија.

Додека премиерот Заев се обидуваше да ги излаже граѓаните дека овој договор ќе донесе добро за државата, вистината поради која е потпишан договорот во Скопје ја потврди министерот за одбрана на Бугарија, Константин Каракачанов.

Бугарскиот колега на Радмила Шекеринска националистот Красимир Каракачанов, по средба со својата македонска колешка, среде Скопје да ги нагласи иреденстистички ставови и уште еднаш да нагласи дека Бугарија го сфаќа добрососедството во контекст на сонот за санстефанска Бугарија. Старите скопјани се едни од првите бугарски борци и бунтовници кои барале бугарска богослужба и бугарски училишта, убеден е лидерот на националистичката ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

Утрото на 2 Август пред да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во изјава за бугарската телевизија Нова, Каракачанов изјави дека „104 години Македонија е одделена од бугарската култура“ иако „Скопје е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква“.

– Се наоѓаме во град Скопје, тоа е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква. Градот Скопје е првиот град во кој локалното бугарско население се дига на бунт против грчкиот владика и бара во црквите да се служи на бугарски јазик, да има бугарски училишта, ова е во првата четвртина на 19 век. Така што, историјата е јасна, кој сака да ја прочита ќе ја научи, кој не сака – нема да ја научи никогаш.

-Македонија веќе 104 години е одделена по секој начин од бугарската култура, од бугарското образование, затоа што после 1912 година кога Србите почнуваат да владеат со овој дел од Македонија, сите бугарски училишта се затворени, сите бугарски цркви се затворени, бугарските владици и свештеници се прогонети во Бугарија или се убиени, вели Каракачанов.

Каракачанов кажа дека е и Илинденското востание, она кое што оваа година заеднички го прославија Зоран Заев и Бојко Борисов, е најголемото бугарско востание.

-Ова е најголемото бугарско востание во долгото петвековно турско ропство. Најдолгото и најдобро организирано, беше оцената на Красимир Каракачанов за востанието, еден од најгласните бугарски политичари за тезата за непостоење на македонскиот народ.

Чекор понатака отиде директорот на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, историчар и политичар познат по своите антимакедонски ставови, кој изјави дека Илинденското – преображенско востани од историски аспект е несомнено бугарско и одговара на тешкото прашање: „Каков народ живее во Македонија“.

-Повеќе од јасно е оти предците на сите овие јунаци, кои сега управуваат со Скопје и изјавуваат дека немаат ништо заедничко со бугарскиот народ, јасно е дека дедовците им биле Бугари. Во бројните документи кои ги оставиле, тоа е едно бугарско востание, кое секогаш ќе остане како аргумент за нашите права не само врз востанието, туку и врз цела Македонија, рече Димитров минатата година во интервју за агенцијата „Фокус“ посветено на Илинденското востание.

Според донеодамнешниот директор на Националниот историски музеј од Софија, токму договорот меѓу Македонија и Бугарија му пресудил на ВМРО-ДПМНЕ како негов остар критикувач. Тој очекувал партијата да освои 70-80 проценти од гласовите и е многу изненаден што владеачката СДСМ освои апсолутно мнозинство.

-Тоа покажува дека таканаречените Македонци му поверуваа на господинот Заев и оти зближувањето со Бугарија наиде на поддршка кај населението во Македонија, што е многу радосно за нас. Ова значи дека со измислувањето и со туркањето со насилство и со безброј фалсификати на политичката идеја на македонизмот е завршено. И започнува неговото бавно или побрзо демонтирање. Искрено, не очекував да го доживеам тој момент, изјави Димитров.

Инаку, потврда дека Заев не го интересира македонската историја и македонските национални прашања, се покажа уште при неговата прва посета на Бугарија, неполн еден месец откако дојде на власт. Тогаш премиерот на Македонија, во Софија се поклони пред споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил

Навистина зачудувачки за многу од граѓаните е што договорот беше поддржан дури и од Синодот на Македонската православна црква. Граѓаните јавно прашуваат дали последното барање на МПЦ до БПЦ е можеби дел од штетниот договор кој Заев го потпиша со Борисов.

Со писмо од Светиот синод на Македонската православна црква- Охридска архиепископија (ОА) испратено до Бугарската православна црква (БПЦ) , МПЦ од БПЦ бара таа да биде нивна црвка- мајка.

Писмото што Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (ОА) го испратил до Бугарската православна црква (БПЦ) во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, е обид да се дојде до автокефалност, на поинаков начин отколку што се праваше досега, смета верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски.

Тој е скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефалноста на МПЦ, бидејќи, како што објаснува, тоа може да отвори проблем со останатите православни цркви, поради договорот да има целосен консензус меѓу нив при признавање на нова црква, но и поради спорот со Српската православна црква (СПЦ).

МПЦ, потсетува Ѓорѓевски, досега преговараше со СПЦ бидејќи ставот на сите православни цркви беше дека ние мора да преговараме со нив за да се реши тој црковен спор во кој СПЦ ни нудеше само автономија во нејзиниот состав, а ние сакавме да имаме полна автокефалност.

Ова што сега се прави, вели Ѓорѓевски, е обид СПЦ веќе да не биде главен партнер во преговорите, туку да се вмешаат и други православни цркви при што конкретно БПЦ би не признала како автокефална. Смета дека македонските владици сакаат да ја искористат и позитивната клима меѓу Македонија и Бугарија што е настаната со потпишувањето на Договорот за добрососедство и во тоа да се вклучи и црковното прашање.

Според него, ако бугарските владици ја признаат македонската автокефалност тоа ќе отвори бранувања меѓу православните цркви заради тоа што тие си постигнаа договор со којшто за признавањето на самостојноста на некоја нова црква треба консензус на сите 14 православни цркви во светот.

– Ако БПЦ ја признае автокефалноста ќе отвори проблем со другите православни цркви. Од друга страна ако БПЦ го направи ова ќе отвори проблем со СПЦ, но и Руската православна црква која најмногу инсистираше на постигнувањето консензус околу признавањето на нови автокефалности. Руската црква водеше битка со Вселенската патријаршија никој своеволно да неможе да признава автокефалност на нови цркви, туку тоа мора сите заедно да го направат. Ако Руската црква не се спротивстави на потегот на Бугарската тогаш ќе отвори можност некоја друга православна црква, конкретно Вселенската патријаршија да ја признае автокефалноста на непризнаената украинска православна црква, вели Ѓорѓевски.

Затоа, додава, јас сум скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефаноста, но можеби ќе се решат на некој поголем степен на меѓусебните односи, на пример заедничко сослужување на свештениците, како што своевремено имаше еден предлог меѓу српските и македонските преговарачи, после преговорите во Калишта кај Струга, но што потоа беше отфрлено од Српскиот синод.

Владиката Наум и митрополит струмички во интервју за бугарската телевизија БТВ рече дека се отвора нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА и оти автокефалноста на МПЦ-ОА не е призната од политички причини.

– БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ-ОА да стане мајка на МПЦ-ОА. Тоа е ретка историска шанса, која БПЦ не треба да ја пропушти, рече владиката Наум

Тој нагласи дека Македонија и Бугарија имаат заедничка религиозна историја. – Ние сме биле дел од Бугарска Егзархија. Луѓето тогаш (кон крајот на 19. век и во почетокот на 20. век) биле разделени меѓу Егзархијата и Цариградска патријаршија, но повеќето биле егзархисти“, изјави владиката Наум.

рече дека со писмото до Бугарската црква на тој начин отворајќи една нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА.

-Испративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ да стане црква мајка на МПЦ. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти “, категоричен е митрополитот Наум.

Светиот синод на МПЦ – ПА го испратил писмото до БПЦ на 9 овој месец по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно одлучено да се упатат одредени предлози и барања до сестринската црква.

– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, се нагласува во писмото.

Синодот од Скопје бара од БПЦ да воспостави „евхаристичко единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.

Со евентуалното потпишување меѓу двете цркви, се бара воспоставување единство меѓу двете епископии што ќе биде основа за „евхаристичко единство и со епископиите од останатите помесни православни цркви“.

Македонска Алијанса со остра реакција: Дали Владата на Заев во договорот со Бугарија прифати да бидеме нарекувани „Вардарска Македонија“?

Во врска со интервјуто на Бугарската лингвистка од Институтот за Бугарски јазик при Бугарската Академија на науки, Доцент Ана Кочева, која за Бугарската национална телевизија соопшти дека новото нивно гледиште е дека „Македонскиот јазик е деструктуиран книжевен Бугарски јазик“,  претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

„Македонската Алијанса најостро ја осудува оваа најнова провокација од бугарска страна. Ставот на Бугарската Академија на науки со кој повторно се пласира една небулозна теза дека не постои Македонски јазик, тврдејќи дека наводно таткото на Македонизмот бил Србин кој според нив неприродно се спротивставувал на бугарштината, е исклучително опасна теза која всушност има за цел да го понижи македонскиот народ. Особено што за ваквиот став Бугарската лингвистка Ана Кочева се повикува на член 8 од Договорот за добрососедство.

Каде е МАНУ да реагира на ваквите небулози? Каде се нашите лингвисти да се спротистават со факти? Македонската Алијанса ја прашува актуелната Влада, дали со Договорот за добрососедство сме прифатиле да не нарекуваат  „Вардарска Македонија“, бидејќи претставникот на БАН во интервјуто така не ословува? Каде е МНР да протестира? Или, земајќи предвид дека со Договорот актуелната Влада на Зоран Заев и Никола Димитров презема обврска да спречува создавање на анти -бугарско расположение во Македонија, да ги шминка учебниците по историја и заедно да слави празници со Бугарски претставници, па сега мора да одмолчува и на ваквите провокации?

Стојалиштето на БАН е доказ дека сме во право кога тврдиме дека Договорот за добрососедски односи не ги затвора сите нерешени прашања кои со децении ги усложнуваат односите меѓу Македонија и Бугарија.

Договорот не содржи одредби со кои Бугарија го прифаќа постоењето на македонскиот народ и ја признава посебноста на македонскиот јазик. Напротив, со дипломатски речник е вметната формулацијата „Македонски јазик согласно Уставот“ , што „де факто“ е позиција на Бугарските власти изминатите две децении. Дополнително, Бугарија со Договорот не превзема обврска да ги спроведе пресудите на Европскиот Суд за човекови права и повторно нема да го регистрира ОМО Илинден – Пирин, ниту ќе им овозможи на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат таму да ги уживаат основните демократски права. Конечно, Договорот не е решение кое трајно ги отстранува сите пречки меѓу Македонија и Бугарија и по својата суштина е едностран и штетен за нас. Во членот 12, точка 2 од Договорот, се определува обврска за формирање заедничка меѓу владина Комисија која еднаш годишно ќе прави контрола како се спроведуваат преземените обврски. Бугарската страна си го задржува правото и после ратификацијата на Договорот да ја блокира Македонија на Евроатланскиот пат. Тоа во пракса значи дека нашите институции ќе мора да молчат на изживувањето на бугарската Академија, националисти и политичари врз македонскиот народ, бидејќи бугарската Влада секогаш во своите раце ќе го има механизмот да оцени дека Договорот не се спроведува соодветно.

Македонската Алијанса ги подржува сите иницијативи за унапредување и градење на добрососедски односи, но тоа мора да биде на принципиелна основа. Бугарија е наш важен сосед кој прв ја призна Македонија под Уставното име, но сепак ние не можеме да отстапиме од  стратешки позиции и интереси на Македонскиот народ. Македонија не може да ги менува историските факти. Македонија и Македонскиот народ за време на Втората светска војна беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и правда, се бореа против фашизмот, и заради тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се и никогаш не биле ист народ.

Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека евентуалната ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, ќе биде мотив за официјална Атина да ни го зададе последниот удар, со аргументација дека ние самите сме се откажале од нашиот национален Македонски идентитет. Затоа, доколку во ваква форма на сила се ратификува овој Договор во Собранието, ние со сите политички средства ќе се бориме Македонија еднострано да го раскине Договорот, повикувајќи се на членот 13, точка 3“.

Втор круг избори: Вахабисти, рекетари, терористи… Коста Начевски за „живот во Бутел“ за сите…

Браќата Начевски кои организираа криминална група од поранешни затвореници, луѓе кои се во бегство и познати криминалци, беа во целосно координација со Велимир Смилески во првиот круг од локалните избори.

Од неочекуваниот резултат од првиот круг на локалните избори, бидејќи македонците во Бутел не го дадоа гласот за аеродромецот Велимир Смилевски, Коста Начевски исфрустриран од ваквиот резултат сега склучува и коалиција со познати терористи од УЧК и вахабисти се со цел да дојдат до победа во Бутел.

До вчерашниот спортски судија е исто така е силно поврзан и со лихварските кругови низ Скопје, а според наши информации подолго време лихварството е веќе фамилијарен бизнис на фамилијата Начевски.

Познато е меѓу Бутелчани дека Велимир Смилевски, преку семејството Начевски за наредниот изборен круг, луѓе од доверба ќе им бидат лихвари, вахабисти, рекетари и терористи од УЧК.

Имено, Коста Начевски јавно се залага „за живот во Бутел за сите“, а самиот тој со своето семејство живее во етничка чиста средина.

Фамилија Прекардашијан: Обезбедувањето на Зоран Заев со закани го натерало Жељко Самарџиќ да ја поздрави сопругата на Заев

Апсурден и трагикомичен настан на Античкиот театар во Охрид, арената во која најчесто владее културата, а сосема ретко врвниот простотилак, кич и некултура.

Охриѓани со срам зборуваат дека пред целата јавност за време на концертот на Жељко Самарџиќ обезбедувањето на Зоран Заев буквално го натерало Жељко Самарџиќ да упати поздрав до сопругата на Зоран Заев која била меѓу гледачите заедно со неколку члена на фамилијата.

После многу притисок на кој сведок била публиката на концертот на Самарџиќ до Охрид, тој иронично ја поздравил после што следело свиркање и погрдни зборови од публиката на адреса на Заеви.

Сите присутни на концертот со огорченост низ Охрид раскажуваат за овој немил настан и за нескриениот нагон и желбата на Заеви да бидат во центарот на внимание тотално незаслужено.

jatrvi

Коментарите на граѓаните се дека очигледно оваа фамилија со својата целокупна активност и нарачани новинарски текстови во кои ќе се зборува за нив сака да стекне статус како фамилијата Кардашијан од Америка, но резултатот од акумулираните фрустрации од струмичките села каде Заеви со години како помлади биле предмет на потсмевање, не наидуваат на одобрување меѓу пошироката јавност.

„Не Кардашијан, туку Прекардашијан. Срамота е да тераш пејач со сила да ја поздрави „првата дама“ на Македонија, срамота“, пишуваат охриѓани на социјалните мрежи.

Сараќини и Алаѓозовски збеснале затоа што имаше македонски знамиња на суперкупот, сакале да ги казнат виновниците

Првиот човек во културата Роберт Алаѓозовски и неговиот најблизок соработник Петрит Сараќини вчера биле многу незадоволни затоа што на церемонијата за отворање на супер купот во Скопје имало македонски знамиња.

Иако УЕФА забранила носење на знамиња освен од земјите кои играат во супер купот, на самиот почеток на свечената церемонија се појавија игаорци од КУД Танец а веднаш после нив и неколку деца со македонски знамиња истрчаа на теренот.

Министерот Алаѓозовски и неговиот човек за односи со јавност Сараќини биле бесни поради оваа „провокација од организаторите“ како што ја нарекле, па започнале да се распрашуваат кој е виновникот за одлуката да има македонски знамиња на отворањето на мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, велат извори од организацијата.

Откако дознале кои луѓе се задолжени за тоа заклучиле дека се работи за поддржувачи ина ВМРО-ДПМНЕ и побарале „вмровците да бидат казнети“ за онесувањето надвор од препораките на УЕФА и провокацијата со македонските знамиња.

„Урлаа по телефон, ни викаа дека само англиски и шпански знамиња смее да има, па дека ако имало македонски требало да има и албанско знаме и турско и бугарско за да има од сите заедници кои живеат во Македонија. На крај се заканија дека ова нема да остане вака“, вели анонимен извор од организацијата кој бил сведок на овој настан.

Ибрахими: Ременски и СДСМ немаат право да зборуваат за социјална политика бидејќи тие создадоа армија невработени и социјалци

-Времената техничка министерка Ременски во многу наврати при носење на одлуки, наредби и решенија се повикува на Законот за организација и работа на органите на државна управа, притоа заборавила дека во истиот закон во членот 48  став 2 стои  „(2) Заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето“, но изгледа народната читано – недочитано и Фросина Ременски го толкува законот како што неа и одговара. Како Ременски ќе го оправда своето отсуство од 50 владините седници, бидејќи тоа е местото каде што се носат владините одлуки и се предлагаат законите и политиките на кои таа се повикува, или пак ќе излезе на виделина пред колегите министри нејзиното нејзиното непознавање на институцијата. Фросина Ременски за тоа време се занимаваше со минорни работи, како менување на членови на комисии, префрлање на вработени од едно на др место и намалување на трошоците за гориво за заменик министерот и државниот секретар, вели Ибрахими кој додава дека Ременски и СДСМ немаат апсолутно никакво право да зборуваат за социјална политика бидејќи тие се луѓето кои што создале армија невработени и армија на социјалци.

– Нивната политика кон другите ја покажаа со тоа што при креирањето на листите водеа грижа за лицата кои ќе донесат двојазичност отколку за другите кои ги ставија на недобитни места. Ќе дојде и 12.12.2016 година и Ременски ќе замине во историјата запаметена како времена техничка министерка за спроведување на избори со резултат 0, додава заменик министерот Ибрахими.

Инаку, техничката министерска денес по примерот на нејзиниот лидер во својата реакција продолжи да етикетира медиуми и истата ја упати на погрешна адреса. Ременски својата реакција ја упати до Курир, но појаснуваме дека текстот објавен на Курир е превземен од друг интернет портал, за што уредно стои цитирање на истиот во објавата.

Нов проект на ВМРО-ДПМНЕ: По 3% од добивката на кладилниците за поддршка на македонскиот спорт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најавува нови мерки за спортистите во Македонија, кои ќе поттигнат помасовно занимавање со спортот и огромна поддршка на спортот.

Се работи за 4 нови мерки во оваа област.

1 мерка е Зголемена поддршка на државата за спортските федерации чии дисциплини се олимписки. Ќе се издвојуваат средства од обложувалниците и автоматите, за развој на спортот. Ќе има и законски измени кои по јавна расправа ќе влезат во процедура.

Ќе се утврди правилник за распределба и трошење на средствата. Ќе одат на посебна сметка, 65 отсто за колективни спортови, а 35 за индивидуални. Првите четири години ќесе распределуваат линеарно, а потоа делумно линеарно. Средствата може да се користат за организација на натпреварите во домашните лиги, за организација на репрезентативни натпреварувања, учество на олимпијади, подмирување трошоци за пат, престој, опрема, финансирање тренери, спортски академии. Ќе се користат за уплаќање на членарини и ќирии.

Средствата ќе се користат и за врвни спортисти и за надоместок на работата на членовите на извршното тело.

Невремето однесе најмалку 17 животи, можно е бројот да расте- извлечени и спасени над 1.000 граѓани

Петнаесет часа сите институции се во борба со отстранување на последи од силното невреме од невидени размери што не се памети долго време, со огромна количина на дожд, истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров  по завршување на состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

-Седумнаесет животи потврдено е дека се загубени, во моментов добивме информација за дополнителни тројца со што бројката може да порасне на 20 и се надевам дека тука се застане. Сите институции од почетокот на оваа непогода се во постојана активност во борба со оваа природна стихија. Припадниците на МВР специјалните единици, припадниците на АРМ, ДЗС, општините, Градот Скопје, противпожарната бригада, Министерството за здравство преку преку итна помош се обидуваат да им помогнат на граѓаните. Над 1000 граѓани беа извлечени и им беше помогнато, беа во многу сериозна ситуација, а голем дел од нив и во животозагрозувачка ситуација. Институциите помогнаа оваа катастрофа да не поголема, истакна Тодоров.

Тој додаде дека од изутринава од 6 часот теренот се пребарува и со хеликоптери.

-Почнавме со ваква систематска активност со прочешлување на целиот терен. При овие пребарување беа најдени неколку починати лица во рамки на оваа бројка. Искрено сочувство до семејствата на сите кои претрпеа сериозна загуба, до сите граѓани на Град Скопје. Фокусирани сме на пребарување на целиот терен и извлекување на оние кои се во загрозениот регион, обезбедување на сместување, храна, вода, испумпување на надојдената вода од поплавените куќи, потенцира Тодоров.

Нагласи дека договорено е да се отпочне со правење на комисии за проценка на штета која веднаш како се расчистува теренот, ќе врши проценки.

Тодоров потенцираше дека ќе прдложат до Владата прогласување на кризна состојба во траење од 15 дена во скопски и тетовски регион.

Најголемото невреме во последната деценија со трагичен биланс: МВР потврди за 15 загинати

Петнаесет лица го загубија животот во поплавите предизвикани од поројниот дожд и големото невреме кое вчера го зафати Скопје и околината, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за порталот Курир.

Според информациите од полицијата жртви се потврдени во Арачиново и областа, Сингелиќ и Стајковци како најпогодени места од невремето.

Во Ургентниот центар со тешки повреди примени се 11 лица. Повеќе детали ќе бидат познати во текот на денот.

Имено, од УХМР утринава информираа дека најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Скопје каде се измерени 93 литри на метар квадратен наврнат воден талог до 8 часот утрово.

Во Маврово наврнале 39, во Пожаране 28, Крушево 20,  Охрид 18. Во Ѓуриште за изминатото деноноќие се измерени 11 литри на метар квадратен, 10 во Лазарополе, 5 во Скопје – Петровец, два литра  во Тополчани и Берово и еден литар на метар квадратен во Куманово, Штип и Претор.

УХМР соопшти дека и денес подрачјето на Македонија ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер. Повремени врнежи ќе продолжат и преку ноќта. Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

БУГАРИЈА: Странски разузнавачки служби го користат невладиниот сектор за ширење влијание

Во одделни случаи се регистрирани обиди за “иницирање” на внатрешни проблеми кон и во Бугарија но и обиди за реализација на странски државни доктрини кои ги оштетуваат бугарските национални интереси, посочуваат уште од бугарското контраразузнавање во дел од извештајот, кој е посветен на активностите на странски специјални служби против интересите на државата, пренесува Вечер.

Странски специјални и разузнавачки служби ги користат невладини организации за формирање на влијание и за нивно дејствување во Бугарија. Ова стои во годишниот извештај на бугарската Државна агенција за национална сигурност “ДАНС”, пандан на македонската УБК, кој е официјално достапен за јавноста а го пренесе агенцијата “Бгнес”.

– Се зголемува користењето на субјекти од невладиниот сектор, како дел од применетиот комплексен алат за влијание и дејствување, пишува на страница 13-та од документот.

Во одделни случаи се регистрирани обиди за “иницирање” на внатрешни проблеми кон и во Бугарија, но и обиди за реализација на странски државни доктрини кои ги оштетуваат бугарските национални интереси”, посочуваат уште од бугарското контраразузнавање во дел од извештајот, кој е посветен на активностите на странски специјални служби против интересите на државата.

– Активноста на странските разузнавачки и безбедносни служи во текот на 2015 година кои се евидентирани и документирани во ДАНС покажуваат дека се во директна зависност од надворешно-политичките приоритети на засегнатите земји, како и со динамиката на геополитичките процеси на глобален план во регионите на Црно Море и Балканот, додаваат од Агенцијата.

Според документот, кој почнува со краток вовед на претседателот на ДАНС Димитар Георгиев, кој ја презеде Агенцијата минатата година, главните приоритети за 2016 година продолжуваат да бидат борбата против меѓународниот тероризам, екстремистичката и антидржавна активност, блокирање на работата и влијанието на странските разузнавачки и безбедносни служби и уништувањето на нивната мрежа и влијание преку невладиниот сектор.
Слични информации во домашната јaвност, соопшти и претседателот Ѓорге Иванов, кој во неколку од своите обраќања изјави дека има информации кои се базираат на докази а кои покажуваат дека дел од невладиниот сектор се користи како алатка во специјалната војна која се води со месеци се води против нашата држава.

– Во Македонија се води Специјална војна како дел од стратегиите за предизвикување на тензии и воспоставување на постојани политички кризи со технички влади за неможност во справување со закани и доведување во положба на потчинетост, изјави Иванов.

Според информциите кои нашите безбедносни и разузнавачки агенции ги доставиле во неговиот кабинет, станува збор за поединци кои се долгогодишни членови на неколку невладини организации.

– Автентичниот невладин сектор кој со години кондтруктивно придонесува кон решавање на голем број проблеми во општеството да се дистанцира од оние групи и поединци кои протестираат само за да профитираат, порача Иванов.

Слични информации соопшти и српскиот премиер александар Вучиќ, кој најави дека нема да дозволи “македонско сценарио’ во Србија, алудирајќи токмју на овој проблем, влијанието на странскиот фактор во домашните невладини организации и спроведувањето на нивните агенди, геополитички и стратешки интереси.